Рајна, само закана со инспекција - она што другарка ти го нарачала (ваљда си има слика како сето тоа требало да изгледа) не соодејствува со финалниот производ, и молим лепо - или и` ги враќаат парите за да си купи нов од каде сака, или да и` го доправат и средат во најбрз можен рок. Тие проценители да не се, па утврдиле дека фустанот од сликата вреди 1500?? И демек ќе пробаат да го направат за упола цена...оф мори мајко! Оставете ги нека мрчат „колку пари - толку музика“, тие мора да си го заштитат бизнисот, ама и другарка ти има право да побара да ја заштити законот. Со среќа и нека не се нервира, читам има попаметна работа заради која треба да остани смирена
па навистина треба да се внимава од каде се нарачува не е само до името али 800 евра за венчаница па јас три ке сменев и кусур ќе имав и плус за да ти ја утнат. Па јас ќе ја убијам на лице место. Инаку јас каде што ја шијам пари не зема пред време кога ќе си ја земам тогаш си плаќам, и те враќа на проба се додека не бидеш целосно задоволна,кога си ја пробував си кажував сакам тука потесно тука пошироко а тој е должен да ги исполни моите очекувања. Во спротива бесам
Јас денес ја имав конечната проба за венчаницата и баш сум задоволна како испадна Ќе платам кога ќе ја земам, до сега само капар имам оставено, и мило ми е што сето се заврши без многу нервози.
И јас мислам дека треба да се пази кај се оди, и да не се гледа само на тоа дали се име. И првпат слушам дека негде се даваат однапред пари. Нормално дека на крај на ништо нема да личи венчаницата. Барем тоа е мое мислење. Јас за мојата дадов капар од 50 евра, за да се купи материјалот. Инаку мора да пишам дека многу се изненадив од коментарот за бутикот Лидија, бидејки јас сум презадоволна од нив, како што имав и претходно коментирано. Инаку за моделите нормално секој си ги прави по нивен вкус,ама барем денес сите можеме да идеме со наши слики како сакаме да ни изгледа венчаницата и да си го бараме токму тоа.Бидејки секој си има свој вкус и неможе на секој да ни се погоди. Инаку искрено и мене ми рече нема ова да ти стои најдобро, и јас не ја послушав, но на крај зажалив и жената јадна ја преправаше скоро цела венчаница само да ми удоволи. Такада јас никогаш не би го сменила моето позитивно мислење за неа, и пак би ја препорачала на секој. П.С - Секој може да каже дека несака сугестија дали ке и одговара венчаницата или не, и дека ја сака онака како што ја покажала на слика или ја опишала.
јас многу го ценам тоа кога шивачките или дизајнерките испаѓаат со свое мислење дали моделот ти стои или не, тие најдобро знаат и ако ти дава совет значи дека колку толку се грижи. кога бев кај зиане имаше едно девојче со големи гради широки колкови и ниско, а одбрала сирена модел со чипка знаете оние кои што стојат прекрасно на 2метра прекрасни манекенки ... сметав дека некој треба да и каже дека тој модел нема да и стои бидејќи на крај кога ќе се погледне во огледало нема да го види тоа што сака и пак ќе биде крива шивачката...
Жоел и јас ќе бидат сирена со 165 цм ,ама убаво ми личеше па Се зафркавам. Инаку и јас се согласувам со тоа,и малку им замерувам во Жана што сугестии многу не даваат,туку слушаат што сакаш ти тоа.Од друга страна пак,ако дадат сугестија може на девојката нема да и се допадне на крај па они ќе испаднат криви ! Јас очекував заедно да го избереме моделот за мене,а они само ми дадоа се да пробам од венчаници и јас да се одлучам за крај. Многу треба да се внимава,не е само лупни парите,името и ајт.Ете јас од прва проба сум презадоволна од Жана ,а на золва ми не и го погодија,и по 100 отидени проби! И јас првпат слушам да се плаќа фустанот пред да ти биде готов,се дава само капар. Многу пари се во прашање,па внимавајте да не има плачки на вашиот најубав ден.
