данчо се обидувам да го најдам со денови, или не е таму или е на пауза или незнам што.. ќе пробам уште еднаш утре ако не се јави може да иде у бестрага неможам да го молам човеков. инаку моделот го однесов и кај зиане, првично една госпоѓа го виде и рече ќе ме кошта околу 450 евра но ми рече накнадно да се видам со зиане. кога се видов со неа (услуга никаква) го гледаше моделот едно 5 секунди и како од пушка ми рече 45,000 ден. дојди по една недела да ги видиш материјалите. јас ваква и незнам дали ќе се вратам ... пред се не ми се допадна услугата бевме 4 во исто време, чекав, не одвои никакво време да ме праша што сакам да ми објасни за материјалите зошто толку скапо итн.
јас секогаш кога му звонам ми крева нема типот пауза а зошто не отидеш дирекно кај него после 15 слободно помини, ќе почекаш ако има луѓе и ќе си закажеш. Бар јас така отидов не му се јавував ништо предходно.
леле побудалев свадбата се ближи а ја абер немам прво за модел после кај ке шијам , не би сакала да дадам 500 евра или повеке и да ми го утнат последно слишнав за зијане !! некакви искуства ?????
Зијане ја фалат дека користи убави материјали и дека моделите се добро сошиени, но јас кога бев на првиот разговор се запрепастив од нејзиниот тотално незаинтересиран однос. Носев една слика од венчаница од Интернет, рече ја правела два пати, цена 450 евра. Не ми предложи ни да ја соблечам зимската јакна да види дали на мојата градба тој модел одговара, ни свој предлог да даде, и малтене ме измаршира од дуќанот. На толку избор во Скопје си реков само: ФАЛА, НЕ.
Јас мојот го шиам во Bella во Штип до сеа што сум ги гледала венчаници од таму се прекрасни и уави модели и предлози ти даваат и си имаш каталози според цената која ја сакаш мозе секој фустан да ти го направе за цената ти која што ја сакаш но со помалку добар материјал,еве јас на пример мојата венчаница беше 25 000 ден ама немаме толку пари си ја знам черката свекрвата ми рече до 18 000ден но јас се договорив за 12 000 ден а останатите ке си ги ставам во бовчата ке си додам некој партал
мене многу ми ја испофалија , многу убави материјали едно друго бла бла ама......... ако од нешто најмногу се нервирам и ме иритира е таков однос ко без пари да ми го дава аууууу , после коментарот не фала и јас
Мене на пример Зијане многу ми ја погоди венчаницата.Однесов слика од интернет и со мала сугестија од нејзина страна излезе супер а за материјалите сварно нема утка,кога ми ги извади незнаев за која попрво чипка да се одлучам,но како и да е кај секој е различно.Јас си добив тоа што сакав и бев презадоволна
оф мене зијане ко од шала ќе те чини 600 евра а јас ја сошив за 220 евра епа не е мала разлика. А и не ми е многу услужлива само името го плаќаш
Sestrami ja siese vencanicata vo Queen i bese prezadovolna, bas onakva kakva sto ja zamisluvase, epten i ja pogodija.
А за колку ја чинеш? Може да ми кажете какво искуство имате со Данчо јас сакам таму да ја шијам венчаницата...?
Неа ја чинеше 890 евра. Значи зависи кој модел ке го избереш и од каков материјал ке биде истиот, имаше и многу поефтини а и многу поскапи, зависи од тоа кој колку може да си дозволи, но сите беа совршени. А и синди креаторката е прељубезна, така да без сомневање ке ви помогне околу вашиот избор, може да изберете и поскап модел само од поефтин материјал и чипка а сепак да изгледа совршено. И мој совет да не си давате премногу пари за венчаница,бидејќи без разлика што еднаш во живот ја облекуваме тоа се само непотребен трошок, мислам кога станува збор за повисока цена. Ете на сестрами сега така и стои во шкаф неможе ама баш за ништо да послужи а сепак се дале доста пари. Така да не е битно колку пари ке биде, битно е да го избереш моделот кој најдобро ти прилега, да знаеш да ја носиш и да се чувствуваш пријатно во неа на тој еден. Па со среќа
секој ден се некој ми кажува некој добар бутик за венчаници (дизајнери како што љубат да се нарекуваат) најново слушнав за викторија маер ??? искуства
драги феминки најново ....да ве информирам дека другарка ми пред 2 дена си ја зема венчаницата од ателје барби тоа е до целестра ........уткаааааааа луге , и сега има 1 недела до свадба плаче се треска од земја утре одат за софија да бараат готови венчаници , леле зал ми е ке се разболи помагајте кај може да најде убава готова венчаница (ама бремена е |
а зошто и е утка? јас да сум на нејзино место не излегувам од местото додека не ми ја поправи како што треба, па пари се давало бе луѓе нема да спие ако треба ама има да ми ја направи венчаницата како што јас сакам. обично така и е договорот со шивачите...
