Едвај чекав да излезе вторава сезона и у таква гужва сум, никако да ја изгледам, до втора епизода сум. Мислењата што ги читав се дека вторава била појака од првата, баш да видам дали и јас така ќе ја доживеам. Бен Барнс ми е еден од омилените глумци, но во прва сезона не бев баш убедена дека е погоден за улогата, да видиме сега така унакажан како ќе се покаже.
Ја изгледа 2та сезона? На против, втората сезона многу е по слаба од првата, и тука завршува серијата повеќе нема да се снима.
Дааа, послаба е и според мене... Како и да е, одлична серија, може и подобро што тука завршува, наводно (сепак има дискутабилен крај, кој нуди опции). Бен Барнс ми немаше никаква хемија со психологот и требаше по-крш да му биде убавото лице. Главниот лик е фасцинантен.