Pretpocitam kakao otkolku kafe...ne go pijam bas cesto sto se veli sekoj den ama 2-3 pati nedelno.I toa ne fildzan tuka golema solja
Ова ми е сезона за какао. На Краш ми е омилено, ама многу често мајка ми го зима тоа на Алпико од Кам. Не се жалам. Иако заради здравствени причини морам повеќе да конзумирам какао, не можам да го направам замена за кафето. Башка, какаото дебелее, така што доколку ми стане алтернатива за кафе, сигурно нема да бидам на оваа килажа.
Старфиш, ич не се потресувај толку дека ако го замениш какото со кафе, ќе накачиш на килажа. Јас сум доказ дека не е така, билив ми. И јас поради тоа што сум слабокрвна, ми кажаа почесто да конзумирам какао бидејќи било добро за железото чинам, што мене на велико ми фали и се случува дури и по 3 пати да пијам какао, а килажата не е променета. Дури и да ми се покачи (не сум се измерила година дена), уверена сум дека нема да биде од какаото, ами од пречестото љубење со храната. Така да, keep calm and drink cocoa.
Сакам какао,многу ми е убаво и често пијам,а и сега моментално пијам .Ова ми е посебно убаво Пробајте го
Обожавам секакви топли напитоци. Какаото посебно го обожавам, дома сме навлечени сите на Несквик т.е од секогаш ова сме го купувале и не го менуваме за друго
Мене правењето какао ми стана како дневна рутина. Секоја вечер околу 20:00 часот си правам какауце, и чекам да се олади, па го пијам ладно. Само такво ми се допаѓа. Некогаш знам да си направам две едно по друго затоа што сум зависна од него.
Какао-мммммммммммммм!!!!!! Обожавам! И тоа само она од Краш...И Несквикот е вкусно ама ме загрижуваат калориите во него. Затоа се држам до она од Краш. варено со вода и вештачки засладувач и 1-2 прста млеко. Абе мераци!
Еве ме си дремам на нет со чаша какао до мене. Мојот рецепт е: лажиче полно до врв какао + нецело лажиче шеќер + лажиче полно до врв Несквик!