Сосем малку знаеме за бенефитите од пиење какао и сметам дека е баш вистинска штета. Чистото какао ( значи не краш со шекерче) има најмногу магнезиум од било која храна женски, а токму магнезиумот е тоа што најчесто ни недостасува во овој брз начин на живот.Чистото какао спротивно на верувањето пак е сосема слабо со кофеин, па не пречи ако го пиеме пред спиење или сл. Исто така полно е со минералите на убавината, за коса, нокти, кожа. Еве уште некои од витаминте кои ги има какаото, Витамин А, Витамин Б (1,2,3,5,6) Витамин Ц, Калциум, Цинк, Сулфур, Железо,Омега 6, Ензими и др. Пробајте најдете органско какао без засладувачи и пијте си за повеќе здравје.
Јас пијам какао и многу ми е убаво. Баш ми се допаѓа вкусот и не ми поминува денот ако барем еднаш на се напијам какао
Обожавам,поготово после тренинг обавезно. Инаку имам слушнато дека било здраво за срцето,ее сега колку е точно незз.
Пијам речиси секој ден, го правам со млеко и 2-3 лажици шеќер. Незнам зошто, но ретко кој да ми го погоди, па сама си го правам
Ич не го сакав порано, ама лани летото си сварив едно од инат, и од тогаш не можам да се откачам. Ко да ни се подобрија односите. Со многу шеќер го пијам.
Јас имам навика секое сабајле какао да пијам, додека прегледувам новости на интернет. Го приготвувам со една лажичка какао, без шеќер и чат-пат знам и цимет да ставам. Оргазмичен вкус има Покрај тоа што е вкусно, познато е и дека содржи железо па препорачливо е да го пијат оние кои се склони на анемија. Исто така помага при балансирање на шеќерот во крвта, што значи е ептен погодно за дијабетичари. Јас сметам дека е одлична замена за кафето.
Го обожавам! Една другарка ми кажа јадела надробен леб со какао. Јас тоа не сум го пробала, ама ми рече дека било ептен вкусно, па може ќе пробам. Нема ден да не се напијам барем една чаша Понекогаш си варам и дупла доза. Најчесто пијам насабајле со појадокот и навечер со некоја добра книга. Откога ќе го сварам прво го вдишувам мирисот, а откога ќе ми се излади малце уживам.
Иако не треба да пијам мн мн какао бидејки го намалува крвниот притисок, многу ми е убаво и практикувам често да пијам
Често пијам какао,највеќе во зима... бидејќи не пијам кафе супер ми е како замена кога ми се пие нешто топличко