Исто лудило - брат ми се дере, игра со баба ми фудбал , мајка ми вришти татко ми уво го боли за се, баба ми 2-ра си гледа серии, тетка ми трча лево десно . Зоолошка градина
вистинско лудило кој што сака си прави татко ми мења едно сестра ми друго мајак ми се дере и вика по нив а јас на компјутер и не се замарам
Секогаш ми е убаво дома. Нормално дека некогаш е галама од кавги, а некогаш галама од смеење. Ние сме една од оние ретки фамилии што сеуште се чекаат сите заедно да ручаат. Обавезно чекаме сите да се приберат од работа или од надвор и заедно да ручаме. Барем за еден оброк да сме заедно. Кога ќе подразмислам, јас како најмала дома многу често ја правам галамата, или ќе подбуцнам за кавга, онака мала расправија, или ќе ги засмеам моите со некоја глупост Моментално, атмосферата е многу топла. Моите си се топлат и си гледаат серии заедно, уз кафенцето што јас им го сварив. Брат ми и девојка му си седат кај него во соба, а јас си ја спремам својата роденденска торта..мммм...цела куќа мириса убаво
Како што рече Bubbi исто и кај мене дома така е Моментално е многу мирно сестра ми во својата соба таткоми си гледа фудбал мајка ми нешто работи и така хаха
Моментално,како и секогаш хармонијата е на завидно ниво затоа и си уживам и се гордеам со моето семејство Еве прецизно денес,мајка ми започна со неделната чистка,па да допијам уште една голтка од кафево и јас ќе и се приклучам Татко ми отиде на пазар,со список подготвен од мајка ми,а брат ми си учи во својата соба.Секогаш секој си ја врши својата работа и при тоа не пречи никому.Ни доаѓаат гости(не секој ден,но сепак куќата ни е богата со луѓе) кои секогаш се пречекани со насмевка и пријатен разговор и задоволни од приемот доаѓаат повторно.Си ја сакам мојата фамилија и гледајќи пример од моите и јас сакам истата хармонија да владее и во моето семејство здравје еден ден кога ќе го имам
топло,хармонично,весело,совршено,прекрасно...беше некогаш..кога бев само дете,кога не го познавав искривениот свет на возрасните,кога бев безгрижна и расеана..да,ми недостигаат подршката и мотивацијата од родителите,ми недостига играта со брат ми и сестра ми,подароците под елката,годишните одмори и играњето на нинтендо и карти..ми недостига мајка ми да викне по нас дека ручекот е готов и масата е поставена..ми недостигаат пофалбите од татко ми,ми недостигаат караниците за далечинското и јадењето еден куп слатки пред вечера..ми недостигаат ситници кој ми го разубавуваа животот..сега сите сме поделени..ретки се заедничките моменти,а толку патам по нив..не е ништо како порано..ја нема дружбата,ја нема блискоста..не сме веќе деца,сега сите си имаат свој живот,а мајка ми и татко ми само расправии..ехх кога би можело само за момент да биде како порано,да не е толку празно и без емоции
Владее променливо расположение. Често напнато.Тоа е кога сме сами.Секој се изолира во сопствен простор и забрането е вознемирување во текот на денот.Приватноста е битна, на пример јас си имам сопствен тоалет.Се караат често, се караат често и без причина.Има периоди кога никој со никого не зборува, не оти се скарани ами оти таков им е денот.Три жени куќа вришти ПМС Еднаш неделно ручавме заедно,ама веќе ни тоа не е традиција која се почитува. Кога имаме гости сите се љубезни и насмеани.Често ми доаѓаат другарки на гости, па и со спиење.Станот е дуплекс и има доволно простор за сите.
Кога сум сама со синот мирна , тивка , хармонична штом влезе сопругот како пожар да има се понашаме ос толку што го збеснува детето дури дозволува на глава да му се качи