Си сакам какако. Си пијам понекоаш кога правам пауза од пиење кафе. Со какао ме лажела баба ми како мала и ми останало од тогаш убаво за пиење
Какао пијам какво има дома (какво ќе купат моите) Иначе го пијам многу често и омилено ми е со 3-4 лажички шеќер и млеко ммм
Пијам ретко и убаво ми е ама немам навика сама да си го правам,ако ми направи татко ми прифаќам! Инаку ептен е здраво и богато со железо!
Речиси и да нема ден што не ми поминува без какао . Кога бев помала пиев од тие што се раствараат и во ладно млеко или вода (несквик, бенквик..), сега веќе долго време пијам какао за варење од алпико, од сите што ги имам пробано ова ми е највкусно .
Не сум голем љубител на какаото, но некогаш ќе ми текне па ќе си сварам. Инаку ме заинтеренсира ова со ослабнувањето. Сега ќе почнам да пијам секој ден.
Си пијам какао, од Краш. И тоа со шеќер 3 лажички. Цела шеќерана Обожавам какао. А најмногу го сакам кога му крадам на татко ми кога не ме гледа. Тоа ми е најслатко ЛИТЛЛЛ кај ми е пола какао?!
Се немав напиено какао бог знае од кога,не за нешто друго туку од немукает што велат постарите но на мајками незнам што и текна и купи и сега баш си пијам
Порано пиев,ама сега дека не ставам шеќер во кафето,не пијам бидејки какао неможе без шеќер,ќе горчи,а и плус со млеко неможам а инаку би пиела после диетата,многу е вкусно
Порано ретко пиев, ама ме научи другарка ми. Сега е лето, па не можам баш често, ама затоа во зимаааааааааааа.. њам. Мераци.
Обожавам какао, уште од мала пијам, дедо ми ме научи. Секогаш го правам со млеко, во лето пијам многу ретко, но во другите годишни времиња пијам речиси секој ден. Мојот рецепт млеко/вода од око, 1 кафена лажичка ама полна да биде, 2 кафени лажици шеќер и откако ќе се сфари па додавам ладно млеко за побрзо да ми се излади. Ова лето пробав какао со цимет и беше многу вкусно.
Го обожавам, не само на зима, туку и во лето. Нема врска што се пие топло со годишното време, како и кафето, не гледам зошто да не се пие на лето. Ем е вкусно, ем е многу здраво. Мојот доктор ми кажа дека е многу добро за зајакнување на крвта, за железото. Инаку го пијам секако, но мислам дека со вода е нај најубаво. Со млеко ми е како чоколадно млеко, не го чувствувам баш какаото. Инаку не знам дали сте пробале, но со шлаг ставено одозгора како махијато е многу вкусно, мњам.