Фала ти многу, јас без сомнеж ќе се испуштев да ја купам и штом тебе на сува кожа не ти одговара, за мене сигурно не е. Навистина ми треба некоја богата крема, ама па и не таква. Абе маки, најомразно ми е кога барам крема. Со пудрите барем си најдов чаре, знам кое и какво ми одговара, ама со ова нема никаква логика по која би се држела. Ќе одам вака на слепо и после нема да знам што ми помогнало. П.С. Мислам дека има и Зиаја маслинка „лајт формула“. Ја има кај нас или таа е таа што ја збориме ? Обично оние креми, маски и препаративни козметики кои биле на база на минерали од морска сол или алги, што сум ги користела, беа наменети за комбинирана и мрсна кожа бидејќи ја овозможуваат таа хидратација за која зборувам дека ми треба, а и покрај тоа не го мастат лицето. Aма мислам дека имам читано за оваа со морски алги, дека е доста хидратантна и дека им одговара на сите типови на кожа. Би ја пробала и неа, добро што ме потсети, мислам дека би можела да биде тоа тоа. П.П.С. Ги има ли кремите за +50 со екстракт од јасмин ? Би сакала да ги земам дневната и ноќната за мајка ми.
Мојата е баш оваа: Позади пишува дека е за нормална и сува кожа. Сега додека додека барав слика ми излезе и оваа, мислам дека сум ја видела низ рафтовите:
Mishela, јас како помлада користев Нивеа висаж (белки ја погодив сликата), за нормална до комбинирана кожа, ако ја немаш пробано. Убаво ми хидрираше, а беше лесна, сите тие нивеа креми ми се лесни. Верувам дека и таа за сува кожа нема да ти е тешка. Сега таа ми е прелесна, ама потребите на мојата кожа и твојата помлада сигурно се разликуваат. Хранливи креми обично значат дека се погусти и на мрсно лице може да бидат тешки без разлика колку ја чувствувааш кожата затегната и мислиш дека ти треба нешто додатно. Или може едно време да користиш беби крема на ХИп или Бејбилав од ДМ, тие се со убав состав, колку да ти го негуваат лицето едно кратко време. Тоа од моето искуство
Јас ја користев оваа крема, пред некој ден ми заврши, и можам само едно да кажам - Мишела не е за нас ова убаво чудо, оваа крема јас би рекла дека е за сува кожа, пошто јас што имам мрсна т-зона светнував, буквално се потев од кремата. Дечко ми нонстоп ми се смееше, како да си копала на нива ми вика. А мириса најубаво на свет, на чисто, дава прекрасна свежина на лицето и хидрира, но не е за нашата кожа, ете јас ја користев, и цела година и пол ја трошев, само кога не се шминкав ја ставав, за 10 минути лицето ми ја одбиваше букавално, кога навечер ќе ја ставев - лежев и ми се потеше лицето. Незнам зошто, може мене не ми одговарала, мада не верувам, универзална крема е ова за хидрација како и повеќето на Нивеа, ама јас мислам дека е наменета за сува, или ептен сува кожа, глава давам дека не е за нас, за жал.
Мене ми треба само за пределот кај челото и слепоочниците, останатиот дел ми е добар и лесно го средувам со крема за комбинирана-мрсна кожа, ама делот кај челото постојано си го чувствувам уморен, затегнат, дехидриран, а и ми се перути повремено. За под шминката си имам добра база и немам проблем, проблемот се јавува кога сум без шминка. Ако земам крема од Нивеа, тогаш без сомнеж би ја купила онаа за нормална кожа - белото кутивче со плаво капаче, таа ми одговара и за под шминка. Не знам дали ќе ми одговара оваа за која зборуваме, мислам дека не би ми била лоша, ама се двоумам дали да ја земам. Во оваа прилика сакав да пробам нешто ново, еве можеби кремата на Афродита или пак некоја која досега не сум ја пробала. А тебе Анушке те памтам како дел од таборот со сува кожа, зарем ти стана како мојата ?!
@Mishela, ако си задоволна од козметиката на Алверде, би ти ја препорачала кремата со дива роза. Цената е 129 ден за 50 мл (или 60 мл ако начекаш од акцијата што беше по повод 20 години Алверде) Исто би ти ја препопрачала ноќната крема од колекцијата Милк енд Хани на Орифлејм. Таа крема е нешто совршено за уморна кожа.
Пак јас со прашање за крем за лице .Сакам да прашам дали овој крем е погоден за сува кожа и дали помага за црвенило? Или па може да се користи за сите типови на кожа? Ако некој знае и цена,нека пише.Благодарам однапред.
