Сега се префлив на оваа: Убаво ми мириса, малку ми е мрсна, ама кожата ми е чувствителна и ми се суши од ладните температури, така што за овој период ми е погодена :up:
Мене ми интересира дали сте задоволни од овие кремови на Авон , ако некој ги користел Се мислам дали да си земам,намалени се
една школска користеше ваква ама од праска, и еднаш ја пробав и ми беше некако многу чудна.. не ми се допадна воопшто..
Ја имам користено оваа но мене не ми одговараше на лицето, не бев воопшто задоволна. Користев една во вакво пакување од смоква и киви беше во розаво пакување, таа ми се допаѓаше многу, но повеќе мислам дека ја нема. Инаку тебе може да ти одговара на кожата, не се скапи кремите пробај ќе видеш кај секој е различно. Јас гi користам solution кремите од авон, од тие сум ептен задовoлна.
една моја другарка ја користеше и мн беше задоволна. ако немаш некој посебни проблеми со лицето би требало да ти одговара.
Карина јас не бев задоволна од истата крема која ја имаш постирано, некако цела ме пецкаше и ме исфрли. Инаку имав нормална кожа кога ја користев, немав некоја мака со крем и лице.Е сега секој различно,може тебе ќе ти одговара,ама моето искуство е такво.
јас ја користам моментално и ми е преубава хидратантна е и за прочистување лицето сега машала ми е чисто и кремата ми е 5ка јас мислам дека нема да згрешиш ако ја пробаш
не најдов таква тема,па да прашам каква крема за очи препорачувате за пределот околу очите де,забележав по некоја брчкичка највероватно од цигарите ми е....
Еб*те животот 20 години ќе користиш крема против акни, после треба да се префрлиш на крема против брчки- цел живот мора нешто да лечиш. Инаку Карина, јас сум ја користела таа крема од Авон и мене ми одговара, јас ја користам проширена и надградена , со витамин Е и Ц, не сум жива ако не ставам нешто плус во кремите
Арно ме потсети, баш сакав да те прашам за жолтото кремче на арома Медико идеал Преубаво ми е кремчето, ефикасно е само малку ми е суво и тешко за размачкување .Мислам дека ти беше напишала дека ставаш нешто додатно во него ако не сум грешка Сакав да ставам АД капки би требало да биде подобро така бидејќи за ништо не го менувам кремчето.
Lacrimosa јас го имам истиот проблем. На челото, образите и брадата имам пресува кожа а носот ми е полн со митисери и се масти. Кажи крема - сум ја пробала, кажи козметичар или дерматолог - сум била. Како што искоментира sesilija, 20 години креми против акни па директно на лифитинг и против брчки. Значи сум пробала се и сешто и најдобра ми е од Vichy Aqualia Thermal кремата, појаката варијанта Rich. Оваа крема е максимално хидратантна и ми го регулира лачењето во масната зона. Прва крема од која кога ке станам сабајле носот не ми е покриен со зејтин а лицето не исушено. Направив мала пауза од кремата бидејки отидов во Темов на третман и тие ми утрапија од нивните “природни“ креми и лосионот и ме уредија. На образите ми се појавија црвени тркалца, сува кожа која не се смируваше на ниту еден начин. Се јавив и ми рекоа да сум се мачкала првин од ноќната крема и предку ден, па од горе дневната да сум ја ставала. Уште маргаринче да си ставав и кога ке легнам навечер, што да ви кажувам намачкана ко тава пред печење кифлици а ефект нема. Потрошив по пола од кремите и си се вратив нa Vichy и се оправив. Колку и да плука Цвета Темова по кремите кои биле петрохемија, јас од нејзините само штета видов. А по 600+ денари се....
Јас не обожавам многу креми за лице,имам лице подложно на излегување на акни и никако не си наоѓам соодветен крем.Ја пробав кремата павловичева од син ми жолта со невен, ја има во аптеките и поголемите маркети, ама одлична е,одма ги заздравува црвенилата на кожата и флеките поради присуството на невен... Не видов дека некој ја препорачува,а одлична е.
Nivea Soft, нема поубава, полесна и попријатна крема за мојата комбинирана кожа А за оние со посуво лице ја препорачувам само обичната Нивеа
заборавив да напишам моментално ја користам оваа крема убава е хидратантна а пишува дека е за комбинирана и нормална кожа, за над 18 год.
Истата крема за лице и јас ја користам,за нормална и комбинирана кожа,каква што и имам,само таа засега ми е добра,имам пробано и други креми,но не одговараа на самата кожа.Кремава ја користам долго време и немам никакви проблеми од кремата.
Со години си ја користев оваа линија на Росал за чисто лице, ама ми ја нема веќе по маркетиве долг период, а инаку резултатите што ми ги покажа беа повеќе од задоволителни, нешто најдобро што досега го имам ставено на лице...A сега сакам да ве замолам за некоја предлог крема девојки, за масна кожа склона кон акни...
Јас ставив витамин Е и многу убаво се размачкуваше. Потоа ставив и витамин Ц, демек да ми ја штити демек кожата од надворешни влијанија, ама течноста од ампулата не се соедини со кремата и требаше неколку дена за да се впие витаминот Ц, претходно додека да се впие цела крема ми беше со капки од ампулата . А можеш да ставиш АД капки, тие се масни, па така кремот лесно ќе се размачкува, само не знам кој ефект го имаат витамините А и Д за кожата