кога ја постира фотографијава фустанот беше бело со златно сега гледам дека е сино со црно а истата слика беше
Значи син со црно е, цел ден го зјапам и не сум видела нигде златно, а камо ли пак бело Можно е да ви се гледа златно горе зошто најверојатно е ставен некој ефект на сликата, sepia или сличен, ама далеку е од златно!
Ауууу... чудна работа, бре. Кога ја отворив темата и почнав да читам од последните постови па накај првите ми се гледаше златен. Кога ја отворив првата страна го видов плаво со црно, па за еден момент краток ми се виде златен со бела. Сега пак го гледам црно со плаво (темна). Ја вртам главата лево-десно, горе-доле, напред-назад да не ќе го видам пак златен ама нејќи. Оваа навистина е чудно.
Не е до ефектот, дури и на сликата без ефект се гледа чисто бело кај делот кој што треба да биде плав и јасна златна боја онаму каде што треба да има црна чипка. Поздрав @anina, овие не ни веруваат ама ако, не им верувале ниту на големите умови некогаш, па што.
The new fifty shades Иначе јас сум од оние поделените, првпат кога го стави Лелка во СП го гледав како бел со златно, поточно баш како левата страна на сликава и се изначудив пошто не ни знаев за финтава. Кога ја исклучив страната и пак ја уклучив, оттогаш ми е цело време син со црно и сеа им се чудам на тие што им се гледа златно бел Као компромис, каков и да е, грд е
Е на оригиналот се гледа дека е кралска сина со црна, а еве како е постигнат тој ефект на бело со златно :
Aбе зошто фустанот ви е грд, и моделот ли различно го гледаме ? Баш е убав моделот, е бојата незнам за кого-како е убава..
И мене ми се допадна моделот ама не сакав да споменам за да не ве загрижам уште повеќе @sanjaeva , го споредив со се и пак е бел со златно. И тоа ги гледам убаво изразени боите. Малку ми е потемен отколку првите пати кога отворив ама белото преминало во валкано бело а златното си стои златно
Исто и мене специ, ама ај викам ќе ја спуштим сликава, и кога ја спуштив бело-златно беше, по некое време да и ја покажам на сестра ми тогаш беше плаво-црно ...многу чудно
Лелеееј ќе излезам од кожа. И викам на керка ми дојди види го фустанов - каква боја е? Ехх па портокалов Е како портокалов? ... па гледа, гледа - абе портокалов со кафеаво, значи знатен и бела основа. (ми олесна што барем единствена не гледа портокалово, но со надеж очекував дека ќе види тоа што гледам) @Mishela , @anina ви ја праќам .... јас ова по дома неможам да толерирам
Абе оваа де не е нешто со бојата на очите.. Јас имам плави очи и го гледам како плаво.. а вие што го гледате златно изгледа имате кафени очи.. Не ми замерувајте за тоа што почнав да трескам глупости, спубадалев од преѓеска, од волку гледање..
Многу физика не е на арно. @sanjaeva, давај тука девојчето, си ја примаме во клубот, а ако сакаш еве земи го брат ми, цел ден водиме војни и се труди да ми докаже како фустанот бил плав со црно. Засега, неуспешно.
Јас рано сабајле се разбудив и одма на инстаграм сликава ја гледам кренала некоја фама и си викам што е чудно за фустанов и почнав коментари да читам дека сите различо го гледаат. Јас го видов како бел со златно. И си презаспав и баш си реков кога ќе се разбудам ќе ја побарам истата слика да видам дали има разлика. И не ми се веруваше фустанот го гледав плав со црно. И сега на прв поглед кога ќе го видам ми изгледа бел, а после плав.. Незнам што е работава, ама интересно е. Ги очекувам на Елен Шоу овие со фустанов да се појават
И син ми го виде син со црно. Ама бидејќи секогаш е на страната на мама му вика на мм „Е сега и јас го гледам бел со златно„ И оди со прстот и на белото/ синото покажува и вели „Еве ова е златно„ а на златното/црното „А ова е бело, така мамо„ А мм „Еве и другиот член на фамилијата стана далтонист„
Клуч за темава и заборавете го фустанов иначе на нерва ќе не удри ( еве и оваа со белава сукња што шета ме нервира )