Само јас и јариштето сме дома. Сите на работа, а само ние сааами.Некоја траума има, ама озбилно голема доживеано, оти, почна да спие на висачите у кујна. Освен со скала да се качам, поинаку не ја достигнувам. Ама, штом за јадење се симиња и , а влезеш у кујна ја слушаш како се чепати и препелка.. ок е,ваљда. Малку ме загрижува ова нејзиното Другиве сите се обично стабилни, колку што се може...така да, не е од нешто што сум зготвила овие три дена дур сум дома.
Супер е атмосферата дома денеска..мајка ми и татко ми се на работа.Јас и брат ми сме дома сами,јас го минам времето на лап топот а тој на таблето игра некој игрички. Уживам со кафе и кока кола многу со мраз
Мајка ми и татко ми се на работа, а јас, сестра ми и уште две комшики гледаме The Ring и си пиеме сокче и грицкаме чипс
Денес сите се насмеани,и ја го дочекав денот коа сите ке бидат среќни!Фала ти Господе.Иначе секогаш е прилично напната,секој на секого се издерава...
кај мене секогаш си е веселоо, многу си ги сакам моите, живеам само со мајка ми и татко ми, брат сестра немам, и такаа...
Весело,но во одредени моменти има и караници како и во секое семејство. Доволно се разбирам со моите родители,може да се каже премногу добро. ''ЗАБЕГАНИ'' и весели во секој момент.Разговарам со нив на секоја тема и што треба и што не треба. Но едноставно такви се не се срамат ништо да ми речат или прашаат,а јас го ценам и уживам во тоа. Многу ми се допаѓа тоа што секогаш се отворени со мене.
Прекрасно.Значи би сакала некогаш да имам брак како што имаат мама и тато.Таква љубов ретко се среќава.Голема среќничка сум поради тоа.Ги обожавам.Си имам и постар брат кој исто така ми е се на свет.Хармонична атмосфера и многу ни е пријатно.Дома се чувстувавам најубаво и најопуштено
Напната. Моите дома секојдневно се караат. Лицата често им се намуртени. А со тоа и јас придобивам од нивната негативна енергија и затоа можеби и јас сум често негативна и намуртена. Со татко ми воопшто не сум блиска. Кога морам со него да разговарам : аwkward moment.. Затоа повеќе сакам да сум сама.