Имам 24 години, нормална кожа на лицето, ниту сува, ниту мрсна. Користев порано Нивеа, изминатиов период креми од Авон, па доколку сте задоволни од некоја крема да ми препорачате, сакам да сменам.
Жени oд Бaлеa некoјa кремa зa сувa кoжa 40+? кoјa ценa се и дaли се дoбри кремиве? Зa свекрвa ми сaкaм дa и земaм
@koritsaki Јас на свекрвами едно време редовно и земав Balea Q10 и ептен беше задоволна. (има нешто над 50). Мислам дека се ок тие креми и за цената се баш топ. Сега сакаше малку да смени дека веќе одамна ги користи па зема на Nivea.
За зрела кожа од Балеа многу е убава линијата со златните пакувања и црвени капачиња. Мислам дека се под името Vital. Јас ги купувам за мајка ми кремата за околу очи и концентратот против брчки спакувани како капсули кои немам поим како се нанесуваат ама се за хидратација и помош против брчки. Има и дневна/ноќна крема ако не се лажам, јас ја купив само дневната. Мајка ми е презадоволна, а и лицето навистина и` изгледа свежо младешко. Единствено не знам за која возраст се најпогодни - дали 40+ или 50+, си пишува на кутивчето од страна во тоа сум сигурна, ама фрлени ни се одамна, но во секој случај има многу позитивно искуство. Мајка ми е 50+.
Имаш од орифлем крема со алое вера за твојата кожа и јас ја користам за комбинирана и сум мн задоволна оние на натурал така нешто со зелено е кутивчето јас го земав околу 150 намалено беше 50 мл.
Еми и моево лице е комбинирано користев дневна и ноќна од козјо млеко за образите ми беше добра ама челото ми го мрсеше.Последниот пат кога бев во Космо баш ги видов овие краставица,какао ама мислам на сите пишуваше дека се за сува кожа и затоа не земав,а и сакам иста линија да ми бидат и дневна и ноќна а од овие мислам дека немаше ноќна.
Kала баш ја земав кремава и на неа пишува за сува и комбинирана кожа. Мене ми е ок, маалкуцка ми е мрсна на челото, ама ништо страшно, за овој период е добра, за потопло не би ми одговарала. Значи, убаво сум направила што не сум ја земала таа од козјо млеко. А од краставица ноќна и јас не видов мислам...
Ако не се лажам на сите Зиаја пишуваше за сува ама и чудно ми е како може иста за сува и комбинирана,инаку забележав многу производи за комбинирана кожа се краставица
Јас мислам дека онаа со краставица е за нормална до комбинирана или комбинирана - мрсна. Мислам дека тоа првото како да го прочитав на кутивчето, ама фрлена ми е одамна и не се сеќавам. Во секој случај, како и да пишува, сепак јас не би ја препорачала таа крема за сува кожа, од проста причина што премногу е слаба со хидратацијата. Јас периодов имам комбинирана кожа, па кога ја нанесувам го чувствувам лицето недоволно потхрането и ставам друга крема. Оваа ја оставив за летниот период, тогаш лицето интензивно ми преминува во мрсно и мислам дека ќе ми биде одлична.
Значи многу сум за никаде. Каква краставица, јас ова кутивче што го дотрошувам е од алое, а новото е од краставица, ама двете зеленки јас сум ги направила чорба. Значи, на алоето пишува за сува и комбинирана кожа, а на краставицата за масна, комбинирана и нормална кожа. Од прва рака ова со кутивчињата сум пред мене. Со оглед на тоа што алоето ми беше мрсничка на челото, се надевам краставицата ќе е ок...
Има тема за хималаја козметика, но само со неколку мислења, па да прашам тука. Видов во космо дека има намаление на сетови, кремава за лице ме интересира конкретно. Ја има некоја користено? Впечатоци?
јас ја користев, се уште ја користам. Ја платив цели 100 и нешто денари во дм, иако пишува дека е за лице, ја нанесов неколку пати и убава е, ама мислам дека не ми беше доволно хранлива, некако е повеќе ко универзална крема. Ја користам за рацете сега, треба да ја завршам за кратко време, откога се отвори треба да се потроши во рок од 6 месеци.
Од Авон Anew Vitale дневен и ноќен ама искрено не знам какво мислење да имам бидејќи не ги користам секој ден
Кремава не е наменета за лице исклучиво, туку е универзална, можеби затоа не ти се погодила. Јас секогаш ја имам при рака, пред се поради преубавиот мирис кој долго се задржува, а и ми се допаѓа негата што ја дава. Во лето особено ја убивам од користење. Инаку ја имам пробано и дневната крема за лице, ама не ме воодушеви. Убаво мириса, лесна е и брзо се впива, ама хидратација јок. Во лето можеби би била подобра, ама сепак, не би ја купила повторно. На оваа мислам инаку.
Јас ги нарачав првите три сетови, четвртиот за мајка ми. Како што гледам истата крема е во трите. Ако ми одговара, да си се снабдам со резервни залихи, ако не ќе ги подарувам. Подолго време ја користев Лореал анти шајн, ама како да ми се презасити кожата од неа. Не знам дали од ладното, дали од нездравата исхрана периодов - мака мачам со лицево. Ми се лупи околу носот и челото, ми се појавуваат некои ситни поткожни мозолчиња... Па ајде, уште од оваа козметика немам нешто пробано.