Фина, тивка и хармонична ,моите во дневната со нивните серии,јас на другиот дел од станот (музика ,компјутериве или некоја занимација) .Ги сакам викендите кога се внуците на гости, се прави и малце галама ...
Искрено не ми се допаѓа многу бидејќи доста често сум сама. И кога има некој дома е или на компјутер или пред телевизор, немаме многу заедничка комуникација. Брат ми знае да се расправа и за глупости како зашто си му ја средил собата. Јас сонувам за топол дом во буквална смисла на зборот каде што сите сме поврзани. Сонувам да го создадам домот од моите соништа со саканиот, здравје боже.
Паа не е лоша, родителите често се во својата соба си гледаат што сакаат јас во дневна си седам, навечер откако сите ке пододмориме седиме заедно и се смееме но во секој случај ми се допаѓа
Искрено домот секогаш ми бил убаво нешто, нешто каде што секогаш сум сакала да се враќам. За сето тоа се заслужни моите родители. Атмосферата секогаш била одлична. Знаеме сите четворица да седиме навечер и да се смееме од срце. Си имаме наши зафрканции. Секој ден еден е на тапет. Некогаш јас сум таа на чија сметка се шегите, некогаш мајка ми, и така сите со ред. Често ни се случува да не можеме ни да дојадеме на ручек затоа што некој кажал нешто, друг додал и тука општа комедија настанува. Убаво ми е дома, имаме многу хармонија и топлина. Ми се случувало многу пати, другарки или пак последно дечко ми да ми кажат дека убаво им е кај мене и чувствуваат топлина. Моите никогаш немале некои проблеми помеѓу нив, нит па се карале. Знаат да се "скараат" само за тоа колку години имал некој глумец или пејач. И тука обично прво се "караат", се препираат, па се кладат и после одма бараат на википедија да видат кој бил во право. Еднаш кладбата беше тој што ќе победи да му удри клоца на другиот. Е до толку се... забегани. Нормално е да има несогласувања, секаде ги има ама тоа обично било само заради мојот пубертет (кој одамна го поминав) или па сега со сестра ми нешто да запне во врска со школо и такви работи. Инаку другото се' сме решавале со разговор и договор. И јас сакам да имам таква хармонија во домот кога здравје ќе се омажам.
Па мајка ми стално се дере или по мене, или по татко ми, или по сестра ми. Ние не се замараме, не ја многу слушаме. Инаку така добра атмосфера е. Не е толку лошо, ама може подобро. Татко ми и сестра ми не се често дома, јас со школово по пола ден не сум дома а мајка ми си е сама.
Никаква Како да се помирив со ова,ја потиснав тагата, но на моменти повторно ме обзема. Се прашувам зошто баш мене ме снајде ова,јас што секогаш сум да тука да му помогнам на некој,да го ислушам,да му дадам совет,јас што не му мислам лошо на никој.Едноставно нема одговор.Само тој што го доживеал ова ќе може да ме сфати.Цабе и толку успеси кога немам со кој да ги споделам,немам со кој да споделам,радост,тага,нема кој да ми даде совет.Атмосфера никаква.А само да беше поинаку колку ли јас ќе бев подруга а не вака со разнишана самодоверба.Си вриштам во себе затоа што знам дека еден дел ќе ми фали цел живот,празнина што никој нема да ми ја пополни
Моментално дискотека ни е дома Само малце е лудница зашто на телевизорот свири едно, кај мене друго, кај Цим трето Ама си се сложуваме ние http://www.youtube.com/watch?v=FUui4lY36_8
Најчеста слика во мојот дом е мајка ми кај се дере по сите нас(мене,татко ми,сестра ми)зошто не сме си ги средиле алиштата или пак да сме станале да поработиме нешто цел ден покомпјутери и телевизори сме седеле Ама всушност таа е тој кој што ни ја разигрува атмосферата и затоа во целост е интересна и хумористична атмосфера.Но секогаш знае да се има и по некоја посеризона караница.
Кој на каде јас учам и само се жалам од школо, мама малку на ком малку на ТВ, татко ми на ТВ, сестра ми куќата ја руши и така