Казнувачот (The Punisher)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Stephen Amell, 21 ноември 2017.

  1. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    10.519
    Пол:
    Женски
    По убиството на неговото семејство, ветеранот Френк Кесл станува познат како "The Punisher", кој има само една цел - да ја одмазди својата фамилија. Откако неговата одмазда ќе заврши, военото минато на Френк се враќа.

    Доколку го имате гледано Daredevil, јасно ви е за кој станува збор. Серијата има акција, криминалистички заплети и завери, а воедно прикажува како војната делува на војник, во случајот The Punisher.

    Серијата се споредува за една од најдобрите во продукција на Netflix/Marvel. Оцена од IMDb има 9.3.

     
    На PaLaVa, Victorian, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    110.469
    Три епизоди изгледав и ми се допаѓа. Главно ми се допаѓа зошто има многу сцени каде си се тепаат и која од која е понасилна, покрвава. I like that. :lol:
     
    На Victorian, Bender Rodriguez и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  3. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    Предобра серија. Одлична приказна, одлични актери, целата серија е ОДЛИЧНА.
    Уште од ДД Панишер ми стана омилен. Целата негова приказна е трогателна и уште во ДД не можев против него да навивам, омилен "антихерој".
    Многу крв, насилство, тепање, најдоброто од Марвел според мене. Netflix со сооработкава со Marvel, уште од почетокот со Daredevil, па Jessica Jones, Luke Cage, Iron Fist, The Defenders, постави високо ниво, плафон, кое CW со DC comics (Arrow, Flash, Supergirl) не можат да го достигнат.
    Ја препорачувам на сите кои сакаат ваков тип на серии, и препорака прво изгледајте ја ДД( 2 сезона е со Панишер), за убаво да навлезете во приказната.
    Од мене 10/10.
     
    На PaLaVa, Victorian, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    10.519
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав 6-та епизода. Последните две некако не ми беа на ниво како првите, ама сепак, навистина вреди да се изгледа.

    Незнам каква одбивност имам кон Карен, ама актерката ја мразам уште од Daredevil. Има нешто во неа, што ме тера да ја мразам.:|

    Намерно си одолговлекувам со серијата за да подолго ми трае.:wasntme: Дефинитивно серијава е подобра од Daredevil, Iron Fist, Jessica Jones и Luke Cage. Ми се допаѓа тоа што ликот е ладнокрвен, и убива без око да му трепне, а музиката напочетокот е стварно the best, си ја ставив на рингтон. Ме копка крајот.:wasntme:
     
    На smooch му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    И јас ја изгледав. Баш ја препорачав во соодветната тема, мене ептен ми се допадна.
     
    На Bender Rodriguez и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    110.469
    Guilty Pleasure ми е.
    [​IMG]
    :tmi: :inlove:
     
    На Stephen Amell, Victorian и smooch им се допаѓа ова.
  7. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    10.519
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав 10-тата епизода, и Карен можам да ја прогласам за актерка што ми е најантипатична. Незнам зошто мора се да се врте околу неа, ама актерката ја расипува серијата со самата нејзина појава. Околу сто пати во епизодата си реков нека умре веќе еднаш. Е стварно не ми е јасно како сите суперхерои се лепат за таква антипатична особа.

    Мадани е актерка за пример, актерката предобро глуми, а и не верува на никој. Не е глупа и наивна, брзо свати дека Били Русо ја лаже.

    Уште 3 епизоди ми останаа, само Карен да ја убијат, и серијата да си има убав завршеток.:$
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    110.469
    Јас би го оставила Били Русо да ме
    лажи. :P
     
    На Stephen Amell и smooch им се допаѓа ова.
  9. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    Карен мене од ДД ми беше најантипатична, не можев да ја поднесам, едвај ги гледав сцените со неа. Ама овде морам да признаам подобра ми беше, има хемија со Френк, мили ми се заедно, многу ми е како маченце со неа, се обидува да ја заштити.
    И со Френк има многу подобра хемија, отколку со Мет.
     
