Зависи од расположението на мајками и таткоми. Ако добро поминале на работа ќе биде супер се ОК, смеење, муабет опуштен. А ако е обратното цело маало ечи од нас, јас обавезно ќе се скарам со мајка ми за било што. А конкретно за денеска супер е атмосферава. Сите расположени, насмеани, муабети, договори за одмор паѓаат.
Кога сме сами со маж ми релакс, опуштено, по наш ќејф Кога се со свекрвата напнато, досадно, монотоно
Во најголемиот дел е добра. Многу поубава од претходно, кога живеев со родителите (сега сме со сопругот).
Океј е, до сега било речиси секогаш хармонично...е сега, по некогаш нормално е да се јават мали расправии, но претежно владее одлична атмосфера
Пријатна, светла атмосфера (освен периодите со пмс), што може повеќе да се очекува од куќа со две жени
Хармонично но има и испади на расправија па сега куќа е ако се е под конец нема да биде воопшто интересно
Сега во новата дома, кај мојот вереник, бидејќи сме сами, атмосферата секогаш е онака како што сакаме ние. Не одлична, туку д бест. Нема ништо подобро од тоа да си дома...
супер атмосфера.....се е добро и ок ,сите секогаш сме позитивни и расположени (освен со мали исклучоци) секогаш е полно со љубов,мир и спокојство освен што не сакам врева и гужва,а се дешава