1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Казна

Дискусија во 'Правни совети' започната од Tina.d, 23 април 2013.

  1. Tina.d

    Tina.d Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира при сообракајна несрека во која лице го изгубило животот во кое удрило возило чиј возач бил во пијана состојба,каква казна му следува на возачот,односно колку време казна затвор?
    Благодарам.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.565
    казна

    Не сум правник, па не знам точно колкава е должината на затворската казна, ама едно имам разбрано во оваа наша прекрасна држава, за вакви случаи, главно е колку е моќен статусно, финансиски и секако возачот и според ова најмногу ќе се оцени исходот.
     
  3. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    казна

    зависи како ке го осудат.Чичко ми бог да го прости што го загуби животот во собраќајна несрека ,тие што ја предизвикаа си лежеа само една година.Што е премалку за толку прерано згаснат живот.
     
  4. Tina.d

    Tina.d Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    казна

    ima li nekoj pravnik da mi odgovori na ova prasanje?
     
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    665
    казна

    Неможе правник да ти одговори на ова прашање, за тоа што важни се многу околности и битни се многу доказни срдства.Кривична е, не граѓанска за да се зборе на памет. Така да тоа може да си го цене само судот, и секако како шо кажа некој погоре, зависи и од финансиската ситуираност на лицето. Кај нас важи за пари се се може
     
  6. Tina.d

    Tina.d Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    казна

    Па добро сигурно има некаков закон од-до,на пр. се кажува за такво и такво дело се добива казна затвор од пр. 6 месеци до 1 година.Е сега колку точно се разбира зависи од околностите,јас не барам точно колку време туку колку е казната ,,како сто наведов во примерот од-до,?
     
  7. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    казна

    Тина, по ова што го наведувате станува збор за кривично дело "Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот" чл.300 ст.2 од Кривичниот Законик на РМ, бидејќи (најверојатно, многу малце податоци наведувате) станува збор за смрт предизвикана со прекршување на сообраќајните правила и прописи од страна на возачот, кој бил во алкохолизирана состоја.
    Работа на кривичниот суд е да ги цени сите факти и околности, особено вината на возачот, а и секако придонесот на самата жртва (доколку има се разбира) !!!!
    Што се однесува до висината на казната основна разлика е дали судот ќе најде дека делото е извршено со умисла (во случајов евентуална), или од небрежност. Доколку најде дека сторителот делото го извршил со умисла ( бил свесен дека е пијан, и бил свесен дека може да настапи штетна последица, и покрај тоа се согласил да вози пијан), во тој случај казната за ова дело е најмалку четири години.
    Исто така кривичниот суд со пресудата со која би го осудил сторителот, би го упатил оштетениот на граѓанска парница, заради утврдување на надоместот на целокупната материјална и нематеријална штета.
     
  8. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.785
    Пол:
    Машки
    казна

    Основниот член за убиство е овој
    Убиство
    Член 123
    (1) Тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
    (2) Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што:
    1) друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин,
    2) друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство,
    3) друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност животот на уште некое лице,
    4) друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди,
    5) друг ќе лиши од живот по порачка,
    6) ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно лице и
    7) ќе лиши од живот судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на неговата функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.
    (3) Со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој кој со умисла ќе лиши од живот две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено, освен ако не се работи за кривични дела од член 9 став (3), член 10 став (3) и членовите 124, 125 и 127.