Производите на Лавера ги имаш во Космо и во Зегин аптеките, во други аптеки не ми текнува дали сум ги видела, ама во Зегин ги имаш дефинитивно и во ДМ маркетите ги има. Јас ја имам користено оваа крема. Многу ми помогна лани зимата кога кожата ми беше многу сува, црвена и ми се лупеше. Густа е, и треба време додека да се впие во кожата, убаво ја храни кожата, и на следниов линк можеш да и го видиш и составот и да видиш за што помага. https://www.nu3.com/lavera-neutral-facial-cream-evening-primrose-oil-jojoba-30-ml.html Презадоволна сум јас од оваа марка, имам користено и лосиони за тело, гелови за туширање, шампони, паста за заби па и од шминката имам пробано. Цената на оваа крема е околу 700 денари, често е и на попуст. Сестра ми ја користеше оваа крема за егзена и многу и помогна:
Моментално ги користам овие двата паралелно.Лореалот го користам преку ден самостојно,ако не носам бб крема или како подлога за пудра, а Еуцеринот го користам ноќе.
Некоја крема за комбинирана кожа , значи на Т зоната ми е мрсна ама на челото ми се лупи значи дехидрирана , а онака на другите делови ми е нормална кожата и не знам каква да земам да не ми ја мрсни Т зоната ама па да ми ја даде потребната хидратација заради тоа што челото и ми е мрсно и ми се лупи , а па да не е премрсна за да не светнам. Се мислам за некоја ноќна , или воопшто и дневна или било каква нека е , предлози ?
Zenski i jas imam posledno vreme problem so licevo znaci vaka, koga gi podigam vegite kaj celoto se pravat lini i veke pocna i da se poznavat,cesto se slucuva da me zacesa liceto i potoa kako crveno i ete kabar(kako i da go narekuvate,malce od vnatre kako poteceno kako da ima za pritiskajne za gnoj) ima malce taka i ete ti nekolku dena dodeka zazravi crveno dodeka zarasne korka. Imam isto i crnki kaj nosot a kaj stranite od nosot imam dupcijna od stiskajne na crnki. Kozava nemam veke poim dali e mrsna kombinirana ili suva : koristam obicnata krema na nivea ona sinata. Mi treba nekoja krema za pocvrsta koza bidejki licevo go custvuvam labavo nekako dane bide nakaj 30g nagore. Stvarno mi treba pomos a
Прво користиш крема која не е наменета за лице. Таа крема на Нивеа е за универзална нега на кожа, ама не е специјално наменета за лице. Самата нејзнина структура е густа и тешка што за нежната кожа на лицето тоа значи црнки, мрснотија, проширени пори, акни, мозолчиња. Не ти ја хидрататира кожата зошто го нема тоа својство за навлезе длабоко во кожата. Прво што треба да направиш е да си набавиш гел-пилиг за лице и да си го чистиш лицето насабајле и наутро. Ти го препорачувам овој: Супер чисти, кожата ја остава свежа, а не ја досушува. За нормална и комбинирана кожа е наменет, може да се користи како гел, пилинг и маска за лице. Го пофалив во темата Омилени продукти на месецот, прочитај подетално таму. 175 денари е од ДМ. Второ ти терба тоник со кој ќе го поминуваш лицето штом го измиеш со гел, за тоник земи си било каков или имаш од истата линија на Балеа како овој гелов погоре, лично немам користено тоник од Балеа ама земи било каков ќе ти заврши работа. Трето ти треба крема. За да не купуваш посебно дневна и ноќна крема земи си 24 часовна. Тебе ти треба значи за комбинирана кожа која ќе нуди длабинска хидратација и плус ќе се бори против почетните брчки. Таква е оваа на Афродита, јас сум ја користела и кремата е предобра. Се препорачува занад 25-26 години, незнам ти колку имаш ама штом почнале да ти се познаваат линии време ти е за крема против почетни брчки. Пробај ја оваа: Само пази има две во иста амбалажа се, едната ти е за нормална комбинирана кожа(оваа на сликата), а другата е во малку посветло пакување и е за сува кожа. Тебе мислам дека ти треба за комбинирана кожа. Цената и е околу 600-700 денари, секаде ја има. Применувај ја оваа постапка на чистење на лицето и ќе имаш подобрување. За какви производи и да се одлучиш да купиш мораш да земеш гел за миење лице, тоник и крема и два пати на ден да ја повторуваш постапката. Можеби ќе треба да пробаш многу производи за да си ги најдеш идеалните ама за лицето вреди да се потрудиш, а не само да ставаш било каква крема и толку. Гел + тоник + крема е нешто задолжително за здраво и убаво лице.
