Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Некој ги гористи сатва кремиве за лице на алкалоид? Искуство?
     
  2. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Добра крема и дневна и ноќна од Балеа за сува кожа, за триесет години?
     
  3. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    419
    Ако ви кажам дека користам бекутан ке ми се знасмеете.. ама неможам моето лице не трпи секакви хемии јест да знам има нешто и во бекутанот..али освен тоа ништо друго лицето не ми трпи.. Сакам да најдам некој на природна база.. ама засега не сум сретнала ниту ми препорачале, ако може да ми каже некој препорача одлично би било.
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Becutan :D ( најнежна ми е некако )

    [​IMG]


    И хидратантна крема од dr. Hauschka на органска база

    [​IMG]
     
    На mirandaa и rainbowec им се допаѓа ова.
  5. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Крема може да најдеш на Алверде во ДМ.Уште подобра варијанта е лицето да го мачкаш со природно кокосово масло.
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    За тие што бараат природни креми кои патем се одлични видете ги на Лавера, во космо се на 50% попуст.
    [​IMG]
     
    На Mama25, Модо, MiaNmaR и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.998
    Допаѓања:
    81.337
    Пол:
    Женски
    Дали би било претерано да си земам ноќна крема на речиси 22 години?
    Чувствувам потреба за подлабинска хидратација откако ќе го средам и исчистам лицето навечер, дневната крема како да ми се впива за секунда и не ми е доволна.
    Моментално сум на Афродита со невен и презадоволна сум, па се мислам дали да ја набавам и ноќната, но ме интересира да не случајно не е наменета за мојата возраст па да си направам некој контраефект.
    Брчки или индикации за истите немам, едноставно мислам дека некоја похранлива, поконцентрирана крема би ми била од голема помош.
    Пробав да нанесувам серуми, но истото се случува, така да, повеќе сум за соодветна крема.
     
  8. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Мишела, кремата на Афродита од невен нема возрасна граница, можеш да ја земеш :) Од кремите на Aфродита само онаа со екстракт од камилица е за повозрасни, останатите одговараат на секој тип на кожа. Ноќната од невен е доста хидратантна, доволна е мала количина да се нанесе за да не ти остави масен слој. Се надевам ќе ти се погоди :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Од Орифлем како на сликата само зелен. За мојата мрсна кожа е идеален.
    [​IMG]
    А доколку го немам тој, користам Dove.
    [​IMG]
     
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мишела, таа од невен од Афродита нема никакви антиејџ состојки и не гледам причина зошто да не си ја земеш кога веќе ја имаш дневната.
    Јас ја дотрошувам таа од маслинка, (кај неа нема таква поделба на дневна и ноќна, туку има два вида од кои едната е за повозрасна кожа- јас ја користам хидратантната), и баш се мислам пак да си ги земам двете од невен таман пак се намалени по отприлика 165 денари во Тинекс:lol:.
    Ноќната кога ќе ја нанесеш е доста мрсна, ама дава пријатно чувство и утредента лицето изгледа баш нахрането.
    Не знам зошто ги сменив, баш ми беа погодени, ама постојано сакам да пробувам нешто ново.
    Сега се мислев конечно да ги земам дневната и ноќната од Лореал, дневната или за комбинирана или за мрсна, а ноќната е за сите типови како што гледам, ама кога ги видов повторно намалени тие од Афродита се подзамислив.

    А @UnordinaryOne не се согласувам дека само таа од камилица е со тие својства, разгледај ги откако им ги сменија пакувањата, ќе видиш дека веќе не се дневни и ноќни освен невенот, и најчесто повеќето што се хранливи се и со антиејџ состојки.
     
