@Daydream во Сити Мол има продавница на Yves Rocher (за ГТЦ не знам), а ова им е сајтот за македонскиот пазар: http://www.yves-rocher.mk/shop/
@Mishela не знам дали користиш ноќна крема, но ако почнеш да користиш голема е веројатноста да ти помогне со конкретниов проблем. Обично преку ден бараме полесна крема што убаво ќе хидрира и нема да се чувствува на кожата, а воедно и ќе соработува со пудрата и останатата шминка. Ноќните се секогаш похранливи и погусти, па од таму и ми е овој заклучок. Друго што би ти предложила е да побараш некој серум за хидратација на кожата. Знам дека си млада, но има и серуми што се за млада кожа. Конкретно го гледав Аква од Балеа, доста е фален, имам читано и многу рецензии, баш зимава планирам и јас да си го купам затоа што секогаш кожата ми страда од ладно иако имам комбинирана кожа. Не ја мрси дополнително кожата, а помага при дехидратација, дури и со лишаите успешно се справува. Не е точно назначен за одреден тип на кожа, туку може да го користи секој што смета дека има проблем со недоволна хидратација. Обично серумите не само што ја потхрануваат кожата поради високата концентрација на активни состојки, туку и помагаат да кремата подобро се апсорбира и да си ја врши својата функција. Во зима на сите кожата ни спобудалува. Што од студ, што од смог и зачаденост, ама знам дека без утка секоја зима морам да менувам нега на кожа. Веројатно кај сите се јавува таков проблем и без разлика што немаме зрела кожа сепак при такви лоши услови секоја кожа ќе попушти и ќе покаже значи на слабост.
@Daydream јас денеска од Mixa пишува за сува кожа која се масти , идеална за комбинирана кожа која се масти, кожа на која се појавува црвенило и неправилности и при вадење на шминка се вцрвува.Инаку јас не знам дали е идеална за се ова само што ја купив Сакав трил актив на лореал или една од чера ди купра се мислев ама намерно отидов без шминка и продавачката во Космо оваа ми ја препорача, бидејки ми се масти кожата на Т зоната ама и ми се лупи па ќе видиме како ќе се покаже.Инаку ми рече дека е медицинска за разлика од лореалот и дека подобар ефект ќе имало.А тука некаде беа со цените оваа беше 362 а лореалот не знам 359 изгледа.
Најверојатно се мисли дека и одговара и на зрела кожа (заради општото правило дека на позрела кожа може да се употребувата производи кои се наменети и за помлада, но никако не смее на млада кожа да се користи производи кои се наменети за позрела). Инаку, на повеќе места имам сретнато дека пишува 25+ уште од одамна, а сега секаде пишува различно. Како и да е, штом е за кожа склона кон брчки, тогаш веројатно е за над 25. @Mishela Кога веќе имав толку придобивки од таа крема, воопшто не ми пречи ако наутро се разбудам со малку помрсно чело, бидејќи освен тоа, не ми предизвикува никакви проблеми. Како што си пишуваше во описот дека го изедначува тенот и ја хидрира кожата, тоа и го направи.
Кремот е наменет за нормална кожа. На лицето му дава еластичност и хидратантност без чувство на сушење, пецкање или друг тип иритација. Ако имаш проблем со црвенило, нема таков ефект. Од лично искуство ти препорачувам употреба на зелен коректор кој е наменет за редуцирање на црвенилото на лицето. Цената е околу 330 ден.
Јас имам нормална до сува кожа.Имам пишувано на темава дека користам Bioten за сува и осетлива кожа и Ahava гел крем исто така.Задоволна сум и од двете хидратантни но, не мрсни даваат влажност на лицето.Мојот проблем е што сега од ладново време како да ми се пресуши лицево,како дехидрирано ми е и рапаво на допир.Очигледно кремиве ми се одлични за пролет, лето,есен но не и за зима Мене ми препорачаа Пантенол маст,помага само треба редовно мачкање навечер бидејќи е многу мрсен,ама сепак не сакам да го користам постојано многу ми е тежок. Се мислам дали да земам еден од вие две креми на Yves rocher Едната е со камилица,а едната со невен. Или пак Clinique dramatically different lotion за сува кожа. Доколку имате користено некоја од овие три креми пишете како сте задоволни се мислам која да ја земам за зимниов период.