    На Tiki-lolipop и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  10. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    10.519
    Пол:
    Женски
    @theowndemon значи дефинитивно си заљубена во актеров.:rofl: Морам да признаам, баш се срцки со Мадани.:P:rofl: Се шалам, твој е.:lol:

    @smooch можеби е до мене, толку многу го засвиѓав Френк, што почнав да љубоморам на Карен.:| Абе сигурно не е до мене, на актеркава и погледот и е антипатичен.:!: Да можам од телевизорот ќе ја извадам и ќе ја задавам.:nod:

    Инаку на гледалица само до десета ја има со превод, вие без превод гледавте?:wasntme:
     
    На theowndemon и smooch им се допаѓа ова.
  11. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    Јас од торент ги симнувам, со англиски превод гледам.
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    110.469
    Со англиски превод на Нетфликс ја гледав јас, инаку ме да сум заљубена во Били Русо ама во серии ликови како него ми се доста атрактивни. Не е неговиот лик, колку што е тоа што го прави. Френк ми е многу чуден, личен е, добро глуми, ама пак се што прави го прави во име на доброто макар да се работи за убиство и то искрено ми е мех. Кога веќе убиваш, кажи си како што е. Иако морам да признам последните епизоди кога се давеше во сопствена крв останав подзината од глумата. Буквално како таму да бев дур се случуваше.
    За Карен сум неутрална, према мене не е ни во главни ликови, баш споредна ми е, па не ми смета.
    Медани ептен на срце ми е.
    Можам да кажам дека Медани ми е омилен лик, а тајно ми е Русо.
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    10.519
    Пол:
    Женски
    Последните три епизоди се ПРЕДОБРИ!:o

    Серијата ми оди во топ 5. Чекајте не ми текнува што прво да искоментирам.:rofl:

    Ролинс е толку голем piece of shit, човекот е толку крипи, и мило ми е што умре на таков начин. Уживав додека Френк го бодеше ножот, да не зборам за очите.:rofl:

    Малце не ми беше јасно зошто Били го ослободи Френк?:^)

    Мадани - актеркава ми е пресрце. Кога ја рани Русо, ваква бев.:o Океј, ваква глумица не се умира!:!:

    Дејвид Либерман - човекот е пресрце. Си стое на зборот, и знае кога е вистинско време. Препаметен.:inlove:

    Били - за човеков немам зборови. Толку е пресекси, што незнаеш дали да го сакаш или мразиш.:rofl: Реално човек никогаш да не си посака ваков ,,другар".:!: Во борбата помеѓу него и Френк, незнам дали повеќе навивав за него или за Френк.:rofl: Толку е злочко, што тоа те тера да го засакаш повеќе, за убавината да не правиме муабет.^_^:inlove: Кога го покажаа целиот во завој, си реков во себе:-Ој душа.:( Важно е жив бе, ќе се лигавиме на него и во втората сезона.:rofl:

    Френк - од каде да почнам.:smirk: Подобар актер нема да сретнам.:inlove: Човекот толку се соживеа со улогата, што мислев како се навистина да се случува. Неговите убивачки вештини и добро осмислените планови ми се чиста 10-ка! Посебно кога се давеше во крв, е тогаш е најубав.:$

    :inlove::inlove:
    tumblr_owyj2utBe61qd49gbo1_400.gif

    Оценка 9,5.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    Ќе го има Били и во 2 сезона, изгледа ќе биде Jigsaw, непријател на
    Панишер.
    c65a424531853e17b94be63613f76c9de38e4082.jpg jigsawbanner.jpg
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    Се знаеше инаку од самиот почеток дека он е Jigsaw, дека во самите стрипови Били Русо е Jigsaw, затоа беше сосема очекувано дека ќе го предаде Френк и дека ќе му се случи нешто што целиот треба да биде со лузни.
     
    На theowndemon и smooch им се допаѓа ова.
  16. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    Јас не го знаев тоа...:o
    Таман изненадување ми беше тоа што му се случи.:D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    10.519
    Пол:
    Женски
    Од ваков лепотан:
    tmp_FiMx1C_defc914eae7ff896_billy-russo-2.jpg

    Човекот стаса до ова:
    d905a57f-d795-49c9-8659-4cfa79424be2-episode-13-jigsaw.jpg

    И ќе го направат нешто како ова?:o
    gallery-1479905046-screen-shot-2016-11-23-at-124331.jpg

    Од лепотан ќе направат чудовиште.:@ СРАМ ДА ИМ Е!;(
     
    На Victorian, smooch и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    110.469
    Jerome во Gotham баш посекси беше без лице, јас мислам дека Russo мене уште попривлечен ќе ми стани.
    Излезе психопатското од мене?
    Ај не кажвајте на никој.
    :tmi:
     
    На Stephen Amell и smooch им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.745
    Пол:
    Машки
    Кога слушнав дека ќе се снима посебна серија за The Punisher, едвај чекав да излезе. На крајот на краиштата, он беше најдоброто нешто у втората сезона на Дердевил, без разлика дали у него гледавте херој или негативец.

