досадна оти се дома седам и навикната сум во една иста просторија и незнам..или кога ќе ми каже мајка ми среди си ја собата а јас секој ден ја средувам и сум навикната на мојата соба и омрзнато ми е од неа..а кога ќе отидам кај другарка ми целата куќа и ја средам оти тоа е поразлична атмосфера од мојата и со задоволство средувам и си седам таму кај неа а често знам и да заспијам па утредента си одам
Весела Свекор свекрва син снаа и два мали палавковци Навистина секогаш владее позитивна топла атмосфера Често се шегуваме кога на наша сметка кога на туѓа секогаш преовладува позитивно насмеано весело расположение.Најчесто прекрасната атмосфера дома ми придонесува мир во душава.
Aтмосферата е траги-комична .татко ми кој во слободното време сака да биде на нет,па јас и брат ми одиме во дневна кај мајка ми ,таму се секогаш мачињата на куп -лудница. инаку,многу ми е удобно ,само дома си е дома
Ако немаш мир дома после напорниот ден, лудата вечер, раскинувањето итн... тогаш your drug dealer is on your spid deal. За среќа овде е мирно е хармонично. Виновна е мајка ми, ја обожавам жената, кај и да одам колку и да е забавно, одвај чекам да ги извадам штиклите, и да почнувам со раскажување..
Секогаш различна. Гостите(во кои спаѓаат и другарките) уживаат во престојот. Поголемиот дел од денот е претежно мирно,се додека татко ми не реши да прави реклама и пуштени звучници до крај,па да ме оглуве! Расправиите ретко преовладуваат во мојот дом,а кога има некоја расправија обично трае многу кратко и со нормален тон. За телевизија не се караме.Јас во мојата соба си имам мој телевизор,така да тука нема никаков проблем.Секој свој компјутер и тука нема проблеми. Во кујната мама ја оставаме да работи,не сака помош,сме ѝ пречеле.На тато не му треба помош,тој секогаш знае како да се снајде и плус не се разбирам јас со неговата работа. Со мене никој не се замара,бидејќи не им дозволувам. Си ја работам својата работа на тивок и мој начин. ако сте прочитале до тука,извинете малце се занесов. поздравче
Порано мислам дека беше до некаде пријатна , некако последниве неколку години стана многу напната... мајка ми и татко ми не можам да ги сфатам не поминува ден да не се скараат по 100 пати и тоа не знам се понашаат како некои што се на почеток на врска , мислам дека по толку години брак не можеш да се караш за банални работи кои навистина не заслужуваат да ги споменеш. Мајка ми е темпирана бомба и во позитива и во негатива , променливо расположение , едниот миг ке вика ке се кара и ако ја прашаш дали е нешто перено или што има за јадење , а некогаш цело време насмеана гласна , сака да се шегува , со татко ми имам чуден однос , знам дека ми верува премногу и секогаш ми ги кажува проблемите , а јас молчам , тешко ми е , крие од мајка ми некои работи , она за какви ситници се нервира да знаеше се јас што знам не знам што ке беше , јас колку нервоза имам , ама таа секогаш е жртва а ние тие што за искористуваме за се и сешто . Ретко кога седам со моите , у дневна немам отидено со години да седам , онака да кажеш да си поседам со нив , само кога треба да гледам нешто а и тоа ретко ... све на све многу ме чуваат , двајцата како да оладиле меѓу себе и се сконцентрирани на мене , прекрасни родители ми се и им благодарам за пожртвуваноста и за тоа што буквално се што било во нивна можност ми е пружено , само сакам и тие двајцата некако да се посмирени еден кон друг не секој ден за глупости да се караат ,ми набива нервоза сето тоа , негативна енергија , сакам да се среќни пошто навистина заслужиле и да не им се битни толку парите , навистина не сме некои да кажеш ептен немаме , дури мислам дека воопшто не сме загрозени , а тие се немале доволно и татко ми во постојана трка за уште пари и покрај постојаната работа , не дека не сакам да сум блиска со нив , но се повеќе време поминувам сама , зашто не можам да ги слушам , секој ден за едни исти работи да се караат а веке наредниот момент се шалат и готово прошло а џабе , мене веќе ме преполниле со негативна енергија и притоа гледам колку не се почитуваат ... Добивам навистина многу љубов од нив ама ми фали топлината и хармонијата која произлегува кога сите на некој начин сме поспокојни и среќни , навистина има луге кои имаат потешки приказни од нашата која и не е нешто специфична а се далеку по позитивни ... не знам можеби и јас се фаќам за срце , а нив брзо им поминува и лутината и доброто расположение , се извинувам за огромниот пост , ама ете така се осетив да раскажам некои работи за кои толку многу размислувам и се оптоварувам .
Добра е во последно време.Со некој повеќе се сложувам,со некој помалку али си има муабет помеѓу членовите во моето семејство.Не се жалам,не сега за сега... Нека биде така ...
Со текот на годините се случија одредени работи,и нашиот однос се излади тотално.Како бизнис партнери сме само за важни работи се зборува.Во дневната многу ретко седам,нема со кого постојано се зафатени и веќе се навикнав,дури поубаво ми е сама.Кога сестра ми е дома постојано се караме или таа е излезена или јас.Едноставно кажано професијонален однос имаме .
Тивко, досадно... ми недостига неговото присуство... едвај чекам да дојде петок и повторно да се чувствува љубов во воздухот