1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква е атмосферата во вашиот дом?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од AliceVanNacht, 29 мај 2011.

  1. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Одлична :)
    И јас несакам секој ден гости, а најмногу уживам кога сум сама.
    Семејни ручеци обожавам, цело семејство на куп собрано :D
    А да, и убаво ми е кога ќе си седнеме сите четворица во дневна и си разговараме, се смееме :)
     
  2. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Пријатна.Веројатно бидејки секој член дел од проблемите(дали врзани со факултет или работа)ги оставаме пред вратата,несакајки да се оптоваруваме,нормално доколку е нешто толерантно и пролазно.
    Не се караме,не хистеришаме,тивки сме,дури повеке и шепкаме,со цел да бидеме што помалку бучни,сложни сме,еден за друг се даваме и жртвуваме ако е потребно за нешто.Во недела сме сите собрани(ретко да не е така),бидејки во текот на работната недела кој влегол,кој излегол,кој спие,кој сам јаде и сл,ама тоа се обврските,затоа ги обожавам брзите ручеци во недела,па дури и кога татко ми ке почне да филозофира. :D
    Живееме во хармонија,а најмногу во љубов,едноставно ги обожавам моите и сестрами,станот,и се останато! :)
     
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    4.981
    Порано како помала многу сакав кога ќе ме оставеа моите сама за викенд (иако тоа не се случуваше често), но пред неколку години еден Велигден бев сама, со изговор дека ќе седам дома и "Ќе учам". Се сеќавам дека цел викенд ми беше премногу тешко бидејки немав со кој да го поминам ручекот за празник, кој сама си го направив и сама си го изедов. Другарки неможев да викнав, сите со фамилиите, нормално. Од тогаш немам останато сама, (што на мои години е срамота да кажам :o ) но сепак ја обожавам атмосферата кога сите сме заедно. Единствена желба ми е фамилијата што ќе ја створам во иднина да ја чувствува топлината која јас ја чуствувам во мојот дом.
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Најубава! На моменти не сакам да е до толку, искрено, душата ме боле кога ќе ми текне дека за некоја година заминувам засекогаш од дома, толку топла и нај пријатна атмосфера имаме дома, нонстоп насмеани лица, позитивни сме сите, нонстоп муабети од цара до стопана, се најнај, нормално има и лоши денови али мн ретко, и кога некој има лош ден, наместо да не направи сите нервозни одма се решава проблемот, или пак правиме се за тој едниот да го расположиме за нијанса.
    Си ги сакам најмногу моите најмили и срце ме боле шо сме разделени вака јас Ск студирам за викнеди си идам, некогаш на помалку време.... Но, самостална сум, ама многу носталгична и многу би сакала да сум си со нив многу повеќе време..
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Домава во Скопје ми е како автобуска станица: нон-стоп има некој кој тука не живее :D И тоа воопшто не ми пречи. Напротив, така сум израсната, и мноооогу сакам кога ми доаѓаат гости.
    Се случува да се закараме некогаш, најмногу затоа што на моменти се чувствувам како да сум разведена со старателство над две деца :D (се смеам, иако не е за смеење, туку е очајно), али брзо ни поминува на тројцата.
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Празна,колку и да се трудиме сите да не се осеќа тоа.Има празнина,дупка која се осеќа и не се пополнува.Хармонична не е ни тоа, трудење сепак има,и барем постои мир и љубов сеуште.
    Топла беше,ах колку ја обожавав атмосферата дома! Темата ме враќа неколку години наназад кога ја обожавав таа фамилијарна атмосфера која даваѓе чувство на сигурност и заштита.
    .Неописливо е да имаш хармонија и топлина дома.Нешто што ми фали проклето.Кога вежбав со тато математика и на тестовите ми даваше 3ки :lol: плачев кај мама а она го караше :!: Ручекот кога секој си кажуваше како му бил денот.Кафето после него.Мрчењето на мама со татко ми да ги симнеме нозете од масичката кај што пиевме кафе зашто ќе сме и ја скршеле :lol: Мрчењето на тато да ги гасиме шпанските серии и да му пуштиме фудбал.Седењето навечер со чај за нив а млеко со несквик за нас.Легнувањето во кревет на мене и сестра ми а нивната смеа или кавга од другата соба.Тука,заедно......
    Сабота и недела-заеднички доручек задолжителен и ручек.Кога се враќав од Скопје не ми се излегуваше надоле,сакав да си седам со нив,на топло и да им раскажувам за Скопје а тие да префрлат некој совет.
    Секогаш не било идеално не,имало и кавги и викање ,ама целата работа е во зборот фамилија под еден покрив.Многу љубов и топлина.Мене сега душата ми се кине додека го пишував ова зошто се присетив на животот пред и после него,така е поделен ;(
     
