Никаква. Како и секогаш. Имаме озбилна грешка во комуникација и висок левел на игнорирање. Навикната сум да ми биде сеедно, така да ништо не ми е чудно. Всушност не се сеќавам на ниту еден позитивен ден кај нас дома. Ама се живее некако де...
Посебно овие изминати 4 5 месеци атмосферата во куќава е посебна, магична... од сите страни се слушаат гласните насмевки на членовите на моето семејство, некако сите се расположени, стандард се има по некоја особа во текот на денот која ни е на мене и татко ми на тапет и се смееме на нејзина сметка без престан што во најчест слујчај е мајка ми. За пречекување на гости секогаш сме огромно за еве како на пример цел ден се вршат подготовки и нестрпливо се чека утрешниот ден кога на гости ќе дојдат едни многу сакани роднини со кои секогаш кога сме заедно цела населба знае се слуша џагорот наш насекаде секогаш со нив е весело и забавно ја чуствувам еуфоријата уште сега, нестрпливо чекам да ги слушнам контрањата помеѓу татко м и и тетин ми (нормално тоа е само нивно зезање во кое не постојат лутки)
Понекогаш напната и тензична но речиси секогаш исполнета со детски џагор, расфрлани играчки, импровизирани вреќи за спиење (за да не собере сите)
Хахахаха како ја да сум го пишувала ова!!! Само што ја толку сум отрпната што кај мене у соба е посебна атмосфера, најпозитивна што може, во другиот дел каква сака нека е!!
хахахахахахахаххахахахаххахахахах не сте едниствени мене одсекогаш се ми било свеедно рамнодушна сум на се што се случува кај нас дома
Прекрасна. Имам прекрасни родители, отворени, хумани, добродушни, заебанти. Кај мене е нон-стоп полно со гости и луѓе. Такви се моите родители, сакаат дружење. Никогаш не им сметале моите другари и никогаш не правеле фаци кога ќе се довлечкаат еден куп другари на врата со пивце и малку мезе Кавги и залутени периоди имало секогаш и ќе има, но на крај останува нашата љубов. Ме карале, ме пцуеле, сум викал и јас, но ме носеле на раце кога требало. Никогаш нема да им ја заборавам несебичната љубов и прекрасното детство што ми го овозможиле. Посакувам среќно семејство и топол дом на сите. Ако го немате барем потрудете се утре да им го овозможите тоа на своите деца.
Сите оние кои имате дечиња никогаш не заборавајте на ова. Јас знам дека во мојот дом (здравје еден ден кога ќе го има) никогаш нема да има атмосфера во каква пораснав јас Ако веќе нема избор подобро сами, отколку во нефункционално семејство.
Позитивна, опуштена... Многу нормално има денови кога сите се напнати и нервозни, ама се поминува... Како и да е обожавам да сум дома.
Кога живеев со моите беше секаква, ама најчесто никаква. Ретко имаше моменти да се чувствувам удобно, и обично моменти кога се чувствував убаво беше кога сум сама, или кога сите спијат веќе. Сега, со моето семејство, се трудам и сакам ниеден член да не се почуствува така да би радије бил било каде освен дома. Дом е свето место, позитивно, исполнето со радост, мир. Дом е прибежиште, сигурност, да добиеш заштита кога надвор беснеат бури околу тебе... Таков дом ни е сега, таков се молам секогаш да ни биде.
Хармонична,убава,баш некако семејна ако може така да се каже Секако има и некои не толку добри денови,ама во целост куќата ни е исполнета со љубов,разбирање,меѓусебна доверба... Работи на кои не учат нашите секогаш...