Ништо чудно со оглед на тоа што кафето Фиеста е катастрофално очекувано е и за какаото,јас употребувам на Кандит 35 денари е во Стокомак.
Инфoрмaцијa зa кaкaoтo. Пoкрaј тoa штo е дoбaр aфрoдизијaк и нaјдoбaр еликсир, кaкaoтo имa мнoooгу железo. Пoвеќе oд спaнaќoт и цвеклoтo скoрo кoлку прaзoт и кaпинaтa.
Обожавам какао! Пијам по две шолји на ден,без шеќер...Најубави ми се од Краш,Витаминка и Свислион. Но најчесто земам на грамови од продавничките за здрава храна..Ова што го зедов последно е чоколадно какао,има многу убав мирис и прекрасен вкус.Најпрво се збунив и ги прашав да не содржи шеќер но ми рекоја дека не содржело воопшто шеќер...
Дајте предлог за фино какао. Обично земам од она на Краш, меѓутоа ми здосади и сакам да сменам, а се плашам да не ми се погоди некое неубаво. Сакам да има фина арома, да не биде само ко блага или горка вода.
Фала ти, со оглед на тоа дека чоколадите им се врв - се надевам дека какаото нема да ме разочара. Ќе купам утре.
Многу ама баш многу го сакам мирисот на какао, ме асоцира на зима, студено, топол дом, шолја топло какао, удобна позиција покрај огнот кој баботи и добра книга. Инаку ретко пијам, немам навика, најчесто во благо го користам.
@Mishela Да провериш дали имаат во Бако на Рекорд на мерење? Јас од друг град купувам какао каде што се снабдуваат со производи од Бако. Какаото ми е врв а цената му е како и на другиве.
Не ми се допадна баш, го имам купувано. Во Рамстор не најдов Кандит па земав Европа. Не е лошо. Ќе земам следен пат на мерење од Бако, фала ти @M.laDy.
Такво сакам. Не најдов во Рамстор. Од кај го набавувате? Да барам во комшии тогаш, иако го немам забележано ниту во Веро. Како за чудо, не е лошо и тоа на Европа, ми се допаѓа повеќе од какаото на Краш и Свислион. Прави пенаст кајмак и питко е, дури речиси нема потреба од додавање шеќер дополнително.
Ако сакаш право какао земи си од здрава храна. Овие во малопродажба имаат мн мал процент на какао. Прочитај им го составот.
Прочитав и се разочарав од повеќето кои ги купив. Ќе ги потрошам за некое благо изгледа. Засега Европа ми е фаворит, ама сакам уште малку побогат вкус. Ќе видам каков избор имаат во Биокулт утре. Фала за идејата, не ми текна.
Официјално и моето омилено Краш какао тотално го расипаа. Денес уште кога го отворив кутивчето, приметив дека е побледо од обично, а и кога го сварив какаото вкусот беше @Mishela го има ова од Европа по маркетите или само во нивните продавници? Баш ќе видам утре и во Дм каков е изборот...
Јас го купив од маркет, мислам дека секаде го има. Мене не ми се допаѓа ниту тоа какао од Кандит, го купив и него завчера. Очекував повеќе. Европа засега ми е најокеј, ама ќе си земам некое друго најверојатно.