    На Lolipop23, enca.69, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  8. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    КАТАСТРОФАЛНА |( Чао пријатно ! 8)
     
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Беше весела, пријатна, опуштена, топла, исполнета со љубов, радост, смеа, топлина, блискост...веќе 5 години не е така. Некој фали, а фалат и многу работи. Не велам дека се било совршено и немало неубави моменти, или не сме се скарале ама можам да кажам дека нам ни беше најубаво.
    Ќе ги занемарам негативните влијанија на другите луѓе од семејството, и онака ни љубомореа и завидуваа на нашата среќа, но не се важни. И сега ги има, има и нервоза и напнатост, но ги игнорираме.
    И сега е добро, останавме ние трите и продолживме да функционираме како едно. Атмосферата пак е убава, понекогаш не толку,пак се смееме, се радуваме, но сепак и во најголемиот момент на среќа се чувствува дека некој фали и ќе фали и дека неговото место секогаш ќе е празно. Неговото отсуство сите не убива. Но, знаеме дека е со нас и од некаде не гледа.
     
    На lackygirl, Miss-dior, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Живеам во голема куќа, исто како во зграда. Приземје дедо ми, втор спрат моето семејство, трет брачеди ми и уште еден празен спрат.
    Си ја сакам куќава, премногу. Секогаш е полна.
    Е конкретно кај мене дома сме тројца - јас, тато и мама.
    Убаво ми е. Премногу. Некогаш едвај чекам да дојде петок,сабота за да можам да останам дома и да не мрдам.
    Не ми е досадно да седам со нив двајца, баш ми се забавни.Премногу сум блиска.
    Интересно е и кога се караме, кавгата е меѓу сите тројца. Секој со секого, баш.
    Инаку, често имаме навика да се собереме горе кај стрико ми или кај нас на ручек , вечера, кафе , игра..е тоа го обожавам.
    Гости, доаѓаат доволно. И се тоа блиски луѓе на моите или мене.
    Е во мојава соба баш и не сакам да ми се шуњаат и да ми седнуваат сите, камоли да се пуши пошо сум болна педантерија и тоа нема да се смени. Ама затоа имам соба плус за мое друштво и така..
    Топло ми е дома, најубаво :)
     
    На Strumfeta93, la-chicka и Hopeful им се допаѓа ова.
  11. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Home sweet home!!! Нема поубаво чувство од тоа кога сум дома,ги нема тие другарки го нема тој дечко ја нема таа забава која би ја заменила атмосферата во мојата куќа..кај нас никогас не е досадно кога и најголеми проблеми да имаме седиме и разговараме ааа некогас и подвикнуваме така малце на повисок тон ама кај и да одам еееј со насмевка си одам дома.голема топлина,посакувам еден ден и мојот дом да биде ваков кога ке се вдомам негде
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    ги читам постовите и се чудам, кај мене дома од секогаш е напнато...или сите траат или се караме...незнам како изгледа хармоничен дом, чудно ми е кога другарките ми кажуваат како сите гледале некоја серија, грицкале кикирики и се смееле...потоа дискутирале за серијата...кај нас дома само за проблеми се збори...некогаш дурии и ако имам да и кажам нешто на сестра ми шепотам да не ја расипам тишината. Гости ммнооогу ретко, кај татко ми никогаш, а кај мајка ми само нејзината другарка доагаа која неможам да ја поднесам. Затоа мислам дека најдобро би функционирала сама...или евентуално да живеам со баба и дедоо кај нив ми е преубаво :| тоа е тоа
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ех, мојата дома. Мојата љубена дома која ми недостига :) Убаво е кога ти недостига нешто. Тогаш знаеш дека ти значи.
    Ми недостига мајка ми со правосмукалката од рани зори, ми недостига баба ми со нејзината желба да пиеме кафе, ми недостигаат моите мачичи да ми тропкаат на вратата за да излезам надвор и да ги изгушкам утрински, ми недостига бучната машина за перење алишта, ми недостига мирисот на дрва во печката и студенилото кое фучи низ отворената врата додека бабичка е надвор да земе од истите, ми недостига мирисот на топла домашна супа кој се распослал низ целата куќа до најгорниот спрат и зезанциите на моите дека капутот ми мириса како во лонец со супа потопен, ми недостига татко ми со неговите нозе врз масичката за кафе и нашето упорно ЖЕНСКО убедување да ги спушти истите долу, ми недостига веќе споменатиот господин со неговото хрчење во кујната во 7 навечер заспан со очилата на него.....

