Цените на малите сетови не ги знам. Зависи од големината и комбинацијата. Конкретно оние кои се прикажани на сликата, со исклучок на третото шишенце кое беше околу 50 еу, сите останати парчиња од сликата беа околу 25 еу.
Клиник 3Step сетовите кај нас се 2000 денари и никогаш не сум ги видела на попуст. Секое идење во парфимерија ги манијачам ама никако да попуштат... Посебно гелот за миење лице е 1800 за 150мл или 100мл, лосионот од 400 или 500мл е околу 2000, помалиот незнам, а флуидот е околу 2500 може и поскап да беше за 50мл. Во сетовите грамажата им е доста помала.
Користам крема со матирачки ефект на алверде.Наменета е за нормална до комбинирана кожа.Мојава е комбинирана и совршено ми одговара.Лесна е , хидратантна и има преубав свеж мирис на јаболко и лимета.Не ги затвара порите и не предизвикува акни.Ја користам и како подлога за шминка.Чини 140 денари.Се на се презадоволна сум
Врти сучи пак се вратив на Нивеата. Јас имам комбинирана кожа и едно време Нивеава престанав да ја користам пошто ми беше тешка кога повеќе ми се мрсеше лицето, ама некако периодов откако залади лицево ми се пресуши па сега ќе си ја дотрошам. Најубав мирис на свет ми има, кога ќе ја ставам на лице преубаво чувство на мекост ми дава.
Оваа е само за на мозолчиња/акни и јас сум многу задоволна-по неколку пати мачкање ми ги суши и го намалува рвенилото (во ред сега, зависи за какви акни станува збор, јас зборувам за некои обични, кои излегуваат пред цуклусот). Но, никако не е како крем за на цело лице.
Досега ги имам користено на нивеа (оној синиот универзалниот), бекутан, Dove, на авон тој со краставица зелениот (кој воопшто не ми се погоди), порано СОЛЕА, но некако не можам сеуште да си најдам нешто што ќе ми остави впечаток Овој на нивеа не е лош ама сега сум решена да пробам со овој на сликава, гледам по форумов е пофален, па да пробам. .Само не ми е јасно, дали знаете , која е разликата меѓу овој со сино што пишува DAY и на оној што со црвено пишува DAY?
Ја има по аптеките, Еурофарм и Зегин сигурно. Инаку, јас ги користам Еуцерин Q10 дневна и ноќна и сум многу задоволна. Го купувам сетот, поефтино излегува.
Јас имам природно чисто лице, ама решив ај со крами ќе се бакрачам, и најдов една дома Nivea Soft бела паковка една, тетка ми ја донесе, се сеќавам. Ставав на лицето 2 пати на ден. Некогаш и 3 пати. И имаше резултати за 4 дена. Имав огромни црвени кругови околу очите џоа црвена панда бев. После еден ден црвените кругови се претворија во лушпи и бев... не дај Боже. Фала Богу, двапати ставив Јекодерм или како и да се викаше, и веднаш ги снема. Јасно беше дека ми ја оштети кожата оваа крема. Не знам, убав мирис има, ништо чудно не забележав, очигледно бев алергична на некои состојки таму, бидејќи истото и се случило и на братучетка ми. Не знам дали е до кремата или до мене, ама дефинитивно веќе не ставам ништо на лицево.
па тоа е затоа што кремава е за раце и тело мислам дека пишува на неа...не е за на лице.... Јас лично ја мразам онаа нивеа класик ''мрсна вода'' и моите нон стоп ја зимаат сеа веќе фала богу само за раце... едвај ги убедив дека тие болни и поткожни бубулици и црнки им излагаат од неа...
Па не баш... Тетка ми ја донесе од Италија, а на неа пишува VISO, CORPO, MANI. Лице, тело, и раце. Изгледа сум алергична на некоја состојка.
Сакав да користам некоја лесна крема, па си зедов Бекутан. Не ја користам секој ден, најчесто 3-4 пати во неделата. Имам речиси чисто лице, само малку црвенило на образите, кое понекогаш воопшто не се забележува, но понекогаш и те како се познава. Брзо се впива, можеби затоа што јас ставам мала количина. Ја остава кожата мека.
I za izgorenici e super. Jas se izgorev od figaro, i toa dobro , na obrazor. Za edna nedela mi pomina (ne bese krvavo meso), inace posle mesec ipol izcezna bez luzna. Taka da ako imate izgorenica , koristete ja.