    Арно ама, снимањето на stand-alone серија за The Punisher со себе носи неколку неизбежни проблеми. Прво, Френк Кесл е осаменик, груб и ќутлив тип, без пријатели. Таков беше во Дердевил, на пример. Неговото присуство се состоеше од мачење и убивање на криминалци. Ама во тоа лежи проблемот – малце е тешко да снимиш серија од 10+ епизоди за тип што не збори – а сцени од него како си ја чисти пушката и убива луѓе (макар и на најкреативни начини) неизбежно ќе им здосадат на гледачите после неколку епизоди. Решение на овој проблем беше уфрлањето на Дејвид Либерман.

    Друг проблем беше изборот на негативци во серијава. Френк Кесл се соочува со духовите од своето минато, тнр. агент Оранџ и група на други воени лица кои учествувале во криминални дејства за време на неговото служење во Авганистан. Во втората сезона на Дердевил, кога Френк убиваше криминалци и мафијаши, гледачите можеа да уживаат во насилството без грижа на совест – овие луѓе го заслужуваа тоа, велеше социопатот во нас.

    Во серијава работите се малце поинакви. Проблемот е што луѓево се наоѓаат на позиции во владата на САД и што при соочувањето со нив, Френк ќе биде приморан да се спротистави и на обични државни службеници – војници, агенти, сеедно – луѓе кои едноставно си ја работат работата и поради тоа, нема да може да ги убива. (Убивањето на американски војници сѐ уште не е socially acceptable у Марвеловиот универзум. :D) Така што, The Punisher и нема баш премногу да казнува – наместо бруталните убиства и акција на кои сме навикнати, ќе имаме разочарувачки сцени како пукање у нога, онесвестување, гаѓање со камен по глава итн.

    Третиот проблем е изборот на приказната. Иако бев пријатно изненаден од реалистичноста со која серијава им приоѓа на некои комплексни и контроверзни прашања, како неправдите со кои се соочуваат воените ветерани во САД, злосторствата кои САД ги прави во своите „војни за слобода“ низ светот, психичките трауми на војниците, итн., морам да кажам дека тоа не е она што го очекував од The Punisher. Со сите овие ствари, плус прикривањето на злосторства на државно ниво, теории на заговор, двојни и тројни агенти, се осеќав како да гледам микс од некоја gritty воена драма, антивоен документарец и серијата Homeland.

    Очигледно дека креаторов на серијава сакал да направи нешто со поголема тежина и уметничка вредност, ама можеби стрип-јунак не е најдобрата основа за таква ствар. Дури и Нолан со Бетмен беше свесен за тоа.

    Најголемиот проблем за мене беше темпото на серијата. Додека ја гледав (гледам, имам уште две епизоди :D), не можев а да не приметам дека трае подолго од што реално би требало. Ми изгледа како материјал за 8 епизоди да е развлечкан у 13. Првите три епизоди буквално ништо не се случува, а кога конечно ќе се случи нешто и тоа се дешава бавно. Наместо да го гледаме The Punisher како го прави она што го знае најдобро (hint: punishing), се занимаваме со тривијални ствари – Френк како крши ѕидови со токмак и чита класици, драмите во домот на Либерман, бромансата на Френк и Дејвид, љубовниот живот на Мадани, приватниот живот на сите живи членови на четата на Френк од Авганистан, Карен... Сѐ на сѐ, премногу внимание беше посветено на небитни ствари.

    Накратко, мојот впечаток за серијава – too much talking, too little punishing. :D
     
    На Tiki-lolipop, theowndemon и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  20. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    До четврта епизода сум пред малце ја изгледав и ако судам по тоа што го видов до сега е феномелна....не ги читам погоре вашите напишани мислења за да не прочитам нешто што не сум го гледал.