Моето човече прави најубаво какао на свет. Одите по „рецептот“ на Брајт и плус додавате малку млекце и наросувате цимет. П.С. Јас воопшто не ставам шеќер, а од Несквикот ставам пола лажиче или цело, ама рамно. Пред некое време, мајка ми ја зезнала работата со какаото. Спојлер Имаше купено вакво, YUMIS и искрено - не ви го препорачувам. Го споредив со минатото што го имавме купено и немаа блага веза - ова е претемно, мириса остро и грубо е на вкус. Колку и да ставам Несквик или млеко, не може да се замаскира вкусот и прегорко е, дури со цело лажиче шеќер. Јас обожавам горко кафе или какао, ама ова беше претерано. Среќа моја, го испив конечно.
Јас секојдневно пијам. Еве до мене е пак Порано Неквик го пиев многу. Ама мене ми беше убав вкусот и без млеко и со брат ми само го јадевме И после тоа мајка ми го смени, сега веќе со години скроз обично ама многу ми е подобро од сите други
мн ми е вкусно и нон-стоп пијам особено она на Краш што е и Несквик, другите не ми се така по мерак. последното што го купив беше од она на Агроплод и не ми се бендиса
Обожавам какао. Не знам како го правите вие, ама мене ми е најубаво сварено со пола чаша млеко, пола чаша вода, две лажички какао и една лажичка шеќер, прекрасно е
пијам какао и тоа од Краш, со рамна лажичка шеќер, го варам со вода и на крај додавам млекце. може и со цимет. воедно го убива и гладот и штити од срцеви заболувања, ја подобрува циркулацијата, со што ги шири крвните садови и не дозволува згрутчување на крвта, го подобрува помнењето и концентрацијата, во однос на кафето треба да се испијат 20 шолји какао како една шолја кафе. поздраво е и држи буден иако нема кофеин. наутро е најдобро да се пие, не го зголемува крвниот притисок! ова од лекар кажано сега секое утро си правам какао на работа, си купувам од оние млекцата малечки за кафе и супер ми е
.. ..иако сум голема кафеџика,пред неколку години имав проблем со крвната слика.и лекарот ми препорача токму кафето да го заменам со какао..морав,ама за среќа толку се навикнав на него така да го пијам често,посебно Нестле..и ако осетам потреба од чоколадо а немам при рака одма клавам какао,а го варам на класичен начин,вода,какао и во ѓезве на рингла. ...
Какаото не го обожавав многу, ама овие Велигденски пости постев без зејтин, па почнав да пијам по некоја шолја дневно. Не знам чие производство е какаото што го имам дома, ама многу ми беше вкусно и без млеко. Со млеко па ми е уште поубаво!