Nivea Visage мислам дека беа за над 25 години, ако не се лажам. Мислам дека некаде на форумов го прочитав ова.
Јас пак мислам дека овие две креми се едни исти креми. Овие долниве се новите пакувања на кремите на Нивеа од линијата Визаж. Мислам дека на повеќето од новите пакувања, а можда и на ниту едно веќе не пишува Висаж. Кремите се тие
Знаете ли каков ефект дава оваа крема, или не сфаќам што точно е? И дали ја има воопшто кај нас, која цена е и најдобро, дали имате можеби искуства?
Според она што пишува на интернет, дава ефект на помлада кожа, т.е ги измазнува ситните брчки, ги затвора видливите пори и ситните лузнички, ја измазнува и светнува кожата, со што би изгледала помлада. Ова е некој вид коректор/прајмер како што гледам, се става после кремот за лице, барем така е наведено. Нема којзнае какви оценки, просечен е (3/5).
Ова не е крема туку прајмер. Се користи за измазнување на лицето пред да се нанаесе пудра. Ги пополнува порите и некои ситни брчки. Јас ја имам ама мене не ми се допаѓа воопшто. Кога ја користам под пудра, пудрата ми се губи од лицето некако како да се лизга. Плус многу побрзо ми светнува лицето, а треба да е обратно. Демек треба шминката подолго да ти трае. Мене не ми се свиѓа и не ми одговара. Ако има некој задоволен нека ти пише. од мене овој производ има не!
Мораш да направиш пилинг на лицето затоа ти се прават ко лушички и кремата неможе да ти упие убаво. Пилинг обавезно прави барем еднаш во неделата. Можеш да си купиш некој или пак да си направиш домашен. Јас од домашните ги правам следниве: -маслиново масло и шеќер колку да се добие смеса, нанеси на лицето и убаво измасирај насекаде, после исплакни убаво со млака вода (маслиновото масло ќе ти ја омекне кожата да не ти биде сува, а шеќерот бидејќи е груб ќе ги отстрани мртвите клетки и површинските нечистотии) -сода бикарбона+малку сол+млеко една голема лажица, направи смеса нанеси на лице, нека стои 10тина минути потоа исплакни(помага за отстранување на црнки и ситни мозолчиња, лицето ќе ти биде многу мазно)
Имам комбинирана кожа. Со кремава т - зоната не сјае, а кожата на образите не ми е затегната. Не знам дали може да се најде во Македонија. Прашај во аптеките. Јас ја купив во Германија
Крема за лице користам чат пат на Бекутан, а повеке кремата Сатва од Алкалоид...значи нема болја крема... Лицето меко,нежно..перфектна е.
Ti Blagodaram mnogu mim's. Bash ke si napravam. Si kupiv od Balea piling za suva koza ama slaba e nekako mnogu. bash ke prpbam ova shto mi kaza. Ti blagodaram najmnogu
Периодов од ладново за прв пат се најдов со проблем да имам комбинирана кожа, Т-зоната ми е ептен сува и дури почнува да ми се лупи, а другиот дел ми е мрсен.Не знам што крема да ставам, со оглед на тоа дека имам 19 години, и не знам што би ми годело на лицето.Се мислев да ја земам оваа од Дм па ако некој ја има користено да сподели искуство
Во пролет и лето оваа. Цената и е секогаш околу 1000(990,980),зависи од која аптека.Предобра е.Јас имам нормална кожа.И што ми е најважно не содржи штетни состојки. А за во зима не ставам мн. креми,понекогаш само,исклучиво бебешка.Оваа.
Јас ја имам кремава, убаво свежо мириса дури и малце јако али ок е. Моментално не ја користам пошто од ладното ми се исуши лицето и си се спасив со хидратантната крема од Nivea. Ама кога ми се мрси кожата повеќе си ја користам оваа од Balea и добра ми е, ми го освежува лицето и го матира... не богзнае колку али за тие пари супер е.
Дневен Normaderm на VICHY (незаменлив кога знае да се појави некое мозолче пред циклус) а ноќен Nivea Q10
Јас ги користам овие две креми и сум презадоволна. Мене лицето со годишниве времиња ми се менува Во лето ми е нормално со мрсна т зона и околу носот сува а во зима нормално ми е кон суво, кај носот секогаш ми е сува без разлика лето зима ама само што заврши зимата одма светнувам ко лампион т- зоната и така сум до следна зима Така да овие две за зимава супер ми се погодиа. Исто да напоменам мене лицето ми е чисто во зима немам некој големи проблеми само по една бубулица пред да добијам ми се појавува и тоа секогаш на исто место и додека ја сенма оп ете ти ја пак следиот месец . А лето е друга приказна дека ми е мрсна знаат по неколку да се појават ама ништо сериозно. L'oreal Triple Active Day Cream е за нормално и комбинирано лице и ја користам наутро до пред некое време и навечер jа користев ама зимава ми требаше некако повеќе влажност па се решив и за ноќна крема и реков да не менувам фирми си ја земав лореалот ноќната и супер ми е. L'oreal Triple Active Night - брзо се впива и добро ми ја хидрира кожата на лицето и сабјле кога ќе се разбудам чуствувам разлика и ѕоа доста голема отакако почнав да ја користам и плус меко ми е ко свила лицето Е сеа кога ќе ми се врати мрсната кожа после зимава ќе видиме како ќе биде дека сепак е помрсничка ама мислам нема да ми е прави проблем барем се надевам дека нема и мрсната кожа и треба хидтратација, бидејќи ставрно многу ми се погоди предобра е кремава а и мирисот и е прекрасен барем за мене . Така да и двете ви ги препорачувам нема да згрешите.