@Mishela, јас ја имам онаа на Нивеа за комбинирана кожа, со зеленото капаче и ја користам повремено, чисто за да сменам од Клиникот од време на време за да не ми се презасити лицето. Инаку, исто и јас како тебе имам проблеми со челото. Не ми е толку мрсно, речиси воопшто, за разлика од останатиот дел од лицето. Јас сум многу задоволна од тоа како хидрира Нивеата, иако е за комбинирана кожа. Не го суши и затега лицето, туку баш му дава некоја свежина, а не го мрси дополнително. Поготово ми се допаѓа како основа под пудра и челото не ми се перута од неа (а некогаш знае дури и од Клиник да ми се перути, па понекогаш ставам Клиник на остатокот од лицето, а на челото Нивеа ). Знам дека ја имаш користено, те имам читано, па ете, ако одамна не си ја користела, чисто да те потсетам на неа Јас моментално ја имам зелената Нивеа со Q10, таа е малку поскапа, околу 600 и нешто, ама и обичната со зелено капаче е супер. Вторава ја користев со години и никогаш ме нема разочарано. Мене лично Нивеа ми се за нијанса подобри од Лореал, иако ни тие не се лоши воопшто. Спојлер Инаку, малку off, мојава кожа веќе тера накај нормална, не ми е воопшто толку мрсна како порано. Гледам па, од друга страна, на Анушка од сува комбинирана и' станала. Којзнае дали е до временските услови, до воздухот, до што и да е, ама веќе сите се изреметивме. Јас сега повеќе користам препарати за нормална отколку за мрсна кожа, особено за чистење на лицето (гелови за миење, пени за чистење, тоници)... Дури и ноќната крема ми е за нормална кожа. Мислам дека колку сме поагресивни ние со мрсна кожа во обидите да ја зачуваме мат таквата кожа, толку повеќе ја пресушуваме и дехидрираме, што на крај резултира со уште поголема маснотија „благодарение“ на нејзините обиди да си ја врати влажноста. Убаво ми пријаат геловите и пените за чистење за нормална кожа, мислам дека ми се врати балансот на кожава и затоа веќе не ми е толку мрсна.
Кремата на Ziaja од козјо млеко е наменета за кожа над 25 години и за кожа на која и се јавуваат првите брчки. Од маслиново масло има 4 вида и mims-89 изгледа ти ја имаш земено онаа која е наменета за многу сува кожа која е екстремно мрсна и тешка за оние кои имаат проблем со мрсна кожа. Mishela и јас ја користам онаа од краставица и сум со истата ситуација - ми одговара освен на челото за каде што во зависност од ситуацијата ставам посебна. Маслиново масло light formula (+ шеа путер) е наменета за сува и нормална кожа и може да се користи дури и кај деца над 3 години. Онаа marine algae за која пишувавте погоре е наменета за кожа над 30години. Така да, не би ти ја препорачала уште сега. Ги користам со години и во последно време единствена крема која ја имам купено дури 3 пати е крема на Ziaja. Порано најдобар начин да се дојде до нивен производ беше Beauty Shop бидејќи ги имаа сите линии и секој производ и имаше можност за разгледување - целиот асортиман на едно место. Иако не сум сигурна, мислам дека од пред некое време ја затворија. P.S. Имам научено се' за секој производ бидејќи прв избор за подарок кај оние кои сакаат козметика ми биле производите на Ziaja и до сега никој се нема пожалено (бидејќи ме бараат за да ги посочам од каде да ги набават повторно). А сега ќе одам да си го земам признанието како нивен најверен корисник
Токму ова е и мојот проблем периодов. Буквално истото. Само што ќе залади малку, лицево преку ноќ ми станува хорор. И после ме фаќа паника, не знам што да му правам. Читав многу на темава и гледам дека сте ги пофалиле на Лореал кремите. Е сега, јас се мислам дали да ја земам Triple active day или Triple active anti-shine. Првата мислам беше за нормална до комбинирана кожа, а втората за комбинирана до мрсна. Јас не знам веќе периодов ни во кој тип спаѓа мојава кожа. Обично имам мрсна до комбинирана, ама зимно време станува секаква освен нормална. Ги замолувам поискусниве да ми кажат која е подобро решение за моево проблематично лице или па може некоја трета ќе ми препорачате. Не е битна цената, така што, ве молам само дајте некое решение.
@Daydream и кај мене е иста приказна во зимските месеци. Проблемот си го решив со оваа крема: http://www.yves-rocher.co.uk/contro...ts/velvety-facial-moisturiser/?cmSrc=Category Ја користам месец и пол, но првите резултати ги приметив уште првата недела. Изработена е на база на био алое вера, хидратира, има дискретен мирис, многу лесно се впива, не светнува Т зоната, а кожата изгледа здраво. Ја користам и наутро и навечер. Не е скапа крема, скоро секогаш има и некој попуст. За воља на вистината јас сум си био/органик фанатик и кога бирав крема разгледував само такви. Најверојатно на пазарот има и други добри креми што ќе завршат работа, но засега јас сум презадоволна и не ја менувам. Останува само да видам дали и во лето вака ќе ја фалам, зашто тогаш и природно кожата повеќе лачи себум.