феминки се конечно другарка ми си зема поголем дел од парите , као и задржија нешто за материјалот ама добро помина , си бендиса венчаница готова во кокев и се реши некако после тооооооолку расправии и плачки , ама тоа благодарение на мајка и која се умеша у целата работа отиде таму лом ги направи и така , јас бев еднаш и толку се арогантни и глупави што дури неможев да се спуштам на тоа ниво да се расправам. до дека другарка ми била таму последниот ден нека се јавила на телефон се расправала со нив околу нешто ама другарка ми не разбрала што. значи запамтете ателје барби никако!!!! (па и име ателје си стаиле ). јас погледнав нешто во коев за мене иако има време доста , ми се бендиса ке видам што и како на др места па кога ке одлучам каде ке пишам
Незнам дали сте слуснале за Јасмина, шие венчаници, а сестра и се останато. Кисела Јабука или така нешто им се вика населбата. Тоа што го видов на ФБ, изработени се перфектно! Без да знам дека се од неа, имам видено 2, кој подоцна разбрав дека она ги шиела, невестите беа презадоволни. И не да не се скапи, него незнам... 300 евра најмногу, јас и пратив 5 слики, дел од оваа, дел од онаа, јас самата не се разбирам, она ме разбра, хахахаха! А она истото горенаведено ателје Барби, не се првите... Братучетка ми им ја лупна од глава у очи свадба, тоа на се личеше само на фустанот не личеше. Им се испозакани со инспекции и што ми ти не, па и го поправија, значи знаат да шијат ако им застанеш на врат... Ама нервозите, милион. Јас се мислам за женава, сега прво ќе шијам кај сестра и фустан, па ке видам, незнам... А јас и од Данчо се разочарав, 2 утки имам видено страшни од него, и тоа на девојки градени како кукли од излог... А мене со граден кош од 130 цм којзнае што би ми направил, хахахаха!
Јас шиев во Студио Дизајн во ГТЦ, ја зедов венчаницата пар недели пред свадбата, без нервози, и сега се чека уште денот Е сега само не треба да сменам на килажата... и да најдам чевли
Девојки , ми треба мислење за бутик Маријаж во Мавровка...сака да шијам венчаница - модел сирена со чипка, па некако таму ми се виде најсоодветно...ми треба искуство за да се одлучам. фала однапред
Дечки јас сакам да прашам дали некој има искуство со Жан Мари бутиков во Бунјаковец за венчаници што е????
шетав по бутици з авенчаници изминативе 3 дена и имам само еден коментар немаат мозок .....цени ненормални 700 800 евра па дали знаат колку се 700 евра а моделите за кои прашував не нешто посебно , бирав модели онака пообични за да не се многу скапи. во зиане сите ги фалат материјалите мене ми се баш како на сите други места (жана квин целестра / наредна недела сум во кокев па ке видиме што и како ке кажат таму , очекувам страшни цени и ке бидам приморана во мавровка да отидам од сите кај бев жана ми беа онака нај ок ама се некако инсистираат на корпа незнам зошто????
Овој фустан подоле на една познаничка во Жана и го шијат за 500 евра. Прво и рекле 450, но подоцна кога договарале за цирконите и избрала поскапи циркони и излезе 500 евра.
претерано многу !!!!!! 500 евра аууууууу за ваков модел!!! и смешни ми се со она ...ако сакас сваровски алоооо кој сваровски лажат !!!!!
Јас пред некој ден бев со другарка во Кокев, Жана и сите попознати на име бутици. И потврдувам дека немаат мозок. Во Кокев и рекоа 800 евра за нејзиниот модел и тргнавме да си одиме. И незнам дали ке ви се верува и рекоа добро штом ти е многу ке ти го сошиеме за 500 евра. И она кога слушна коса и се крена и само вика не фала и пријатно. Да намалиш цена од 800 на 500 евра, значи дека од еден фустан заработуваат премногу. За истиот модел во другите и бараа по 500 евра, и она на крај се реши да го шие во Мавровка за 350 евра. Не сакам никој да наврадам, но незнам зошто се лажете и плаќате по 200-300 евра за име, кога истото ке ви го сошијат и на друго место но многу поевтино. Инаку имам слушнато од многу луге, дека скоро сите бутици ( и попознативе и тие од мавровка) земаат материјали од исти продавници. Такада нека не лажат дека користат некој посебен материјал, кога тоа е еден ист материјал за сите бутици.
леле не ми се верува безобразлук аууууу еднаш 800 еднаш 500 а ?? браво инаку што се однесува до материјалите стварно тука некаде се сите ама мене ми е страв од тоа дали ке го изработат ко што треба , сум видела невести со убав материјал венчаницата ама виси , или шири некаде , сепак е венчаница и треба што се вика марифет да се напраи али и не до толку за 800 евра а каков бесше моделот на другарка ти ????
мојот е сличен значи и ја да очекувам во кокев 800 евра , или да им мрчам па да ми намалат на 500 моја психолошка граница за венчаница е 550 евра еве 600 да речеме ама многу ми е 600 . инаку моделот е прекрасен на другарка ти марина мнооогу добра венчаница