За мене е плав со црно и стварно не сфаќам како гледате бело на сликава! Со сестра ми се убедувавме до сега, она вика дека е бел со златно и решивме дека е доста интернет за денес.
Баш прееска ми спомна другарка ми за каква боја е. Јас уште првиот пат штом го погледнав ми беше бел со златно Стварно се зачудив што има некој што црн со сино го гледа..
Лееелееееее цел ден се џарам во овај пусти фустан, стално бел со златно ми е. 100000 пати го погледнав мислејќи дека ќе се смени и дека ете и јас ќе видам синила црнила ама никако
Utre ce kupam zolta,bela,plava i crna boja i ce probam da go skeniram fustanot ..pa da vidam dali taka skeniran ce se pogodime nije domasnite inace vaka mozi da se kontrame i po 100 god
Аман бре, од што направија по нетов сензација... Вчера цел ден се објаснував со луѓе...ајде и на форумов ќе пробам. Контрастот и светлината на речиси сите монитори ви се различни, а постојат и компјутери на кои одредена боја е послаба/понезастапена. Црвена, зелена и сина т.е. RGB се основите, па ако ви фали црвена, многу е логично златната да ја гледате ко црна зашто ѝ се губи топлината, а во белото останува да преовладуваат студените т.е. зелените и сините тонови, што го прават да делува сино/ладно. Толку е едноставно. Плус, ако имате поголем контраст и/или го гледате под агол - потемен делува, а тоа е и делумно поради сенката, која, нормално и логично - додава сивило. Црната не може да се осветли до степен да стане светло кафеава/златна, без белиот дел на фустанот да делува речиси невидливо. Огромен контраст треба за тоа. Никакви рефлектори, никакви ефекти...ништо. Спојлер: грдиот фустан Сликиве кај што е претставено градуално менување, се намерно затемнети или осветлени за да се докаже поента. Биказ народот обожава кога е во право, макар и со иље. Али еве, поаѓам од десниот т.е. сино-црниот...и од најтемниот дел да се земе примерок, кога ќе го осветлуваш, стануваат јасни неговите вистински тонови. Или сликовито: Спојлер: златна Фокусирајте се на монохроматските бои, ќе видите колку нијансата може да се движи од црна добиена од златна основа до посветло златна. Колку и да ви се затемнети мониторите, ќе се види разлика. И најголем доказ - земената најтемна нијанса од фустанот што ви делува црна, споредена со позадина што всушност Е црна. Исто и за бело-сината дилема. Белата во темно знае да делува ко сива со синкаст подтон...посебно, нели, ако се навратиме на тоа дека фали црвената. Али ако направиме споредба ко погоре, ќе се добие спектарот, кој, додуша, пак не е чисто бел, ама тоа се должи на лошата камера и светло. Спојлер: бела Никој нит е слеп, нит глуп, нит далтонист...али компјутерите/телефоните ви се, ако им фалат бои.
Како што на мониторот знае да му фали боја, знае и на окото...што не значи тоа дека човек е болен или далтонист. Затоа и настанува забуната, па најлогично е да се изберат нијансите компјутерски и ќе го добиеш точниот извор на бојата, или уште подобро - дијапазонот кој не може да лаже. Јас имам ташна што ја гледам ко песок-кафеава, мајка ми ја гледа сива, а всушност, според компјутерски генерираната нијанса, е нешто измеѓу. Инаку и двете имаме одличен вид. Едит: Конечно најдов агол од кој ми изгледа црно-тегет!
Втор ден како се ѕверам во фустанов и бојата е таа, син со црно. Го прашувам мм која боја е фустанот, ми вели син со маслинесто зелено!
Аман со фустанов веќе! Вака да се секиравме околу работите кои се важни, може и ќе направевме некоја промена!
Втор ден, и кај мене син со црно. И престанете да велите дека тие што гледале црн со сино нешто им фали, и обратно. Да, знаеме, вие сте најпаметните, најубаво гледате.
Јас цело време го гледам син со црно. Од компјутер, од лаптоп, од мобилен и од таблет. Дури и на сите фотографии со различна изложеност на светлина го гледам сино-црн. Само 30% од луѓето го гледаат фустанот сино-црн. Кои бои ги гледаме зависи од конусите во очите кои помагаат при денско гледање. Луѓето кои го гледаат фустанот како сино-црн имаат активни конуси. Во следниот линк има објаснување за трите тима - сино-црн - бело-златен - сите оние кои фустанот го гледаат со поинакви бои Спојлер: линк https://www.yahoo.com/health/what-thedress-color-you-see-says-about-you-112243093272.html Инаку оригиналниот фустан е СИН СО ЦРНО Спојлер: извор оригинално го постира Caitlin McNeill која присуствувала на свадбата каде фамозниот фустан бил носен http://www.businessinsider.com/amazon-reviews-color-changing-dress-2015-2 http://www.businessinsider.com/origin-of-white-gold-or-black-blue-dress-2015-2
Побудалев со фустанов. Па дури и сестра ми вика покажи го на мама,и сега ме прават глупа .Викаат сино со црно бил,ја гледам жолто/златно со бело :3