@do-re-mi А каде можам да ја најдам кремава? Знам дека во ГТЦ имаше продавница на Yves Rocher, ама не знам дали се' уште ја има, не сум загледала. Ако постои продавницава ќе ја земам, па ќе пробам.
@OmniaVanitas да јас ја имам земено таа за сува и нормална кожа од маслинка (точно така пишува на амбалажата) и иако ми е кожата сува пак ми е претешка кремава. Затоа би рекла дека е за многу сува кожа која перути и се лупи, кожа кај која се прават лишаи. Иначе е одлична за заштита од студ, вчера вечерта одкако се измив лице си ставив и излегов надвор и за првпат не ми се вцрвени лицето и не ми се заледи и затегна како што знае од студ да ми се прави. http://www.beautyshop.com.mk/product/Kozjo-mleko-Dneven-krem/ Тука пишува дека кремата со козјо млеко е за над 20 години, а сепак пишува и за здрела кожа, навистина незнам што мислат... 20 годишната или 25 годишната кожа неможе да се здрела. Здрела е веќе над 35... На истава страна ^ може да се информирате подетално за сите поризводи на Зиаја.
Јас имам позитивно искуство со кремите на seba med. Имам многу сува/осетлива кожа склона кон лишаи и и првут. За секојдневна хидратација ги препорачувам За делот со лишаи и црвенила истовремено со погуста структура но одлично се упива. Најчесто при раздразнета кожа и црвенила односно почетен стадиум на лишаи. За многу тешки лишаи и со прилично потешка структура. Не се упива баш лесно, па само локално врз лишајот пред спиење.
@OmniaVanitas , богами, Ziaja треба да те земат како заштитно лице на брендот, те запаметив дека си нивен голем обожавател уште тогаш кога барав крема за околу очи од која патем бев презадоволна. Значи општ впечаток имам дека кај сите се јавило ова со челото, а мислев дека само мојата кожа повремено вака изведува глупости. Бев во Тинекс да проверам дали ја имаат кремата на Афродита со невен и немаше никаква налепница дека е на попуст, па не ја зедов. Некако мислам дека оваа најмногу би ми одговарала за тој регион од лицето кој го чувствувам посув, ама ќе ја начекам на попуст кај и да е, ако не ќе си ја земам по редовна цена и пријатно. @Sexybaby86 , јас од август месец почнав да менувам со препаративната козметика и сите продукти кои ги купив гледав да бидат за нормална или нормална до комбинирана кожа. Стандард си светнувам и се мрсам повеќе со делот кај носот, страничните линии од устата и брадата, а челото е чисто и воглавно матирано, нормално. И тоа затегнување на кожата и чувство на умор како буквално да ми отпадне челото од тежина не се јавува по миењето и чистењето од шминка, туку ете, подоцна. Дури и кога ќе нанесам подебел слој крема, пак истата песна. За жал ја имам Нивеата секогаш дома за под пудра зашто ми е незаменлива покрај Зиаја со краставичка и истото се случува и со неа - првите десетина минути е добро, а потоа пак истото. Ситуацијата се смирува само кога ставам тенок слој од класичната Нивеа во сина лимена кутија, ама тогаш многу ми свети челото, па се плашам од црнки и бубулици, не е една белјата. Ќе разгледам после низ Космо, се намерачив на Нивеа за нормална или Зиаја лајт со маслинка, па ќе видиме. За Зиаја барем сум сигурна дека ако мене не ми се допаѓа, мајка ми ќе ја исцеди до крај, ја обожава таа крема. Продавници на Yves Rocher има во ГТЦ и Сити Мол. Оваа крема не знам дали ја имаат, ама има доста избор, прошетај може ќе ја најдеш и таа.
Го имам флаерот, фала многу, ама ме зачуди зошто цената на рафтот не е сменета, пречкртната, да не ме зафркнат на каса, зашто ми се случило и тоа. Ајде до вечер ако не ме мрзи ќе поминам пак, ептен сакам да ја пробам и оваа, туку чекав некоја ваква прилика.
Кремиве на Зиаја освен во Космо на друго место кај ги има? Ја меркам таа со козјо млеко мислам ко за мене е, почнаа веќе да ми се појавуваат првите брчки , мислам сето тоа од многу сувава кожа што ја имам е. Користам крема на Хемел ама не помага многу, и ми е претешка за под пудра, сакам малце да сменам.