До јуни дома беше „хаос“ еден наваму еден натаму ама важно сите дома. Август само јас дома мајка ми татко ми и брат ми во Скопије преку еден ден за да го средат станот на брат ми а од септември па натаму откако брат ми отиде на факултет дома е „штама“ нема со кој муабет да направис мама и тато по работа и така.
Црно и бело е се . Таква е атмосферата во мојот дом. Или е сосема црно или обратно. Почесто има караници отколку пријатна атмосфера. Нема разговори , нема разбирање ... едноставно нема топлина и хармонија. Повеќе сакам да го поминувам времето надвор од домот , и искрено едвај чекам трајно да излезам од него . За жал
Весела,понекогаш и препукувачка,зависи кога како и какви теми се водат. Ако се започне политиката настапува преукувањето.
Одлична... Мило ми е што веќе долго време е стабилна и пресреќна сум поради тоа.. Опуштено е, интересно.. Прекраснотии!!
Едно од местата каде што чувствувам мир е домот. Мојот дом. Место каде што има само луѓе кои ги сакам и луѓе кои ја имаат мојата доверба. Домот е место каде што знам дека сите ме сакаат и ми мислат само добро. Секако дека некогаш се случуваат и караници, обично моите караници се со брат ми, моментално имаме еден поголем проблем, посериозен, но искрено се надевам дека се ќе се реши. На пример посебно ми се допаѓа дома затоа што имам многу убав поглед од терасата, а особено наутро кога ќе излезам рано, рано, и со самото излегување од портата пред мене е една неверојатна гледка, тоа секогаш ми го прави утрото посебно магично. Небото наутро буквално плени со секој некој зрак.
Без разлика дали сме биле во период на карање, мирење, еуфории, што и да е... Дома си е дома, ненормално многу сакам да сум дома! Секој ден. Додека бев кај мајка ми го имав истото чувство, сега кај вереникот истото чувство. Дома бре, дома! Секој пат кога ќе се вратам дома излегувам од суровиот свет надвор, и си живеам во тој наш мал забеган свет. Не е исто да се расправаш со глупите колеги од работа, и да се расправаш со домашните. Тие се домашни. Си ги сакам сите, без разлика од каков "отров" се направени. Си го сакам домот!
Обично атмосферата е супер во мојот дом,најпрво благодарение на татко ми,а потоа и на мајка.Моментално не ја чувствуваме онаа топла убава атмосфера,но се надевам ќе биде за брзо
Напнато, ептен напнато .... Сите погледи се во телевизорот, очекуваме победа, се нервираме и грицкаме сончоглед Само јас се откажав ... почна мојата напнатост да се претвора во нервоза, па да се смирам малце
Кај нас атмосверата се опишува на два начина. Првиот кога свекор ми не е дома: Сите расположени и весели и втората кога битната персона е дома : (нема зборови да се опише каква негативна енергија зраче тој човек, овие фацичките поубаво го доловуват моментот)
Неможам да најдам соодветни зборрови да ја опишам. Кој се кара,кој се навредува,кој понижува,кој тепа....Не ни личи на семејство ова.Еден ден нема да сме сложни и нема ден да помине без викање.И нема момент кога можеш да си на раат,да се одмориш,ама ајде да не се жалам важно имам покрив над глава,ке се издржи уште некое време.
најсупер, особено за викендите кога останувам сама дома.. збавно е,интересно,мноу лудории се дешавале кај мене