1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какао

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Tanjus, 10 април 2011.

  1. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Какаото го намалува крвниот притисок и е добро за срцето, дава енергија а се препорачува и за оние што сакаат да слабеат бидејќи содржи антиоксиданти. Позитивно делува на мозокот па најубаво е да се пие за време на учење, го подобрува расположението и го забавува стареењето.

    Па, колку често пиете какао и какво какао.

    Јас скоро секој ден пијам а најубаво ми е на Краш. :inlove:
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Јас цела зима си го поминав со какао,многу ми е убаво а особено како оди со крофни-милина :lol: секогаш го пијам со млеко,а која марка незнам сите ми се исти ,знам од кам купував евтино беше и многу убаво ;)
     
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Пијам какао кога ќе ми здосади од кафето, па да сменам и кога имам испиено повеќе кафиња во денот.
    Го пијам какаото на SwisslionAgroplod.
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Како мала пиев многу какао, секогаш пиев и јас и тоа за мене беше ДЕТСКО КАФЕ :lol: така ме лажеше мајка ми, е сигурно немам пиено добро 5-6 години, сега ми ја вративте желбата ќе одам да си купам.
    Знам дека бремените жени треба да пијат какао а зошто не знам :?:
     
    На Nutri001 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас имам трауми од пиење какао :$. Како мала си го имам изгорено јазикот неколку пати со какао и сега секоја помисла на какао ме потсеќа на изгореница хахаха.
    Кога конзумирам какао, конзумирам со млеко- така ми е многу убаво, но морам да признаам дека не сум некој голем љубител ;)
     
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас со години пијам секој ден какао, пошто кафе не пијам не можам да поднесам. :puke:
    А какаото ем е вкусно, ем е здраво. Го пијам со вода исто како кафе што се прави. Со млеко мноооогу ретко онака од ќејф.
     
  7. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Ич не го пијам.
    Имам секакво пробано ама не го сакам бе и готово. :(
     
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Баш сакам какао. Одамна немам пиено и ме потсетивте денес да си направам :) Сите се на свој начин убави. Најчесто дома имам на Краш или Алпико од КАМ.
     
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Сум пиела како мала ама сега не сум пиела одамна :)
    Ме потсети сега ќе си направам едно :D
    Го пијам Бенквик :D
    А добро е за слабеење??Бидејки сакм да ослабам малку :D
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Не пијам! :)
    Едноставно какаото ми е најнеомилениот напиток, не го сакам, вкус безвеза, никаква корист ни штета :D Не сум ни кафеџија, ама какао ич не сакам. Ни како мала ни сега :)
    Па, да не претерам, не сум пиела сигурно добри 10 години :D
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    И јас како мала пиев какао, ама помешано со млеко, т.е. како денес што мешам несквик и млеко, тогаш сум мешала како и млеко. Ама и јас немам пиено едно 15 години можеби :)
     
  12. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Дефинитивно мојот омилен топол напиток.
    Го сакам дури и повеќе од кафето.
    Нема ништо подобро од топло какао навечер пропратено со добра книга во рацете.
    И секогаш кога мајка ми ќе вари кафе за да пијат со татко ми, ме прашува мене, а да ставам какао за тебе ? :)
    Иначе не го сакам несквикот, но она какао од Краш и тоа без млеко ми е подобро :D
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    па не многу често повеќе кафе пијам ама знам некат и какао да си направам благо многу нормално :D
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.091
    Допаѓања:
    56.319
    Пол:
    Женски
    Уф колку сакам, обожавам какао. Сварено обично со вода. Прво го мирисам како верен обожавател, се пикам со цела фаца во шолјата додека лади :lol:
    Порано не поднесував цимет, ама малку по малку се учам на него, па во последно време му ставам малку цимет. Убава комбинација.
    Трк да си сварам. Повелете на какао, многу пати ми имаат речено дека најубаво го правам :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Заљубена точно за бремените не знам, ама знам дека било богата со железо и веројатно било убаво за зацрврстување на истото во крвта, веројатно ја има истата намена и за тие што се во блажена состојба ;)
    _____
    Пијам какао, не толку често, ама знам да си се напијам, убав ми е вкусот, ама обавезно мора да има 2 лажички макар и една и пол шеќер инаку ми горчи.
    Се сеќавам пред 5 години, в село кај баба и дедо со сестра ми секогаш јадевме сирење со какао, каква комбинација, па и слатко ми беше, оддамна немам јадено вака, не знам дали би ми било вкусно сега :D
    Додека дедо пиеше топла ракија со сирење ние сирење и какао, деца будали :)
     
  16. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Зимно време без какао не просперирам , особено со мелко ммммм............. :)
     
  17. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Ме настрвивте и после ќе си направам. Секогаш имам дома, во случај да ни текне да правиме нешто благо, а немам навика да си правам.
    Инаку многу е корисно :
    Полезно дејство

    Какаото може да го наречеме и супер храна бидејќи е богато со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси. Содржи големи количини железо затоа се препорачува да го внесуваат луѓето кои се анемични. Какаото содржи железо дури повеќе од спанаќот и покрај за лечење на анемичноста, помага и при намалување на крвниот притисок. Исто така помага да не дојде до згрутчување во крвта

    Дава енергија и е еден од најдобрите артикли што се препорачуваат за губење на килограмите.

    Некои научници дури тврдат и дека го успорува стареењето, но сигурно е дека позитивно делува на мозокот. Топлото какао делува слично како да сте се напиле чаша вино, само што наутро нема да се разбудите мамурни. Топлите пијалаци ја зголемуваат телесната температура и создаваат чувство на пријатност кое се одразува во мозокот.

    Содржи состојки кои ги зајакнуваат ноктите и косата, ја одржува кожата убава, врши детоксикација на црниот дроб и помага во работата на панкреасот.

    Какаото изобилува со магнезиум и хром, а токму тие овозможуваат балансирање на шеќерот во крвта што значи какаото е совршено за дијабетичари.

    Богато е и со цинк и омега 6 масни киселини.

    Според едно истражување какаото е одлично за подобрување на состојбата и работата на крвните садови кај пушачите.
     
    На душленце, Annath, Meggy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Обожавам какао и го пијам буквално секој ден, како што некои пијат кафе, така јас какао :) (не дека не се дрогирам и со кафе де). Секое утро така и ми почнува, со дупла доза какао, сипано во огромна шоља буквално супа ко да сркам... :) и јас го правам само со вода. Реткост е кога ставам сосема малку млеко. Во посебни денови си додавам се што ќе ми текне... цимет, рендано јаболко, портокал исецкан, кора од лимон, некакви јаткасти чудесии..., а и овесни снегулки обично јадам со какао, со какао јадам и бисквите (некои со млеко јас со какао) и без шеќер го пијам мљац мљац, бујрум, сега е без ништо, ама ко за вас би ставилa, бирајте :P
     
  19. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Какаото не го намалува крвниот притисок туку го пакачува, јас сталнои пијам кафе или какао за да го качам притисокот бидејќи константно ми е низок. Инаку е добро има и доста железо и е покорисно од кафето.
     
  20. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    пијам какао :)
    несквик м или бенквик :lol: