Тоа е. Некои го гледаат како бел со златно, некои син со црно. Трето нема. Мене стварно не ми е јасно како можете бел со златно да гледате. Има некој постручен да објасни? Инаку, ако мислите дека гледате различни слики, не е тоа. Прееска сестра ми и јас во иста гледавме и таа вика бел со златно, а јас обратно. Си има некаква врска со мозокот веројатно... или шо знам.
Која иронија... Тантелата ја гледам златна. Дури и бело гледам под неа. Од фустанот. 100 пати повторив ама морам. И зјапам во сликава за секој случај да не видам друго, ама не. Нема друго
Истата слика е, ја видов сабајле на инстаграм беше златно бела, анина ја постираше во темата за 40години...па сега Лела тука, и беше бел со златна чипка. Сега после некое време истото го гледам како син со црна чипка. ?????? Има некоја финта
Вака:кога ќе погледнеш од прва изгледа бел со златно, поточно ако му удриш само еден блиц поглед ама ако се загледаш во него повеќе време видот почнува да ти се заматува и тантелата оди накај црно, а белото станува светло плаво.Мислам дека оти е со линии го манипулира мозокот.Оптичка варка. Моја теорија.
Нема финта, не знам дали сте ја прочитале статијата на фемина. Мајката на една невеста на некоја свадба го сликала фустанот и го пратила на ќерката, а ќерката го покажала да мажот што ќе и’ е, и почнале да спорат. Покажале и на пријателите и не се согласувале. Потоа пејачката во бендот на свадбата мислам ја ставила сликата на Тумблр и тогаш стана популарна. Не знам зошто различно ја гледаме, стварно не знам. Едит: За оптичка варка не е, јас на почеток бело со златно гледав, и тоа не само на прв поглед, ама потоа ми се пренасочи на сино-црн и оттогш не сум го видела во златна варијантa. Едит 2: Зарем и на малите сликички каде што ме цитиравте го гледате златно со бело? Ауу, стварно чудно.
Јас го видов златно со бело, па се загледав во него повеќе време и се прикажа свело плаво со црна тантела ама па го гледам златно со бело.Не знам што е работата.Вааљда е нешто потсвесно.Ако се убедиме дека го гледаме црн со плаво и после не можеме да го гледаме поинаку.
Развршница на дилемата http://happyplace.someecards.com/th...mb-friend-thinks-the-dress-is-black-and-blue/
Дали јас не го разбрав баш ова, или зависи од тоа дали мозокот ќе претпостави дека на сликата е ден или ноќ? Пробувам да замислам со ден и со ноќ, ама факинг црно-син, бе.
Јас сега ја видов темата.Отпрвин ми се виде дека тантелата е кафеава,а потоа видов дека е врна.Се согласувам дека фустанот е син со црно.И кога првпат ја видов сликата малку ме болеа очите затоа што сликата е создадена за да создаде опшичка илузија.Како и да е,сликата може добро да го зафркне некој,нема шега со неа!
Овде е темно син со црно. Зависи мислам од големината на сликата од блицот а и од кој агол ја гледаме сликата .