Mоментално е тивко сестра ми гледа цртан филм, мајка ми лежи душа таа моја болна е брат ми е излезен а ја стандарт фемина и фејсбук.
Топла и хармонична. Не сме секогаш сите дома, ама кога ќе се погодиме е супер. Нејќеме многу многу гости ама секогаш сме отворени сепак, јас не ги сакам пријателите на татко ми, тој не ги сака другарките на сестра ми но сепак се е во ред. Кога подготвуваме ручек тоа го правиме сите заедно, исто и како кога чистиме или било што да се работи, сложни сме и се согласуваме. Почесто избиваат тензии помеѓу татко ми и сестра ми - инаети, ама смешно е. Смешно е и кога татко ми ја ремети мајка ми, а таа се нервира и паѓа на провокации. Горе доле сме мирни 90% од времето, ама без викање не е интересно
Периодов мирна, донекаде пријатна. Само многу мразам глума, лицемерие, стаклени насмевки и лажни добронамерни погледи, па затоа и избегнувам да поминувам многу време дома. Чудно, но тука живеам 16 години, а ретко кога сум била вистински среќна. Кога сум се радувала зошто сум се вратила дома, помеѓу овие ѕидови. Ова е моја куќа, но не и мој дом. A, атмосферата е променлива како и луѓето што живеат во неа. Тука нема константност, се` функционира баш на тој начин. Ама жив човек, на се` ќе навикне.
атмосферата во мојата куќа е супер за никаде преку денот но навечер мојот татко многу не насмејува и на крај се излезува ок.Но понекогаш со мојот брат за компјутерот или за телевизорот се тепаме до смрт. пс:Не до смрт туку до дека не дојде мојот татко.
па сега засега е супер јас и таткоми како што не нарекуваат шегаџии во куќата имаме сличен табиет и едноставно тоа права да секоја вечер има по некоја ''претстава'' во куќата нормално како и кај сите секогаш не е се така розево но во главно е супер и не би ги менувала моите родители и сестра за ништо на светот а посебно е мојот ортак (татко ми )
Моментално мирна. Татко ми и мајка ми спијат (барем јас така мислам ) Брат ми на фб дреми, јас се презевам и така
Во најголем број на случаеви е позитивна. Ретко да дојде до некоја кавга и сите дома да не онерасположи,па атмосферата да биде негативна. Татко ми е многу позитивен тип кој постојано се врти на шега и тој ја води атмосферата најчесто. Кога сме сите дома на сите страни е смеа,додека пак после кавга е многу мирно и сите се избегаваме едни со други.
Знае да биде секаква. Во глобала е добра, ама знае и доста напната да биде, се зависи од нас дома и нашето расположение.
Кога - како. Моментално е пријатна, татко ми спие (никогаш нека не стане), мајка ми по двор, брат ми на фудбал, јас дремам.