Скоро и заборавив на ова чудо! Порано многу често си пиев, кога пиеше мајка ми кафе јас какао А и сега нешто многу не ми трпи организмот кафе, така да ќе си купам утре какао. Мислам дека и вкусот скоро целосно сум го заборавила А и не знаев дека е толку здраво, баш ќе си купам и направам да видам дали пак ќе ми е вкусно
Ајде бе кој не сака какао? Коге те мрзи да правиш или купуваш топла чоколада, тука си е какаото на Краш. Во последно време уште повеќе го сакам, затоа што го пијам во најјаката шоља.
Пиев многу како дете и многу ми е убаво, ама за жал имам приметено дека секогаш кога пијам какао ми излегуваат црвени некои мозолчиња на образите особено во делот под очите.Понекогаш знам да си испијам по една шолја иако после ми требаат неколку енови за да си го вратам лицето во нормала. hock:
Јас порано како помала пиев какао, кога почнав да пијам кафе заборавив на какото и пред некое време кога на интеренет прочитав дека е многу здраво пијам скоро секој ден, на Краш се разбира
Како мала само какао какао и какао Но сега веќе не мн ретко,хмм но бидејки прочитав дека помагало за слабеењето се враќам на него
Ми ја погодивте темава БРАВО Какао пијам ненормално многу и многу ми се допаѓа онака како што сама го правам, малку по густичко..Мммм еве сега да завршам со постов и одам да направам,кај нас никогаш не треба а прашувам дали некој сака затоа што не сум единствената која обожава какао дури и татко ми го сака какото а мама не,неможела филџаните да ги одмие од нас Спојлер 1кг какао месечно пиеме,
Си пијам какао, често поради промена да не биде се капучино. А поомилени какаа ми се на краш и тоа од кам маркет.
Пијам обично кога ќе ми се собери друштвото, и наместо кафе, пиеме какао. Обично го приготвувам 1 лажица какао со 2 шеќер за 1 филџан. Добра замена за кафето а и поздраво е.
Како мала се сеќавам многу го пиев, а сега не воопшто не ми е вкусно и не пијам. Го користам за правење на слатки
Пијам какао ама не многу често. Бидејќи не пијам турско кафе, кога сите пијат тоа, јас си варам какао. Иначе незнам дали пишува наназад низ мислењата, не ги прочитав сите, какаото во себе содржи многу железо и е многу здраво да се пие. И да, мене ми има многу попријатна миризба за разлика од кафето. Така да женцки навалете
Напишете некој рецепт за какао како напиток. Ми здосади да го пијам само со млеко. Понекогаш му додавам цимет, слатка павлака или каранфличе. Ако знаете споделете
Кога и да пиеа мојте кафе или ако имавме гости гостите да пијат кафе ....јас барав од моето кафе (какао)...но сега ич не пијам и се прашувам како мала како сум можела да го пијам...ама тое си замислував дека пијам кафе и дека сум возразна
Го обожавам , најчесто го употребувам кога приготвувам благо на пр. куглоф и во млеко. Млекото никако не го пијам без какао!