1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква е атмосферата во вашиот дом?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од AliceVanNacht, 29 мај 2011.

  1. AliceVanNacht

    AliceVanNacht Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Незнам зошто ама секогаш кога ќе дојдат другарки или другари кај мене сакат да спијат...xD
    Сега вие сте на ред... :D
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Одлична.
    Моите никогаш не правеле проблем за гости.
    Ниту за преспивање, ручеци, вечери, чајанки, пијанки... обожаваме гости.
    Куќата што е полна е секогаш прекрасна.

    Кога си одмараме, секој си има своја соба.
    Нема тепачка за далечинскиот - секој си има свој тв.
    Кога се караме и викаме - тоа го правиме на нивоУ, кога се радуваме - бетер. :D

    Најубаво ми е дома. :)
    Луѓето кои постојано ѕенѕаат надвор и не сакаат да се приберат дома, претпоставувам дека не чувствуваат никаква топлина, ниту приврзаност кон домот.
    Кај мене е обратно, само дома си е дома.

    Ја сакам атмосферата по дома, иако семејниот ручек ми е малку терсене, зашто најчесто тогаш почнуваме со дебати, закачки и теории на хаосот, а јас просто не сакам уживањето наречено храна да го мешам со негативна енергија.
    Се' друго е 5.
     
    На Leo girl, Ana Chio, V.odolija и 15 други им се допаѓа ова.
  3. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Дома се чувствувам најубаво. Во мојот дом сум среќна, безбедна и сакана. Имам прекрасно семејство кое се грижи за мене. Секогаш сме тука еден за друг. Се разбира има и караници но се се решава со разговор. Можам да викнам другарки кога сакам, да јадам кога сакам, да гледам тв кога сакам :) Го обожавам моето семејство, посебно сестра ми. Животот би го дала за нив и тие за мене :) Многу сум среќна што сум дел од ова семејство :) Многу ги ценам и почитувам моите родители и се грижам за сестра ми. Најважно од се во животот за мене е семејството, тоа е тука да ти помогне кога другите ти го вртат грбот.
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Не сакам да ми доаѓаат гости претерано многу, домот, особено собата си ги гледам како прибежиште.
    Ми даваат такво чувство на сигурност, приватност што не сакам да ги напуштам овие простории. Така што во принцип не се шетаат многу луѓе освен нас четворица низ дома, но кој и да дојде е топло пречекан.

    Преспивања се имаат случено со братучетка ми, која ја гледав како сестра. Јас се чувствував кај неа како во своја куќа и обратно.
    Најголем шмек додава татко ми, многу си го сакам ама моето Сиде (човечка верзија на Sid од Ice age е, така го викаме со години) е прав циркузант и ги смее другарките/другарите до солзи. :)
    Најверојатно тој има најголем придонес за пријатноста која владее дома кога некој е тука. Не гледаат намќорести лица и човек со кој не можеш 5 реда муабет да поправиш. :)

    Негативната енергија преовладува само кога некој од нас има навистина лош ден, а не дај боже пак на повеќе души од еднаш. :D
     
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Не сакам гости секој ден дома.
    Сакам да се одмарам и да уживам, но за жал тоа често е невозможно поради проблемите дома што ги имам.
     
  6. BubeFeminka

    BubeFeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    дома си е дома....аама мојата дома во Штип (таму студирам и живеам под стан) е не заменлива...никој не мора да вреска по тебе дека постелата не ти е средена или дека садевите не се измиени или дека премногу спиеш, дека малку јадеше....едноставно кулирааааам 1000% ама сепак и дома ми е убаво, нон стоп со гости со другарки, со пријатели, друг мисли што ќе јадеш, ти даваат пари секој ден колку ќе си посакаш, не му ја мислиш за ништоо...охх како да направам комбинација од двете.... :lol: :lol: :lol:
     
    На Cello-PlaYer му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Атмосферата.... па секој ден викање по сестра ми да си ги чита книгите, може по некоја расправија за глупости, но сепак добра е :D :D
     
  8. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Одлична!!! Без семејни караници и такви слични ствари!!! Дома си е дома... дома ми е најубаво!!!
     
  9. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Си ја сакам домичка.Како хороскопски знак-рак,мн сум приврзана за домот,па сакам голем дел од времето дома да поминувам.Ама сепак,кога убавото време ме мами да излезам надвор,не можам да му одолеам.. :D Но,во принцип не поминувам мн време оддалечена од домот.Прекрасна атмосфера,зрачи топлина насекаде...Ма, прекраснотии. :wasntme:
     
