1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какао

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Tanjus, 10 април 2011.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Пијам секое утро најмногу ми се допаѓа на Витаминка, а и на Краш не е лошо.
    Го правам со вода како кафе, бидејќи не пијам млеко.
    И муслите си ги прелевам со какао наместо со млеко, убаини :inlove:
    Го конзумирам почесто и од кафето и имам читано дека е добро за железото во крвта и имунитетот.
    Cheers :coffee:
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Многу ретко пијам.
    Пијам или кога ќе отидам кај една другарка (таа често место кафе - какао ми вари) или кога е братучеда ми дома, па морам да пијам какао со неа, иначе не пие.
    Ако имам млеко, со млеко го пијам, ако немам, тогаш со вода.
    Ама не го обожавам многу. Кафе си е кафе :coffee:
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Не сум знаела дека какаото е толку здраво и ептен ретко го конзумирам! Мислам дека последен пат пиев какао кога бев студентка,во друштво на цимерката која беше мераклика за какао како топол напиток!
    Понекогаш пијам млако со какао но искрено и тоа е ретко!
    Немам врска какво какао имаме дома,мајка ми го купува и она си го корсти кога прави нешто благо (пр.сотлијач со какао)
    Штом е толку здраво и штом дава енргија веднаш ќе се напијам чаша млеко со какао! ;)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Гледам го фалите дека било здраво.
    Јас па имам слушнато дека од кафе е поштетно :?:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Какаото е полно со железо (секој др. ќе ви каже). Го пијам ама не многу често и кога го пијам сакам и малку млеко да си ставам. Инаку создава завист исто како и кафето.
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    епа вака какао не консумирам воопшто речиси али добро го познавам ..

    би сакала само да напоменам дека има разлика од право какао и несквик и другите што ги спомнавте. тоа не е какао туку чоколадни напитоци кои имаат за основа какао. инаку правото какао е во прав горчи без шеќер како што знаете и сите, она што се користи за торти колачи итн.
     
  7. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Многу ретко пијам какао, иако дома секогаш имаме. Не дека не го сакам, но не го пијам многу. Секогаш кога пијам какао е за да им правам друштво на братучед ми или на сестра ми, а сама да земам да си сварам само за себе, не ми се случило досега. Кога веќе пијам какао, ако има млеко му додавам затоа што така ми е поубаво, а ако нема го пијам обично, само со вода и понекогаш го комбинирам со колачи или бисквити. Најчесто купуваме од какото на Витаминка, од Краш и од Кам едно, а го додаваме и во торти, колачи, преливи.
    Какаото содржи железо и се препорачува да се пие за да се зголеми железото во крвта, но тоа содржи и теобромин (алкалоид сличен на кофеинот во кафето) којшто е стимуланс и ја поттикнува работата на срцето, може да предизвика зависност кон чоколадо ( иако е со послабо дејство од кофеинот) и делува како афродизијак.
     
  8. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    мммммм го обожавам вкусот на какаото! Го приготвувам исто како и кафето, ама какаото ми е преубаво, дури веќе ич и не пијам кафе :D
    Ќе ја пробам оваа комбинација и јас, зошто млеко не пијам! Можеби и мене ќе ми се допадне
    Инаку и јас имам читано по порталиве дека е добро какао да се пие додека се учи, помагало при концентрација, да видите само колку чашки какао имам кај мене во соба за време на колоквиумска недела и пред неа :D . Тогаш сум буквално какаохоличар :rofl: :rofl:
     
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.940
    Можеби кафе не пијам често ама затоа какаото си го правам по свој личен рецепт :)
    Прво го ставам во една чаша оригиналното какао од Витаминка , потоа дотурам вода до пола од чашата и го ставам во микробранова ...откако ќе се стопли ставам топено чоколадо, шлаг пена и цимет. Толку ми е убаво со цимет што кога го пијам без него ми е како без вкус, некомплетно . Кога сме кај комплетноста сакам утринското какао да го пијам со некој до мене да ми прави друштво :)
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    И ЈАС СТАВАМ ЦИМЕТ ВО СЕ, ГО ОБОЖАВАМ ВКУСОТ,СО ЦИМЕТ И ОТРОВ БИ ИСПИЛА :lol:
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Многу голем љубител на какао сум значи и на еден колега му го украдов со шпијунско тајно посматрање рецептот за подготовка,т.е.совршениот сооднос на какаото и шеќерот,како и подготовката ]:) .
    Го употребувам исклучиво какаото на Краш,од некои други сум се разочарала,понекогаш додавам и млеко,цимет или шлаг пена,ама тоа во домашни услови кога подготвувам за на работа само какао+шеќер+вода,ама тајната не ја откривам,моја си е :P ,а совршено е така какаото...
     
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    нема поубав доручек од леб со маргарин и шолја какао мммм њам њам. какаото е повкусно и повеќе ме расонува од кафето. Поздрав до сите обожаватели на какото ! :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    какаото сега го консумирам само преку торти
    порано многу пиев млеко со какао, ама сега не...
     
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Обожавам какао и бидејки не пијам кафе секојдневно пијам какао. Прочитав дека многу од вас го пијат со млеко, а јас знам дека таа комбинација на какао со млеко не била здрава, не знам зошто ама пред неколку години имав читано за тоа и неколку пати имам слушнато на телевизија ама ете никако не запамтив зошто не е здрава таа комбинација.
     
  15. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    порано ко деца од 7-8 одд обавезно со другарките си правевме какао,во замена за кафе :lol: Немам пиено веќе можеби 10 години наназад.Во замена за какао употребувам чоко дринк со млеко секако и тоа само кога јадам корнфлекс или попара бисквити :lol:
     
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    a како го правите какаото? секогаш кога мама ми прави мн ми е вкусно, јас коа ке земам да направам.. секогаш го фрлам.. :$
     
  17. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Ммм многу е убаво, но немам навика често да го пијам
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Прво нека зоврие водата. Во едно филџанче стави лажичка какао и една и пол лажичка шеќер. Тури малку вода колку да се покрие, земи лажичка и добро мешај за да стане без грутки. Тури ја смесата во гезвето со зовриена вода и остави да се довари.
    Тури го во чаша, нароси цимет et voila :coffee:
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ммм обожавам млеко со какао, ептен е вкусно. :inlove:
    Понекогаш си пијам какао наместо кафе, ама ретко.
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Слабо пијам повеќе сум на кафиња, го сакам но ете од 10 години наваму не го пијам ич.