оваа крема ја користиме и јас и мајка ми секое утро и има убав мирис, и го негува лицето, откако ја користам помеко ми е, немам проблем со лицето, чисто ми е, освен некои црвенила кај носот
@sia.bella Гелот за миење лице не сум го пробала, ама другарка моја е задоволна, сепак не можам да ти кажам од мое искуство. Пилингот го имам пробано и мене барем ми се допаѓа. Има внатре многу гранули и многу убав пилинг си правам со него. Има многу слаб мирис на нешто што не можам да го дефинирам ама како и да е се на се супер пилинг. За кремата значи не дека сум разочарана, ама во зима ми треба нешто што подлабински ќе хидрира, инаку се друго ми е ок. Се надевам дека ќе ти се погодат на тебе. Баш пиши коментар кога ќе ги тестрираш
@Giovanna зборуваш за пилингот т.е. скроб го пишува во последниот сет? Знаеш би можела тој да го земам, наместо третиот сет... Плус и друга крема има, би требало барем една да ми се погоди. Мене не ми треба кој знае каква хидратација, мрсно лице имам и користам крема само навечер.
Да за тој зборувам, за пилингот од кајсија. Таа крема што оди во тој сет ќе ти биде доста лесна за мрсна кожа, е сега кај матирањето не знам колку работа ќе ти заврши, ама штом ти е за навечер тогаш дефинитивно ќе ти биде подобро решение отколку универзалната, затоа што таа е потешка и помрсна, нели како и секоја универзална крема. На крај краева и да ти се погоди повеќе универзалната (што чисто не верувам) подобро да си ја купиш таа посебно, затоа што е помалку од 200 денари големата милилитража од 150 мл, додека оваа Energizing Day Cream e околу 450 денари за 50 мл, ако ја купиш надвор од комплетот.
Ти благодарам @Giovanna за помошта, ќе ги тестирам и двете креми, а и другите производи ( пилингот, лабелото, сапунот ) па се надевам ќе испаднат за во омилени продукти на месецот.
Ја користам оваа крема, лесна е и хидратантна! Исто така го имав сапунот од себамед со маслиново масло, ама не ми одговараше, премногу ми ја сушеше кожата, ама многу добро чистеше!
Иако ги имам производиве дома веќе подолго, либево најчесто ги користеше. Предходно чат пат ќе ставев од кремата, но изминатава недела интензивно започнав да ги нанесувам и веќе приметувам одлични резултати. Најпрво го нанесувам концентратот кој даа некој ефект на ладење на кожата и го осеќате како веднаш се упива и ви ја затега кожата. Потоа ја нанесувам кремата која нуди одлична хидратација. Кожата е елстаична, сјајна и мека. Целосно нетипично за овие зимски денови. Третото шишенце се претура од едно поглемо шише, оригиналното пакување од истото е со изглед како спрејовите за чистење на домаќинството. Одлично против црвенила за регенирање на кожата посебно летно време го користи мојов за ладење и освежување на кожата од сончевите зраци. Производите се со високо концентриран алое вера директно добиен од листовите на истото растение . 90% алое вера е содржан во концентратот, 79% во кремата и 83% во спрејот . Кремата е богата и со прополис и витамин е, а спрејот со екстракти од 12 растенија Од мене и препорачувам за сите со сува, осетлива кожа склона кон црвенила или оние кои имаат потреба од додатна хидратација
Да и‘ се извинам на феминката која се обидуваше да ми помогне да се сетам на кремот за лице; кога отидов да проверам, видов дека бил на L'oreal, не на Garnier Спојлер: Ова е кремчето Го користам наутро. Лицето ми го одржува хидрирано, но не ми го мрси. Мераци е. Исто така, извесен период користев тестери од овој крем: За младалачка кожа, ноќен крем со свеж мирис. Би продолжила да го користам.
Дечки препорака за крема од Афродита?Имам комбинирана кожа, а сакам да ми одговара плус и како подлога за ставање пудра.
И јас имам ист тип на кожа, па засега одлична ми е дневната крема со невен на Афродита. Не онаа во лимено кутивче, таа другата. Супер се покажа и како подлога за пудра, моментално ја користам Ревлон и немам проблеми со нанесувањето. Многу ми се допаѓа и планирам да ја купам и ноќната деновиве.
Го користам овој крем неколку месеци, брзо се троши, успеав за толку краток период да истрошам 4 кутивчиња, ама сум презадоволна. Многу меко го прави лицето, одличен е за хидратација и прекрасно мириса. И што е најважно не е многу скап. Јас од веро го купувам за 270 ден.
Девојки, вчера бев во Зегин, видов има намалување на Нивеа кремите... Не планирав ама кога видов намалување земав таа за сува и осетлива кожа. Цената и е 255 денари а знам во Веро видов дека е 320, ако не и повеќе. Е сега немаше ноќна, ама и во неколку продавници потоа побарав и не видов ноќна за сува, само за нормална/мешовита. Има ли ја воопшто некаде? :/ Еве ова крема ја зедов, сега барам и ноќна.
170, моја грешка при пишувањето. Пишував од телефон, пазнаеш како е на тастатурата на тел. Многу е поголема веројатноста да ги стиснеш сите букви одоколу освен таа што ти треба
Sakam da zemam krema za suva koza ne mnogu skapa ubavo da hidrira.Preporacajte mi nekoja slabo se razbiram vo kremi..
Што подразбираш под „не многу скапа“, мислам, до колку пари ти се даваат највеќе. Јас би ти ја препорачала кремата за сува кожа на Лореал, Трипл Актив во розево кутивче, а мислам дека е од 350-370 денари, но кремата е навистина преубава за овој тип на кожа. Исто така, би ти го препорачала и Аква серумот на Балеа, кој мислам дека е околу 250 денари и убаво, длабински ја хидрира кожата.
Pa do kaj 500 denari nekade dnevna krema baram ke ja pobaram taa od loreal a balea nema vo mojot grad
Нека ми каже некој дали ги има продуктире на Sebamed во Македонија? Баш сега ја разгледував страницата на зегин аптеките и имаше некои нивни креми.
ги користам истите, и задоволна сум. А и ми се допаѓа тоа што се на природна база. Сега се малце поскапи него она што сме навикнати да го купуваме, но дефинитно вредат. Планирам да си ги купам кремовите што се баш наменети за лице следно.