  10. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Ееех, мило ми е за вас девојки ама кај мене дома баш и не владее хармонија. Горе-доле растев сама. Моите постојано патуваа. Домот ми е некако студен. Уреден, наместен. Џабе што кога ке дојдат другарки ми се одушевуваат на домот кога мене не ми е убаво. Си го сакам домот ама сепак не би рекла дека се чувствувам најубаво. Не памтам кога последен пат заедно сум ручала со најблиското семејство. :( Повеќе сакам да сум надвор, на отворено. Инаку, често ми доаѓаат другарки дома и тогаш ми е подобро и повесело. :)
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    Насабајле нервозна. Кој како станува од сон мајка ми одма со некои забелешки на врата те сопка, зошто вака зошто така. Ако нејзе и се сите овци на број па ние сме станале на лева нога галамиме зошто не е јадењето готово, зошто е ладно. Е како оди денот натака има се попријатна атмосфера. Брат ми и татко ми најзаслужни се за тоа, имаат јака смисла за хумор, некој муабет и да тргне на кавга тие на смеење ке го свртат. Има ситни кавги, нервози, болести како во секоја кука ама секогаш заедно разговараме за проблемите. Прекрасна атмосфера дури мислам дека јас сум најнегативна личност во куќава.
     
  12. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    Каква е атмосферата на вашата куќа??

    мојата прва дома кај моите беше џунгла брате права џунгла :D :D :D нон стоп со гости од сабајле до ноке....нашето муабетење беше се на висок глас ама то си беше так нормално :D си бевме така научени 90%развеселени а другите 10%си беа за карање ама шукур брзо ни врвеше :)
    е сега ко се омажив прво седевме кај in laws :) и тишинаааааааааааа чоече едвај се навикнав без толку гости и галама на сите страни ко автобуска станица....и плус нашата дијаспора не се многу за по кафиња да ти идат секој ден....освен за викенд..... :!: па после неколку месеци ко се осамостоивме си бев сама преку ден и си го рокнував радиото дури не се роди срцушко мој.сега научив нормално да го слушам радиото и да зборвиме детски....сакам гостииииииииииииииии ама кој бе комшите ми се кинези италјанци и индијанци...... :^) италјанката некоаш идет за кафе ама си ојт на работа и така си чекам јас некој да дојдит за кафенце во друштво....ми фалит бе ми фалит |(
     
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Од моја гледна точка-прилично напнато е дома.Цело време некој ми се качува на глава.Па напрај ова, па напрај она...Слугинка да бев, подобро ќе беше-барем ќе добивав плата за работата што ја правам.А од пред една недела се влоши ситуацијата-ја добив и улогата на дактилографка за проект што не е ни моја работа туку на некој друг дома...Прв пат ова ми се случува-сакам да заврши распустов, да ми почне школска година за да можам да имам изговор, кога ќе ми речат по дома да направам нешто... :fubar: :swear:
     
  14. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    На нашиот спрат е прилично мирна,инаку општо куќава е како пренадуен балон напната многу. :(
     
  15. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    хармонично, со чести гости :) коа се караме комшиите секој пат се повеќе се каат што се преселиле ваму али сепак уникатни сме си :)) и тоа мн
     
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Во куќата суперр нонстоп гости имаме,нема ни проблеми ни кавги,некогаш јас и мајка ми,тогаш јас најгласна сумм :lol: ,како и да е имам супер комшии! :D
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Понекогаш напнато, понекогаш релаксирано. Зависи.
    Наутро кога сите се спремаме за некаде е најхаотично. Секој вика по секого, сите во трчање и брзање, секој гледа што побрзо да се спреми.
    Без разлика на се, мислам дека сите успеваме да добиеме приватност кога ни е потребна.
    Понекогаш се караме, што е нормално и неизбежно, но за среќа брзо го пребродуваме тоа и почесто владее мир кај нас. Се на се убава атмосфера.
     
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Да дојдевте пред едно саат време ќе си речевте ова не е куќа, лудница е :rofl:
    Озбилно, атмосферата до даска опуштена, луди луѓе, луди шали, луди гости, уште полуди гости, ама домашниве ми се врв, се некој се хистеризира, се смее, расфрла, бара, урла, се кара, се гушка, се бацува, се претерува по соби, е сега ко ќе не фати некоја амнестија сите сме поспани ко бајчина и нема мува да шушне, ама после наспани ајмо Јово на ново. Дури и често една комшивка знае да каже, кај вас идам да ми се тргнат нервозиве од глава :wasntme: А бе убајни, слобода, љубов и недоразбирања :D Штознам, сум била гостин секаде, одредени фамилии премногу си ги почитувам и сакам, ама се чудам кај ќе се пикам ко ќе треба да си одам од мојава дома, никаде не ми се оди да гледам уфилмани и крути фаци, си ја сакам лудницава по дома :worried:
     
  19. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    433
    Ненормална,сите плихата ги пука...можи да се случи се да е океј,ама во следниот момент да настани хаос..мама и татко ги пука климе,дада пубертет,а јас некаде од пострана кулирам!!

    во секој случај далеку од сјајно,а и од добро далеку сме!!
     
  20. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Па сега кога како ,кога има пари сите среќни и задоволни а кога има помалку и не стасува за се ќе се испоколеме :D
    Ама добро дома си е дома,мојот дом е моја зона на комфор и се чувствувам убаво и безбедно дома. :)