запнала сака да си купи (лекарка е > и шубе и било незнам што како , се јавивме пред малку во кокев имале готови треба да отиде и таму да проба , сестра и живее во софија па и казажала дека има дукан каде за дупла цена го шијат за 2 дена ! си го искомплицира животот со тие таму неписмени а 850 евра фустанот на ништо не личи ко врека е нема врска со тој на сликата евтини материјали со еден збор катастрофа невидена , затоа феминки внимавајте добро што ова се случи пред ја да отидам таму не дај боже мене така да ми направеа ке им покажев ама лесно е да се збори , не дај боже да го снајде некму со да се прави јас закажав кај зијане во петок да видам како ке се испонаша , овде на форумот читав дека е арогантна ама од друга страна проверена е некако сите ја фалат а ја несакам да ми се случи нешто ко на другарка ми со неуки работа да си имам joelle ---се расправала таму ама мнооогу различно се испонашале од што до дека да и ја сошијат и викале е па сакаш модел од 1500 евра за 800 како сакаш да биде !!!!!! а 100 пати ги праша колку проценти гарантирате дека така ке биде , а они 100% ке пробам да ја убедам уште еднаш да отиде да им го тресне од глава , и ја ке отидам со неа па да видиме , ама тешко дека ке отиде мнооогу е лута
епа 800 евра не се плаќаат однапред ( патем луѓе како ви се даваат толку пари??) нели? јас мислам дека треба на нив да им се плаќа нешто авансно и остатокот кога ќе го завршат фустанот да не си играат со луѓето... незнам стварно како што велиш тешко е, ама да платам 800 евра за нешто што нема да го носам и плус да доплаќам за друг фустан?? ужас. се надевам само дека другарка ти нема да се нервира премногу
Е убаво, ако е смотана нека се нервира додека е бремена, за глупости, така им е кога избрзуваат, од 800 евра фустан, што не земала од 2000 евра па и пред време да ги плати, не ми се верува. Нека оди кај истите да и го преправат, а и зошто го земала ако не и се допаднал, требала веднаш да реагира. Треба одма да праша за корекции и да престане без потреба да го ризикува здравјето на бебето кое го носи. Јас мојот фустан го земав од Дива венчаници, тоа беше втор фустан кој ми остави впечаток, дадов капар 50 евра, останатите ги дадов кога го зедов фустанот, ме чинеше 310 евра. Не беше некој многу накитен, но беше необичен, несекојдневен и тоа ми се допадна кај нив, што фустаните им се секој различен од другиот. (За разлика од нив, пред да го направам изборот, бев и во венчаници Лидија и се разочарав, од толку фалења на форумов, погрешив што отидов кај нејзе, сите фустани ми личеа еден на друг, немаше ништо уникатно, скоро секој направен на сличен начин, само различен материјал. И кога почнав да комбинирам од два фустани, жената почна да ме убедува дека така нема да било убаво, а желбата ми беше само горниот дел да не биде со чипка како на понудениот, туку како чипката-гравура на друг. Па нема она да го носи, јас ќе го носам.) На крајот некако бев скептик, ама па баш беше по мој вкус и коментарот на сите беше дека венчаницата ми била многу убава и делувала раскошно и грациозно . Го направив вистискиот избор. Ви посакувам на сите да ви се погодат фустаните. И немојте премногу да фантазирате, да гледате по интернет и да мислите дека ќе ви стои баш како на манекенката од сликата. Сликите само ќе ви ги зголемат очекувањата и затоа после се разочарувате. Треба да бидете реални во очекувањата.