не знам што е полошо ... ама мора да се сакаме и помагаме , ке биде и добро и лошо , битно е да сме тука едни за други ...
Атмосферата кај Озбилна е ... Па вака, додека јас дремам на ком, се поздравувам , заблагодарувам, прашувам, одговарам и си чекам да дојде 20 часот влегува овој мојов и .. Озбилна, ми го снема пасошот???? магаре јава магаре бара работава В рака ти е заедно со мобилниот, клучевите, папката ... Од возбуда ништо страшно, тука е Озбилна кога нешто им снемува Малиот е најспремен кога е шетање во прашање... тој за минута готов е Е тоа го наследил од мајка му Озбилна Големиов уз пролазу ме прашува до каде си Озбилна со багажот и во колку планираме да ја напуштиме куќава Изгледа ќе имаат забава... маца на кратко не е дома на мајка. И тако то, ми текна окалките црни ќе си ги заборавев омилени ми се.... Атмосфера во чекње, едни чекаат да заминат, а еден чека да заминеме
Досадна татко ми спие мајка ми и сестра ми гледаат серии а јас се и сешто правам да не ми биде досадно е така е кога ми го нема дечкото но само уште еден саат и ќе заврши утакмицата и мене нема да ми биде досадно
Денес работна .Се спремаме за слава во понеделник.Правиме благо, кифлички...а од сабајле имавме гости. Ама јас пак се искрадувам на Фемина, со кафенце на пуза да видам има ли нешто новко.
Порано цел ден бев со мајка ми и сестра ми,а татко ми постојано на работа,сега е исто само мајка ми е оди на работа,сестра ми постојано трча или учи нешто и така јас сум си цел ден слободна и никој не ми кажува ништо што да правам.
Пријатно опуштена после ручекот, тивок комшилук,и пријатно под клима ....малце психички одмор ... Сите по своите места за релаксација .. Јас со едно ладно нес кафе и музика, разговори виртуелни ,договарање за летен одмор .
Поради проста причина не сум цело време дома, неможам да кажам каква е тогаш но кога сум си дома се знае сабајлечки со татоо муабети кафенце после мамичка ми доаѓа од работа ручек муабет и легнуваат да спијат, јас со кафенце во мојата соба или евентуално до другарка вечер како вечер моите двајца гулапчиња излегуваат да прошеетаат а јас со моите подготовки за искачање и така, по некоја караница секако си има али у последно време ретко. Среќна сум!
Пријатна.. па веројатно и никогаш не била пријатна. Толку ми е чудна оваа голема куќа, отсекогаш ми будела некаков страв. Изгледа толку мистериозно. Можеби дека е стара, мислев на стара градба-архитектура и ми делува како замок од оној во цртаните, филмовите. Најстрашна е во зима и есен, навечер, кога ја гледаш оддалеку. Е тогаш изгледа приближно вака: Внатре во куќата атмосверата ми е убава само за празници, особено за Велигден и за славата. А инаку не ја обожавам. Во последно време, секој со своите работи, јас на компјутерот во мојата соба, моите во дневната или на работа, а и да не се на работа, мораат да работат нешто. А јас сум секогаш сама. Ама уживам во мојата осаменост, најмногу си го сакам своето друштво. И обожавам кога се забавувам сама, можеби звучи глупаво ама тоа сум јас. А кога ќе ме прашате каква е атмосверата во мојата соба.. тогаш одговорот е сосема поинаков.
Интересна и секогаш весела , музика , шали , пеење , играње и слично . Повеќето е така , но секако има и денови кога не е така . Односот дома ни е опуштен , нема лутење и сите имаме другарски однос .
Пријатна Кога моите се на работа скоро цел ден сме со друштво,кафе-муабети,музика. Со мајка ми знаеме многу често да откачиме и да пуштиме гласна музика,додека го пиеме кафето и го чекаме татко ми од работа. Ретко,како и во секоја куќа има мали караници. Инаку,се на се земено,прекрасно ни е.Сложни сме,се сакаме,се подржуваме во се.Тоа е најважно
Моментално мирно. Освен букава од мојов компјутер, се‘ е штама. Бато се‘ уште спие. Looking forward to нови смешки. На мама и‘ е прв ден на работа после одмор, превозбудена беше сабајлето, ја чекам да донесе импресии.
Сите спијат а ја уште од 8 часот на пц и моментално е мирно се додека татко ми и мајка ми не станат па да галамат по дома