1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Казна за невистинитост во рекламите

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од baba Rada, 1 август 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Гледав реклама на топ шоп за еден препарат, поточно крема за слабеење и ..така гледајќи, почна притисокот да ми се крева:fubar:.. зарем толку ли мислат бе оние што ги смислуваат рекламите дека сме глупи и наивни, зарем може за 10 мин откако ќе се намачкам со тој нивен чудоотровен крем дека ќе ми се намали обемот на струкот за 10 см(facepalm)....сфаќам реклама, маркетинг, продажба...ама усул да се има, да не се лаже до толку:punch:

    Многу реклами немаат везе со тоа што го рекламираат, далеку се од квалитетот, опасни се по здравјето...служат само за богатење на некоја компанија...
    Мислам дека би требало да има КАЗНИ за реклами кои пропагираат невистина, кои лажат за својот производ и пласираат невистини во јавните медиуми..па да ги видам тогаш:!:

    Што мислите вие, треба ли да се воведат некакви казни или некои мерки за давање на лажни реклами?
     
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Многу сериозно ги разбираш рекламите..:|
    Неможе струкот да ти се намали 10цм за 10мин. Али со редовно користење на гелот. Кожата ќе ти се навикне и ќе се намалува постепено. :D