    Можам до бескрај да набројувам што се‘ ми недостига и се надевам дека барем малку ви доловив каква е атмосферата во мојата куќа.

    Клучен елемент е дека и таму ми е како автобуска станица, што значи дека фамилијарно сме такви да привлекуваме многу луѓе дома. Дури и чудно ми е ако во денот не не‘ посети никој.
    Секогаш ваѓаме на маса се‘ што се има во кујна, и најчесто се‘ од тоа се прави маф, ама ако. Задоволство е. И секој ден се готви некое ново слатко задоволство, бидејќи нема поголем мерак од тоа куќата, иако скромна, да ти биде стално полна со луѓе, да биде раздвижено, да биде живо...

    Додуша моментално состојбата дома им е средно-жалосна со оглед на тоа што јас и поголемово бебе не сме таму, ама затоа пак кога си одиме како Велигден да е, баба ми е окезена со цела вилица :D , мајка ми ни ги готви омилените јадења, а татко ми се прави „на Тошо“ дека баш го брига, ама не може да одолее и да не ме испрати на излегување со желба убаво да си поминам, или да ме бакне в чело пред да оди да спие.

    Ете таква ми е атмосферата дома. Далеку од совршена, но задоволително среќна и топла за мене.
    И да - секогаш кога ќе им се јавам на телефон ме тераат да им пеам, бидејќи колку и да било гласно и заглушувачко, им недостигал мојот глас да ѕвони низ цела куќа и пола населба :D
     
    На kate21, nenuska, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Моментално - врло интересантно, средства за миење насекаде, алишта, машина која ми бучи, радио кое трешти и Aaliyah која успешно ја надвикува мојата машина за перење а јас до пред малку летав односно се лизгав низ станов со весели зелени пластични ракавици и маска на лицето за да не ги вдишувам сите киселини и си ѕенѕам уз пут, да не речам правам г’зотрес.
    А сама сум и денов као демек слободен а јас - чистам и средувам :D

    Општо? Мислам дека убава. Сакам многу гости, често правам седенки и пијанки и многу често сакаат луѓето да преспиваат кај мене или да ми доаѓаат на кафе.
    Не еднаш ми рекле дека тука се наспиваат најубаво и дека чуствуваат некоја убава енергија, а рака на срце кога се вселував тука и јас го почуствував истото. И затоа мојот одговор беше sir yes sir, го сакам станов. Ме прашале - не ти е тажно кога си сама?
    Не. Зошто да ми е? Убаво е човек да си направи да му е топло и убаво дома и кога е сам. А како што реков, ретко кога сум сама. За среќа најблиските пријателчиња се во комшилук па не е реткост да ми наминат, онака, спонтано или на договорено.
    Често се собираме кај мене и јас готвам или пак сите готвиме, кој сецка, кој отвара вино, кој муабети, кој игра карти, некаков си општ хаос кој мене рака на срце многу ме исполнува, затоа што чуствувам неверојатна пријателска топлина и се чуствувам како да сум „виновна“ за насмевката на лицата кои се околу мене - и тоа вреди повеќе од билошто.

