Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде ја шиевте вашата венчаница?

Дискусија во 'Свадба' започната од mkgirl, 14 февруари 2011.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Во Жана инсистираат на корпи и искрено тоа беше главната причина што се откажав. Блиска пријателка имаше таков фустан, едвај седеше за време на церемониите, на оро корпата се мафташе, и на крај на сред вечера отиде и ја извади корпата.
    Јас имам тул наместо корпа, ама тоа е возможно самоо за А-линија. За оние Princess широки венчаници мислам дека не може да се избегне, бидејќи таа ширина со тул не може да се постигне (или барем не без да тежи премногу).
     
  2. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Baш ме интересира која цена ке ти ја кажат на тебе, зожто гледам цените од ракав ги вадат :D
     
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    дарси кажи ми а ти имаш ли пробано венчаница само со тул ??? мене на многу места ми имаат кажано дека е многу течко за движење за играње, бидејки се многу слоеви 7 8 колку незнам и ја !!! исто ми кажаа дека сега има такви корпи некои ко еластични бла бла и дека не е проблем со нив да се седи
    колку сте информирани околу ова и искуства ????

    марина ке пишам одкога ке се вратам од кокев колку ми кажале :lol:
     
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мојата венчаница е само со тул, но одев на блага А-линија, па не е со премногу слоеви. Двете мои најблиски другарки исто само со тул имаа сукњи, и двете ми препорачаа така и јас да направам. Дополнително, дизајнерката која на крај и ми ја направи венчаницата самата рече дека и да и барам, не би ми ставала корпа (цитирам: невестата оро води на една страна, сукњата на друга :) ), па и немав двоумење на крај.
    Во Жана пробав и да седнам, успеав, но и самата продавачка таму кажа дека треба на ивица да се седи, не може на цело столче. Е сега на пр. во кола не знам како тоа би изгледало :) Малце чудно ми падна што за една од сликите што носев во Елена Лука, кај Зијане и Студио Дизајн рекоа дека не треба корпа, во Жана инсистираа дека мора :?:
    Е сега, за фотосесија веројатно широка сукња со корпа пораскошно би изгледала.
     
  5. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    ги читам коментарите на девојки кои отишле во жана и сите кажуваат некои разумни цени само мене ми кажаа 700 до 800 евра :( а моделот искрено нема ништо рачна изработка нема ни чипка малку некои цветови нешто малку бордура и тул !!!! 700 евра , незнам што да правам
    или мене така ми се чини или некако последниве 3 месеци ко да поскапеа венчанициве????? :fubar:
     
  6. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Девојки дали знаете некој што шиел во Селестра? Се мислам меѓу Кокев и Селестра, во втората некако ми се поубави матерјалите :( споделете искуство
     
  7. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    јас шиев таму и сум многу задоволна како испадна фустанот..Жените се многу фини и многу се потрудја околу мене...
     
  8. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    немам шиено ни ваму ни таму но бев во разгледување и на двете места , секој си има мислење нооооооо ако имам некое најнегативно мислење во однос на понашај тоа е селестра. може жените се фини но шо имаше еден маж(газда ли е шо ли е ) попокварено препотентно и умислено створење немам видено , не измерка убаво као чекај да видам дали можете да шиете кај нас као да е он вера ванг мислам ало. друго имаше една невеста на проба и сега ја гледам невестата нешто не и штима сакала некој друг тул овој ко да и се дере ке ја затепа ...незнам многу негативно искуство мнооогу
    а кокев се професионалици до максимум , сега цените се такви ко шо се али работата им е на место исто и квин единствени се онака најпрофесионалини ...и до некаде можеби жана.
     
  9. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    види...за газдата апсолутно се сложувам, ама јас можеби имав срека...мене ептен ми обрнаа внимание и тоа за најситниот детал... и затоа не можам да кажам ништо лошо за шивачките...

    веројатно најдобро е да отидеш и на двете места, па да видиш каде тебе ке ти одговара повеќе и како ке се понашат према тебе

    а инаку, во процесот на барање бев и во Кокев, и таму добив многу добар впечаток, беа пријатни, услужливи...само што веке го имав избрано моделот и се одлучив за првите...
     
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    моли извини ако може едно недискретно прашање но може да ни кажеш каква венчаница шиеше и колку те чинеше? јас во селестра не сум била затоа што имам слушано дека е прескапо а материјалите што ги гледам навистина се убави па би сакала да слушнам мислење од некој што навистина шиел таму.
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.966
    Допаѓања:
    123.560
    Во Селестра стандард имат таков однос,нека не ве чуди,а тој мажот мислам дека е газдата.
    Интересно е што дргарка сакаше фустан од таму,и се допаднал од излог,ама кога прашале некои девојки им кажале 800 евра.И беше многу па се откажа.
    За некој ден моја колешка на која не и се веруваше дека навистина е толку скапо,влезе и праша за истиот,внатре беше мажот рече 500 евра.
    Е,ај сега :^)
     
  12. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    за скапо, дефинитивно е скапо... 700е за цел фустан чипка...
    среќа што испадна навистина добро, па некако ја преболев сумата :)

    инаку колку што гледав тогаш, пред неполна година, од тие што им беа изложени... немаше фустан под 550-600е... што за некои модели сметам дека беше премногу..
     
    На Sunnny и joelle им се допаѓа ова.
  13. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    после 1 напорен месец гледање и пробување венчаници , симнување од нет и слично одлучив или квин или кокев . ајде помогнете девојки ????? :o
    искуства и споредби :*
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Ако не ти е проблем цената, јас би ги избрала Кокев. Нивната работа и материјалите ми изгледаат некако попрефинети, за разлика од Квин кои ми изгледаат или ефтино или кич. Сепак, за вкусови се работи.
     
  15. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    нема да ви се верува но мојата венчавка со сите тарсанати моравме да ја организираме за 8 дена. ( од икс причини ) и така бидна. Од ресторан до фотограф, од цвеке и бурми до фустани и одела се за една недела..... Па искрено, мојот фустан мораше да се сошие за два дена - третиот ден е свадбата и само еден салон во Мавровка се нафати и тоа за 300 евра. А не беше простичко фустанчето... со чипка во целиот горен дел, сатен и жоржет доле, циркончиња за украс.. Ма бомбонче испадна за мали пари..
     
  16. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    па искрено цената е потполно иста , само кога ке отидете во кокев во салон и во квин во салон незнам зошо така али у квин изгледаат поубави :o , сепак од друга страна као кокев е кокев нели ..уф незнам :?: ...ајде и некој друг искуства :lol:
     
  17. happy1901

    happy1901 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    јас си го капарив фустанот во Маријаж во Мавровка...само малку ме збуни терминот...ми рече да одам на прва проба дури околу 10- август, иако и кажав дека свадбата е на 1-ви септември! не мислите дека тоа е многу малку време за шиење?
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Не е малку, ним не им треба повеќе од недела дена за шиење на венчаница. Гледај после тоа да договориш барем недела пред свадбата да ја добиеш.
    Со среќа ;)
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.966
    Допаѓања:
    123.560
    Најверојатно се зафатени ,затоа,меѓутоа и јас сметам дека е малку.Јас на прва проба бев 2 месеца пред свадба,бев и на втора и сега треба да си го земам.
    Инсистирај барем месец,месец и пол да биде порано,од причина што може да испаднат некои непредвидени работи,да имаш простор за корекции,да нема нервози пред свадба :)
     
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Не е малку, нив стварно не им треба многу време за да ја направат. Намерно терминот за проба го темпираат што поблиску до свадбата, за да немаат многу отстапки во величината (на пр. да се здебелиш или ослабеш пред свадбата).