Не ми излегува слика од гелот, ќе може лп да ми пуштиш со сликата? Освен афродита, ќе може некоја друга, бидејки сум во Италија и ја нема афродита, ако може некоја добра, што сте пробале од др. производител? Ти благодарам за одговорот. Види го прикачениот фајл 187630 Види го прикачениот фајл 187631 Која би била за мене од овие две? Модератор: Не испраќајте две мислења, едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
Вчера од Carrefour си купив ваков сет за 579 ден. night crem + day crem + tonik. im se podumav na Q10 ама една крема беше 610 ден
Препорачајте ми некоја хранлива, хидратантна крема за лице. Оваа моја кожа ќе ме полуди! Кремите за мрсна кожа не ми се воопшто добри за пределот кај челото и постојано си го чувствувам затегнато и уморно. Немам брчки, ниту пак некои бразди кои навестуваат за појавување на истите; не користам никакви глупости, сета козметика ми е проверена и ок, па најверојатно лудата клима и сувиот воздух си го прават своето. Моментално само обичната Nivea Soft ме спасува, ама не сакам да ја користам неа, премногу ме мрси. Се мислев за онаа на Ziaja со козјо млеко, ама не знам дали има некои состојки против брчки, мене тоа не ми треба. За останатиот дел од лицето, Ziaja со краставичка ми е одлична, ама за челото ми е катастрофа! Добредојдени ми се било какви предлози.
Мишелке кремите на Афродита ги имаш користено? Имам сличен тип на кожа, ретко која крема ми одговара. Моментално ја користам кремата на Афродита од невен, само дневната и добра ми е, како за овие зимски денови. Кога ќе почне да затоплува обично се префрлам на некои полесни креми, минатото лето користев една на балеа, со кокос и тропско овошје, убав мирис има и задоволна сум од тоа како го негува лицето. Хидратира а не мрси. Кремите на Алверде не ти ги препорачувам, не хидратираат доволно и некако ги чувствував на лице. Евентуално имаат линија за сува кожа од масло од дива роза, може да се добри, ги немам користено тие. Исто и со кремите на Гарниер, Авон, Нивеа, не ми се погодија. За ладново мислам дека кремите на Афродита даваат доста добра нега
Со ладново време сега и мојата кожа од комбинирана стана целосно сува, па плус и во бременоста ми се појавија некои црвени точки. Единствено што ми одговара е од афродита календула, и тоа ноќна, ја ставам и наутро и навечер. Навистина убаво ми го смирува лицето. Текстурата и е како да ја мачкам павловиќева, ама па брзо ми ја впива кожата. Ја имам користено таа погоре хидра термал, само едно кратко време, ја земав за летото, ама воопшто не ми се впиваше, како да ми седеше на лицето. Ја оставив за поладно време, ама пак не ми прија. Изгледа не ми пријат кремите со спф фактор, некако ги чувствувам тешки на лицето, и од сега натаму ги избегнувам. Сум задоволна од q10 на Алверде, тие за над 30 години, дневна и ноќна, витаминските, убаво ми одговараа и летово и кога залади малку, ама сега ми треба нешто помрсно. Следно ќе земам бадем од афродита, сигурно и таа е мрсничка.
Сите што ја користите кремата од невен (или како што некои ја викате календула), да знаете дека во моментот е намалена на 139 денари во Тинекс. Намалението ќе трае до 21декември.
Таа со козјо млеко на Зиаја пишува дека е против почетни брчки како и дека е наменета за над 20 години. Ни ваму ни таму да не си .
Над 20 сум и јас, ама далеку сум од појавата на почетните брчки, ќе приметев некоја бразда до сега ако беше до тоа. Ќе ја видам и таа со маслинка за каква кожа е, ама имам некој впечаток дека онаа на Афродита со невен би ми била похранлива. Ќе размислам, се надевам дека ќе си најдам решение и за ова.
Немој со маслинката! Кога прочитав сега се препотив. Ја купив јас сега додека беше на акција во Космо со подарок крема за раце за 150 денари и не ми се погоди ич. Незнаеш колку е густа и мрсна и тешка. Мене на сувава кожа едвај ми се упива, т.е. не се ни упива. Си стои така со часови, светам како лампион и лицето ко да ми е угушено, ко да неможе да диши и се воспалува. Се осеќав ко масло да ми тече по лицето. Кремава дефинитивно е за многу многу сува кожа, а мене во периодов ми е нормално сува. Сега ја користам само пред спиење ако ја осетам кожата дека ми се исушила доста и истоштила од шминката преку денот или ладното време, ама избегнувам да ја ставам баш секоја вечер бидејќи ми е страв да не ми излезат мозолчиња од што е толку тешка за мене. Таа со козјо млеко исто така им е/беше на акција со подарок крема за раце за некои 180 денари ми се чини... Во редовна цена се околу 200 денари. Што мислите за таа во сино пакување? Мислам дека со некои морски минерали или така нешто беше... За каков тип на кожа е? Би ја земала наредна, баш ми се допаѓаат производите на Зиаја.