    Ова е моето ново дома и се обидувам да си го направам најпријатно што можам за себеси и за останатите.
    Со голема носталгија се сеќавам на претходното дома, на заедничките ручеци со моите, на убавата атмосфера која најмногу ја чуствував токму на есен и во зима. На моето носе залепено на заледениот прозорец со топло чајче во раката. На вечерите кога со саати игравме карти со мама и тато, и веселата смеа на мајка ми кога ќе успееше да хантира или пак како со огромен гнев ги фрлаше картите кога губеше а татко ми ја скокоткаше секогаш и се обидуваше да ја развесели. На татко ми кога сакаше да го газам место да му го масирам грбот и секогаш го скокоткав со моите мали ноџиња а тој викаше и се смееше, па мајка ми ќе влезеше и ќе не искараше да не се будалиме, па и неа ја вовлекувавме во нашите детски игри. Се сеќавам на будалаштините на мајка ми кога ни правеше стој на раце за да ни докаже колку е фит и на „овие години“ :lol:
    Се сеќавам и кога жустро се следеа сите спортски натпревари. Татко ми смирен а мајка ми како бивш спортист се дере - РАБОТНИЧКИИИ. И две минути пред крајот на утакмицата јас и татко ми и велиме - ама жено реприза е, вчера беше финалето и победија :D
    Се сеќавам кога татко ми работеше низ светот па често отсуствуваше еден период, а јас и мајка ми сами дома шизевме на Footloose. Се сеќавам на комшиските сеанси кога ја учеа мајка ми да готви македонски јадења а јас и една комшивчето се кикотевме чекајќи да видиме што ли ќе бидне од тоа.
    Се сеќавам на многу убави работи и знам дека секогаш ми било дома пријатно, убаво и топло. Денес сме нешто поосамени но посплотени и погушнати.

    Во суштина другар ми беше во право кога рече еднаш - дома е она место каде што се чуствуваш убаво и каде што ти е срцето на место.
    Среќна сум што имам повеќе такви „дома“.
     
    На sesilija, Strumfeta93, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Дома си е дома.Колку пати ми збореле да заминам во странство кај моите родители ама јас не и не.Сакам дома зошто само таму најубаво се осекам.
    Каква е моментално?Најубава.Подобро не може да биде :D Мајка ми чисти и јас покрај неа па сум пуштила музика до даска Вино на уснама :D
    Расфрлано се на сите страни зошто старава моја решила да праи генералка па избираме кој филм да го гледаме.
    Уште брат ми и татко ми да беа овде и среката ке беше потполна.
     
  16. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    иако е касно моментално сите слушаме музика и џускаме... многу сме по музиката..сите сме музиканти!! Татко ми секогаш оди во Тетово таму свирит по свадби мадби и саа не зарази со воа песниве народњачки ххххх :lol:
     
  17. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    моменталноо ситее си спијат :D
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Све свети и блеска (вчера ми беше чиста недела :D ).
    Каква е атмосферата во мојот дом зависи како е малиот расположен ;) . Моментално е нешто пред роденденски и пред новогодишно расположен. Празници се ближааат :$
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    мојата дома во скопје е преубава не затоа што е чиста или е нова и убава туку затоа што си живеам со љубениот и си имаме прекрасен мир и хармоничен живот. гости имаме преку еден ден скоро и секогаш се добродојдени сакаме гости

    моментално е расфрлано насекаде од сабајлешното брзање за на работа, не исчистивме вчера бидејќи се шетавме и бевме зафатени со други работи но тоа ни најмалку не ми е битно кога ќе се сетам дека кога ќе си одам дома ќе ме чека топла насмевка и прегратка, мир и спокој, заеднички ручек проследен со споделување на настаните на денот.

    исккрено не ми недостасува домата во мојојот мал град, иако е се чисто и преубаво средено од мајка ми сепак се осеќам како на трња и очекувам да се скараме секој момент :D

    иако пак ми е преубаво кога ќе ми дојдат внуците на гости и си играм со нив...
     
  20. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318