Kремите се по 780 ден., а млекото и тоникот по 620 ден. Jас сум презадоволна од концентратот со пипет тој е 880 ден.,а исто и од кремот и тоникот Ако сакаш да прочиташ повеќе оди на линков http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... 8478354017 или http://www.facebook.com/pages/Dalton/150318478354017
најмногу ми одговара нивеа софт,обичниот тој порано,пробвев демек специјални креми за подобра кожа но сепак овај обичниов ми е најпогоден
Продадено Ја најдов следната крема што ќе ја тестирам. Никако не можам да се помирам што дадов 600 денари за последната катастрофа , требаше да си купам Далтон .
јас ги користам кремовите на Гарниер ми одговараат на мојата кожа ...едниот е дневен ( зелено е пакувањето ) и го ставам како подлога за шминката , нели за да се затворат порите ..ако не ставам одма поинаку ми стои пудрата ..другиoт крем од гарниер е ноќен , го ставам одкако ќе се вратам од корзо ( кога ќе ја тргнам шминката) во главно сум задоволна од двата ..ги зедов на еден вид попуст ..беа двата крема заедно спакувани + гратис маскара од maybelline ! сето заедно беше 370 денари ( а обично еден од кремовите е 350 ) тоа е ..кога ќе си начекаш
Аптекарката ми ја препорача,ама јас пак си се вратив по старо на Нивеа Висаге.Сепак наредна ке ми биде Лореал
Ај ве молам за помош!!!!!!!!!До сега користев нивеа висаж за мрсна кожа, ама деновиве приметив дека многу ми ја исуши кожата.МОже ли да ми препорачате некоја крема за мрсна кожа, ама да ја одржува влажноста на кожата-односно да не ја суши.
АФРОДИТА хидрантен и хранлив-од камилица и зелен чај или од бадем,а ги има во аптеките на зегин и поголемите маркети.Мојата кожа е посува,па повеќе го користам хранливиот,а за помрсна кожа добар е овој хидрантниот.
И јас исто имам масна кожа и користам крем од Далтон Хидроалга спирулина. Мислам дека имаат страна на facebook па можеш да прочиташ ако сакаш
Благодарам за советот.Ќе пробам нешто од тоа што ми предложивте да видам дали ќе ми пријаат и на мојава кожа.
Сум користела секакви креми за лице и никоја не ми се погаѓа. Имам пресуво лице, али и мрсно. Не знам како е возможно тоа, али стварно ме нервира. На крај си почнав да користам бекутан крема, не е нешто посебно али колку току добра е.
Лакримоса значи комбинирана ти е нели? А си пробала со креми од козметичари или дерматолози? Знам обично тие со комбинирана користат такви креми.
Лакримоса, имаш пробано и со Нивеа класичната во плава лимена кутија? И јас имам многу сува кожа и таа крема навистина ми е одлична.
^^ Не сум побарала совет од козметирари досега иако одам за депилација. Сум можела да прашам. Ич не си го сакам лицето, суво суво а и ми се мрси кожата. Маки. Иначе можеш слика да ми покажеш од таа кремата на Нивеа?
Лакримоса ти најверојатно имаш мрсна, но дехидрирана кожа. Бекутанот не може да ти помогне, а и за нивеата се сомневам, таа може да ти ја измрси, а не се впива добро во кожата (моментално јас сум на неа). Спојлер на оваа мислеше girl изгледа Пробај со некоја медицинска козметика, нема да погрешиш со Eucerin или Sebamed, кои ќе ги нахранат длабоките слоеви на кожата, а нема да ја измрсат. Побарај го во аптеките и лосионот од прополис Асквам. Сега го имаат поскапено, околу 300 денари е, но сигурна сум дека ќе ти помогне, а ако го ставаш навечер нема да имаш потреба од крем затоа што ја храни кожата. Прави и домашни маски за хидратација. Кога ќе ти се врати кожата во форма, можеш повторно да пробаш да го користиш Бекутанот.
Мене ептен ми помага, и јас имам многу сува кожа... Понекогаш знам и бадемово масло да си ставам во комбинација со кремава.
моментално хидратантната крема од чајно дрво и крастајца за прочистување од авон и одлично ми одговара на лицето...
Јас користам Dove или Nivea Soft и супер ми се.. едно време користев бекутан ама многу ми беше мрсна и сега овие ми се супер, лесни, лесно се впиваат
Неколку год. користам Nivea soft, лесно ми се впива во козата, ептен сум навикната на мирисот, па не би ја променила за ништо.