1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Казан типи

Дискусија во 'Рецепти' започната од kallias, 16 мај 2012.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Денес го направив овој рецепт драги мои, кој е од турско потекло и засега е најпознат во Турција и во Грција, за Македонија сеуште не сум слушнала дека постои и го прави некој/а, а и во некои други земји. Слично е на крем Бруле, но малку поинаку и прелесно за правење, па ете би сакала да ви го споделам рецептот ако сте расположени секако ;)

    За кремот
    2 литра Млеко
    500 гр.шеќер
    3-4 ванилин шеќер
    200 гр.нишесте
    400 гр.млеко или вода

    За горниот слој
    1 белка од јајце
    1 лажица шеќер
    малку сода бикарбона

    Се мутат со миксер белката од јајцето, 1 лаж.шеќер и содата, да се добие цврста маса, како шлаг пена. Ја сипуваме смесата во едно тавче димензии 22х32 и ставаме во загреана рерна да се пече околу 10-15 мин.на 200С, притоа да внимаваме да не изгоре, треба да добие едно темна кафеава боја. Кога ќе биде готово, го вадиме од рерната плехчето и го оставаме настрана да се олади.
    Во меѓувреме го припремаме кремот. Млекото со шеќерот и ванилите го ставаме во тенџере да се загрее колку да се стопи шеќерот, не да зоврие. Во друг сад го мешаме добро млекото или водата со нишестето, го додаваме во загреаното млеко со шеќерот и мешаме се додека не се згусти, откако е готов кремот, го додаваме во плехчето со претходно испечениот фил/слој како сакате наречете го :lol: го оставаме да се излади и потоа го ставаме во фрижидер добро да се стегне неколку часа. Го сервираме благото обрнувајќи го наопаку, темниот кафеав слој треба да биде одозгора.
    Добар апетит :P
    едно
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    ми изгледа вкусно... во прва прилика кога ќе имам време морам да го направам и вкусам :D :) :^:
     
  3. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    Kallias прекрасно изгледа сето ова сигурна сум дека е вкусно само сакав да те прашам бидејки низ интернет разгледував малку за овој десерт гледам состојките се поразлични од твоите оригиналниот рецепт е во него да има брашно од ориз не се става многу ама битно го има млекото би требало да биде со голема масленост а горниот дел што би требало да дојде врз кремот гледав дека тавата се намачкува со путер и тоа многу и одозгора се става шекер во прав и малку во фриждер едно 5 -10мин и откако ке се извади врз оваа се става филот и на рингла се вари се додека смесата од доле не се карамелизира ете пробај и вака и јас се готвам овие денови да го направам само да си купам брашно од ориз.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Вакво имам јадено кај албанци. Изворен рецепт е со млеко од биволица :D а тие го прават од многу мрсно млеко (незнам баш точно го бијат млекото го собираат мрсното...нешто така беше) и искрено не ми се допадна воопшто, ќе повратев.
    А во Турција исто така имам јадено по хотели и нивното е по лајт и се голта некако ама не ми е нешто по мој вкус.
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    lily-prune точно има повеќе видови рецепти за ова благо, сепак јас се одлучив да ви го постирам најлесниот и најбрзиот рецет, воглавно и најефтин, 3 во 1 што би се рекло :D . Има некои рецепти каде што горниот слој се прави со карамелизиран шеќер, филот наместо нишесте со брашно од ориз, така да не е грешно кој и да го изберете рецепт, воглавно сите се вкусни, ако сте обожаватели на кремови од ванила, пудинзи и такви работи, тогаш дефинитивно ќе ви се допадне, нема да погрешите ;)
     
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Тоа све зависи на кој начин ќе го правиш, си треба и техника за овој вид крем/благо, а секако и до вкусот си е, сите не може да имаме исти вкусови, ете тебе лично не ти се допаднал, јас пак го обожавам, цела тепсија со мм можеме да изедеме, значи во таверна кога одиме и за десерт ако ни дадат од казан типи и чинијата ја лижиме :lol: :D Така да, се си е до вкус, тука во Гр.кој и да прашаш нема некој да ти каже дека не му се допаѓа :)
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Јасно, за вкусеви не се дискутира
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Казан дипи може да најдете во Рамстор, ама не би знаела да ви потврдам за вкусот, не сум го пробала :) Иначе ми беше омилениот десерт кога живеев во Грција, покрај тригона панораматос :wasntme: