Скоро си земав на Краш и обавезно по вежбање една шоља одма пијам... го обожавам, ме враќа во живот после "мачење"
Какаото содржи теобромин и затоа ја подобрува мозочната активност. Добро е за концентрација и многу вкусно. Јас на лето поретко пијам, повеќе си го сакам во текот на другите годишни времиња. Најмногу ми го купуваат тоа од Краш. Јас ќе ви го препорачам какаото од Горенка( како чоколадото)
Ееееее од кога немам пиенооо знам порано со дедо ми барем имаше кој друштво да ми прави пиееев ама еве сеа ќе си сварааам
Сега ќе си направам едно ....со цимет. ...во студентски денови, мада се уште си ги практикувам будалаштините од тогаш.... кога ме фаќаше криза за чоколадо, блачко нешто.. мешав со мед, а некад (често) да не се лажеме... и со шеќер, па лажица какао, троа млеко ако се има, ако не и вода брка работа и после мачкаш на лепче ко кремче Понекогаш ставам кокос (кога и останало на мајка ми од некои си колачи) така ми е уште поубаво. И поооослеее, мирна ми душа.. пут путујем мој јаране
Како помала баба ми се сеќавам ни правеше какао со бисквити го јадевме дури да се направи доручекот...сега поретко
Многу пијам какао.Особено на зима.Ама сега и на лето си го пијам. Многу го сакам многу! Омилено ми е тоа од Краш
Најдобра замена за кафето е какаото. Јас ретко го пијам, ама многу ми е вкусно, плус јас му додавам млеко, милина е за пиење, како топло чоколадо, мх, мх. Омилено немам, какво што ќе купат такво.
ОФ не да пијам,обожавам какавце.Со татко ми од мала уште ќе си сваревме и ќе пиевме,а во меѓувреме и јадевме лепче намачкано со маргарин,пипер и нане И ден денес тоа е моето омилено јадење.Пробајте мислам дека нема да зажалите.
Ставаш вода да зоврие, па ставаш какао и шеќер по желба. Исто како кафето, а можеш и на начинот кој на предходните страници го спомнале, со мелко. Не пијам какао, кафе ми е најубаво. Домаќин човек
Проф. Д-р Какао Паскалин - откритие на месецот. Благо какао, Несквик вода топла да му носи. Бонус - багатела!
Постои ли какао на Паскалин? Немам сретнато до сега. Сите што сум ги пробала не ми се допаѓаат, освен на Краш помалку. А, обожавам какао.