Не знам за другите во "малопродажба" пошо секогаш земам од црното какао на Gellwe. 10% масти има и преубаво ми е. Никаква соја ни додатоци нема, го има во секој поголем маркет. Еве го:
Конечно најдов убаво какао кое навистина ми се допаѓа. Во ДМ во Био-одделот. Кутивче од 125гр, за 99 денари. Многу е вкусно.
И дефинитивно подобро од Витаминка, што ми требаше да го пробам за смена Ама ќе го пробам и ова од ДМ на @Mishela Имаш сликичка како изгледа?
Европа, Краш, Кандит, па и Гелве - сите оние кои најчесто ги има низ маркетите имаат многу мал процент на какао ( најмногу до 18%) и се чувствува тоа во вкусот. Полни се со соја, какао одвај колку да замириса. Сите ми се исти, брашнести и без вкус. @*Ench@nted* од мобилен сум, не можам да ставам слика. Едно какао имаат само, нема како да се погреши.
Тоа е, само тоа е спакувано во картонска кутија, навистина нема како да се утне. Има и вакво Trink Kakao, но за него немав време подетално да ја прочитам декларацијата. Беше околу 200 денари, кеса од 400гр. Не ме привлече, плус речиси сум сигурна дека и ова содржи соја.
Пишува можни траги од млеко/лактоза и наведено е како можен алерген. Значи, сепак не е како малото. Небитно. Јас немам убаво искуство со вакви XXL пакувања па нема да го пробам тоа секако.
Дојдов да го пофалам какаото што го препорача Во последно време пијам многу какао поради железото, во живот немам толку испиено, а и црно чоколадо јадам, порано јадев млечно. Какаото е одлично и го препорачувам и јас!
Исклучиво какао на КРАШ...порано на децата им давале да јадат една лажичка какао помешано со две лажички шеќер, така во шољичка, наместо чоколадо...значи не го вареле..зато а тоа време децата беа поздрави и не беа анемични.