@tinkerbelll во темата за нашето козметичко катче веќе имам објавено слики од производите на клиник. Третиов производ е истиот кој ти го објави, само во поголемо паковање.(Си ја презедов сликата од темата за моето козметичко катче, каде истотака ги имам пофалено продуктите). Јас лично сум презадоволна од кремата. Ја користам како дел од 1-2-3 чекорите за чистење и нега на лицето. Најпрво сапунот,потоа лосионот и на крај финишот со кремата. Дава добра хидратација и одлично упивање на истата поради течната конзистенција без да свети лицето или да се создаваат слоеви на кожата. Кај мене е со пумпица па 1-2 да се притисне е доволно за да се задоволи потребата. Козметичарката ми препорача да ја користам само на екстра сувите делови (што е и исплатливо) а врз нејзе да користам и друга крема бидејќи истата го зголемува упивањето на истата и го подобрува ефектот. Кожата е мека, витална и дава природен сјај. Ова е ефектот кај мене како дел од 1-2-3 чекорот, но верувам дека со предходно темелно чистење на кожата и со други прозиводи ефектот од кремата ќе биде ист. Практично за чистење на лицето преку ден и основа за бб крема, а посебно ефикасно за пред одење во кревет и како дел од процесот за отстрануавње на шминката. Од мене пофалби.
@danichap И јас планирам да си го земам сетот 1- 2 -3 Step така ми е по исплатливо иако кремот е од 50 мл добивам и гел за миење и лосион за чистење лице. Јас сум 2 за сува кожа и од дамна го меркам ептем му имам фрлено мерак,особено вака зимно време кога кожава ми бара поголема хидратација. На овие сетчиња мислам,двојката да си ја земам како за прв пат,после можам и full size да си купам ако ми одговара. Ти благодарам на одговорот.
@tinkerbelll и јас мислам дека мало сетче е супер идеја како за прв пат. Јас имав можност за проба кај козметичарката(продавачката), т.с првен целосно ми го исчисти лицето па потоа нашминка и веднаш осетив печење на кожата од лосионот 2, за сува кожа, па го зедов оној за многу сува. Во спротивно ќе зедев и јас само мало сетче поради стравот од утка. Инаку она ми рече дека е препорачливо дури и мешање на продуктите од сетот, т.с еден да е од едната линија, а друг од другата. Али тоа со време кога кожата ќе заздрави и нема да биде толку осетлива. При наредната посета ќе пробам и јас, можеби сега 2 веќе ми одговара.
@tinkerbelll @danichap мене па ми е слаб лосион кремов од Клиник за зимскиве периоди кога кожата ми е уште посува од претходно. Многу му е течна структурата и повеќе ми личи на серум така да обавезно врз него морав да нанесам уште некоја крема. Додека за топло време е одличен (тој за сува кожа), лесен, експресно брзо впивлив и држи хидратација цел ден.
Имаш право. По совет на девојката јас секогаш користев додатна хидратантна крема бидејќи имам претерано сува кожа. Оваа како веднаш да се упива и е одлична за длабинска нега, а за површинска хидратација, посебно зимските денови потребна е додатна крема. Колку што се сеќавам (се надевам не измешав со некој друг продукт), девојката ми кажа дека продира длабоко во кожата и ефектот на секоја друга крема која ќе биде нанесена врз него ќе има за 3-4 пати зголемен ефект.
Ја купив на Биотен за сува и сензитивна кожа, кога дојдов дома видов дека е за 20+ години јас имам 18 да си ја користам или да ја поклонам?
Nivea Visage ili Loreal Triple action дневни за сува и чувствителна кожа. Имам сува кожа,супер се за хидратација посебно Нивеата.Ги менувам на три месеци,обично толку време трае паувањето бидејќи кожата се навикнува на кремот,дерматолозите баш препорачуваат така. Пед крем обавезно го чистам со млеко или некоја емулзија,па го мијам и нанесувам кремот.Обавезно на Чиста кожа. Ноќен не користам за млада кожа не е препорачливо
Ќе ве молам некој совет каде да ја најдам кремата балеа 3 во 1 за лице. Ја користев до сега и бев многу задоволен.Чисти лице,ја штити кожата и дава сјај но не можам да ја најдам во ДМ(проверив во веро центар и во Сити мол) Да даде некоја феминка предлог за слична крема која има ефект за чистење и истовремено да дава сјај Парите не ми се битни.Важно е да има ефект и да е на природна база,односно без штетни хемикалии.
Ја користев на почеток, но премногу мрсна ми беше дури ми светеше лицето како лампион После ја заменив со Лореал.