Само какао со вода, без шеќер и млеко . На почеток го пиев со млеко а потоа се навикнав и без . А инаку барем еднаш неделно ќе се напијам
Во продавниците за здрава храна може да се најде и путер од какао, околу 300ден. тегличка. Има многу корисни својаства, може да се мачка на кожа, но и да се јаде, бил добар за срцето. Интересно е што и на собна температура останува цврст.
Ретко пијам какао, ама сега ми отиде умот за да си правам. Дај кажете како го правете, заш јас секогаш кога сум земала да правам го фрлам, никакво е, мислиш само вода пијам.
Како мала пиев почесто памтам мојте кога пиеа кафе мене ми правеа какао Ама сега го заменив со кафе и многу ретко пијам какао.
какао не благодарам а кафе уште помалку и двете работи не ми се вкусни ич единствено топло чоколадо можам да пијам и вода нормално а чаеви и такви други работи не и многу ретко сок и тоа природен ако е
Многу просто.. Ќе си ставиш ѓезве на рингла , топла вода ке ставиш внатре (колку сакаш,обично една шолја) и ќе ставиш 2-3 мали лажички какао . И после само треба 2-3минути да се свари. Ќе видиш , ќе почне да се крева нагоре , како кафе кога се вари. Скроз исто.
Обожавам какао, особено во зима, кога ќе си дојдам од некаде, топло какао . Со брат ми по цело тенџере си пиеме .
Јас сум исклучителен љубител на какао. Секој ден конзумирам. Но ова какао е страшно грозно. Да не го купувате. Ново им е во кам.