Ма каде сакаш оди дома си е ДОМА А атмосферата е онака обична како и секогаш...сега кога сите сме заедно баш ми е кеф
Домче - најубаво. Сестра ми е на факс и мора да признаам малце ми фали Добро, малце повеќе. Ми фали нејзиното замарање по рани утра (збориме за 12 попладне), ми фали тоа што нема сега кој да ми ги граба чоколадите, ми фали нејзиното 75238428353482 часовно зборување на телефон со саканиот нејзин. Се ми фали поврзано со неа. Иначе кај мене дома е топла атмосфера, особено во зима (на 38 степени, а надвор под нулата мора да е топло ), каминот крцка, сега има светлечка елка во аголот, мојата омилена слика на ѕидот.. Другарка ми ептен сака да доаѓа кај мене. Секогаш баба ми ќе каже некој бисер трудејќи се да остави интелегентен впечаток, оти сиротата само 4то има.. Тато кој секоогаш прави смешки, мама која ни носи какао. Супер е дома, нигде како таму. Ама мојата соба е спешл. Никој освен најблиските (оние што живеат со мене, и најблиската другарка) не смеат да ми чепкаат по соба. Цела ми е плава ти се чини на небо си.. Ептен си ја сакам и собата, а и целата атмосфера домче.(
Убаво е чувството кога од празна куќа создаваш свој дом, потполно нов, опремен по свој вкус, во мојов случај елегантен и топол... Убаво е кога домот постојано го надоградуваш со различни ситници кои те исполнуваат тебе, го претвораат тој простор во твоја индивидуалност, твој дом... а и даваат посебен топол лик и бран на позитивна енергија на секој посетител.... убаво е кога се радуваш за секој детал на кој си му посветил внимание и самата посветеност кон домот го прави она што е. Затоа го сакам, уживам во него и атмосферата го отсликува истото, го осеќаат и други луѓе тоа. Таков е мојот дом, тазе створен, тазе користен, но со посебна енергија и свежина. Понекогаш како да е преголема таа хармонија во него само за две личности, па одвреме со вереникот ќе ја нарушиме, за повторно да се воспостави убавата енергија Обожавам гости, меѓутоа само оние позитивните, држељубиви, насмеани. Ме радува куќата да биде секогаш полна со гости и дружби. Некако сеуште не ме има фатено предновогодишна еуфорија, ама ќе почнам да ја внесувам во куќава, посебно ми прави ќејф една огромна елка ставена во дневната соба, накитена со огромни лампиони во две бои, веројатно црвена и сребрена или крем, да ми одговара на амбиентот...
Како и секој ден, весела со дрдорењето на внук ми, предновогодишна и бучна се благодарение на него. Спојлер го ловкам најмногу
Па.... каква може да биде за време на колоквиуми? Јас и малово бебе држиме тензија, на една страна книги, тетратки и речници, на друга страна моливи, гуми и линијари. Џунгла е станов. А големото бебе само скришно се извлекува од кревет и заминува на работа затоа што не може да не‘ слуша веќе.
Празнична и топла. На моменти разнишана со планови за трошење пари на облека, спремање руски и пилешки салати и месење кифлиња.
одлична моментално сега новогодишна,трошење пари,подароци,ручеци со пријатели,вечери, работа,божик....но општо пред и после новогодишнава атмосфера јас,тој,работа,понекој залутан пријател и точка.
Многу јака! Дај бе телепортирајте се кај мене... Гласна музика, сами јас и сестра ми, преска Том и Џери имаше, ги потрошивме нејзините пари од касичката на блачко и така. Доваѓа и ми вика: даде пушти ми ја People are People. Пуштам ја мила. И овде играње, дезедоранс како микрофон, качување по кревет, рипање, скокање, па ќе се фатиме за раче ќе потанцуваме. Седам на фемина, па ми почнува Personal Jesus: Сестроооооо донеси старата гитара! И овде мавање со косите, глумење јака гитаристка, милата не го знае текстот, импровизира... Моментално ја слушам The Night од Морфин. Тука ја поздравувам Ганшајн пошо и таа ги сака. Ах колку само ме прави немирна песната... На ред е Mystify me.... Сестрооооооооооооооооо!
Празнична. Се спремаме за името на братми во недела и сите сме навака-натака, само јас дремам на компјутер и се соочувам со мамурлак. Татко ми мисли под депресија дека сум. Спојлер Се лажиш тато, многу се лажиш.
Ме исполнува домашна атмосфера. А за семеен ручек па да не зборувам. Едно од нештата кои најмногу ги сакам. Сите собрани, насмеани, па гледаме филмче од HBO од T-HOME, во новогодишна атмосфера се околу нас украсено со сијалички кои светкаат ... лелее да не продолжвам. Од нештата кои најмногу го молам Бога е една ваква атмосфера да имам до крајот на животот