Многу го сакам неговиот мирис. Не го пијам често, некогаш и не го погодувам баш, но многу убав вкус има.
Јас пред некое време поспана си правев кафе, за на крајот да сфатам дека по грешка сум си направила какао. И од тогаш се навлеков на него, а порано не го пиев воопшто. Татко ми последново какао го купил од некоја продавничка за здрава храна. Влегол со намера да ми купи житни плочки, ама го мавнало преубав мирис на какао и купил за проба. На мерење го земал, така што поим немам од каде е, ама пре-пре-превкусно е! Како топено чоколадо човек да пие! И многу јак мирис има. И ете така, последниве денови сум на една шолја кафе, а во меѓувреме се давам во какао!
Ќе може да го прашаш татко ти која е таа продавница за здрава храна? Јас упорно си топам чоколади во какаото за да му го збогатам вкусот.
Од мала го обожавам,со млеко ми е најубаво како мала исто го ставав на леб со шекер и малку вода,абе прсти да излизеш
Пијам какао и тоа како. Одлична замена за чоколадо, дури повеќе ми се допаѓа како со водо отколку со млеко.
Ооо,мноогу одамна не сум пиела. Последен пат,кај другарка ми летово,у јули месец. Најубаво ми е од Краш. П.С:Кај тетка ми порано,секој ден т.е секое утро за појадок имаше какао.
Мммм какао, обожавам, не пијам кафе, ама затоа какаото ми е добро пријателче најмногу го пијам во зима, незнам некако ми ја надополнува цела таа идила (вљубена сум во зимата ), и секако обавезно со малку млекце. Наздравие
Jaс често пијам какао или топло чоколадо и непто балго да имам до меме на 7мо небо сум .Некогаш и со млекце си го пијам
Mногу го сакам какаото приготвено само со вода и шеќер, понекогаш додавам малку ладно млеко . Омилено ми е ова од Краш, најјубав мирис ми има.