какао на паскалин постои но те молам не купувај бидејќи полошо не си видела. ако те сретне низ маркетите само протреси го ќе осетиш дека тропа како песок не е ни сомелено убаво.
Ај препорачај ми некое друго. Тоа на Макс струмичкото не ми се свиѓа ама ич. До сега што сум купувала, не ми се допаѓале, а нема ни голем избор.
Со шеќери, со триста чуда е во него. За во рецепти со какао плус шеќер, е одлично да го ставиш само него. Исплатливо.
Извинете вака, листнав неколку стр. наназад ама не најдов...како го ставате циметот во какаото, во варење или отпосле? пошто вака какаото не ме влече којзнае колку, може повкусно ќе ми биде
Го пијам само на Краш, најубав вкус ми има, а од сите други фирми што сум пробала ми имаат некако млитав вкус. Го обожавам во овие есенски денови, го пијам доста јако, а за цимет не ми текнало до сега да ставам.
најубавото какао кај нас го нема мислам на сите оние познати марки и квалитетни производи. а дали сте го пробале она германското од кам? би требало да е добро ... само да се разбере зборуваме за чисто какао не со примеси на шеќер и млеко во прав. најбитно читајте каде е произведено (по можност германија холандија...) и да е без арома макар што тешко се наоѓа...
Откако ќе го свариш одозгора посоли цимет (мислам дека имам јас пишано). Јас израснав со она на Агроплод Ресен пред 10-20год. со верверичка на сликата , тоа беше квалитет - неможев да најдам слика, а денес живеам со она на Краш
какао само на Краш, најубаво ми е и го пијам секое годишно време, ама повеќе во зима на сабајле со лебче намачкано со маргаринче. пробајте мн е убаво
Најубаво какао за сега кај нас е тоа во кам Алпико,чисто какао без шекери. Го користиме доста време дома за пиење дури и ќерка ми која има 2 годинки го обожава,пробајте има пристапна цена и мириса баш на какао
Значи обожавам какао. Не знам како одамна не ми текнало да си направам. Не сум голем љубител на црно кафе, па обично наместо тоа знам да пијам какао. Значи ептен за душа и по мој мерак. За мене едно од поубавите тука е она од КАМ, на Алпико. И на Краш е ОК. Другото е некако под просек за жал, и тоа на Витаминка не ме воодушевува баш. Би сакала да пробам какао напиток од некое поквалитетно какао.
Во овој период од годината какаото ми е омилен пијалок.Не пребирам од која фирма е,но најчесто дома купуваме од Краш.Го правам како мешавина од вода и млеко.Во чашата ставам третина млеко,па вареното какао во кое ставам и ванилин шеќер (според мене,дава преубав шмек ) и потоа уште малку млеко.Поубаво нешто за пиење нема
Почна сезоната на какао. Прееска го испив,и да ви кажам кога варам какао не варам по еден филџан обавезно чаша.
Порано многу пиев какао,а сега бидејќи сум редовен конзумент на кафиња од сите врсти ми нема текнато да си сварам.Ај можеби подоцна.