    На UnordinaryOne и Mishela им се допаѓа ова.
  11. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Можно е, ги имам разгледувано поодамна, кога бирав која крема од Афродита да ја купам. Затоа не сум информирана за промените :)
     
    Последна измена: 7 февруари 2015
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.998
    Допаѓања:
    81.337
    Пол:
    Женски
    Прашав затоа што како да ми остана во глава дека на сајтот за кремава прочитав како наводно да се бори против почетните брчки, па ме фаќа нелагодност.
    Ќе ја земам тогаш, во ДМ е 175 ден.
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Еве сега гледам дека го има пишано тоа, ама потоа во делот со главните состојки нема спомнато ништо за првите знаци на стареење. Имаат некои нелогичности на страната, еве види кај употреба пишува да се нанесува секое утро и вечер што нема логика за ноќна крема.
    Нема ни колаген, ни Q10, ни хијалуронска киселина, така што нема логика да е антиејџ.
    Баш ме замисли сега, пред два дена ја читав декларацијата на самато кутивче, ама не се сеќавам дека видов такво нешто.
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Женски, која крема од Лореал би ми ја препорачале, гледам најмногу ги фалите?
    Имам комбинирана кожа, мрсна Т зона, ми светнува после 1 час, небитно дали имам пудра, крема за лице или било што, а сепак мислам дека не ми е доволно хидрирана.
    Од сите креми што сум ги пробала, небитно дали против акни или обични креми, исто ми е, никакво подобрување не чувствувам, и не сакам да шетам како лампион после 1 час.:doh:
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    @MacaLove, оваа е за мрсна [​IMG] а овие за нормална и комбинирана [​IMG] [​IMG]
    Додека ноќната е за сите типови кожа [​IMG]

    Мислам дека најмногу ќе ти одговара првата, Антишајн.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.224
    @Mishela злато јас не би ти препорачала да ја користиш ноќната крема на Афродита. Особено не ноќна крема од невен. Колку јас што имам читано дневниот крем мора да се разликува од ноќниот. За денски невенот ти ја балансира кожата ама навечер кожата треба да си ја врати својата природна функција сама да се регенерира и балансира. Па затоа треба да се користат креми кои се на база на вода а не на масло како што е афродита. Подобро земи некоја од ноќните креми на природна база што се.
    Еве што пишува за ноќната крема
    Noćna krema s nevenom bogato neguje, hrani i revitalizira umornu kožu.Intenzivno smiruje kožu, daje joj novu energiju i svežinu te je štiti od gubitka vlage. Stimuliše regeneraciju kože, podstiče njenu elastičnost i pomaže joj u ublažavanju prvih znakova starenja. Rezultat:vitalna, glatka i negovana koža. 50ml
    Ти си сеуште млада и не ти е потребен крем за регенерација, твојата кожа сама се обновува.
     
    Последна измена: 7 февруари 2015
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.998
    Допаѓања:
    81.337
    Пол:
    Женски
    @kolovoz, околу тоа и ми беше дилемата, не знам што да одберам а чувствувам потреба дека навистина лицето ми бара нешто похидратантно и појако од кремава.
    Баш погоре прашував за текстот што им е ставен како инфо за кремава на сајтот, ама навистина не знам.

    Имаш некој предлог за ноќна крема од оние другиве?
    Само нека не биде за мрсна кожа, избегнувам такви продукти веќе некое време. Нема да ми смета ако биде наменета за нормална или комбинирана кожа.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Морам малку да не се согласам со @sesilija. Според мене, земи си некоја од кремите за нормална и комбинирана кожа на Лореал. На твојот тип на лице, никако не ја земај anti-shine. Таа крема е за премногу мрсна кожа, и само повеќе ќе ти направи проблеми. Од лично искуство ти кажувам. Истата грешка и јас ја направив. Ист тип на кожа имам и јас, само кај Т-зоната ми се мрси, а останатите делови ми се нормални. Овде читав, а и по препорака на девојката што работеше во ДМ, ја земав anti-shine за мрсна кожа. Воопшто не ми делуваше убаво, ставив два пати и ја оставив, ете ја ми стои цела, се мислам да ја поклонам на некој или пак ќе ја пробам уште еднаш во лето, зашто тогаш многу ми се мрси кожата. Или пак не ми текнално да пробам од време на време да ставам само на мрсните делови на лицето. Колку само да ја потрошам. Сега си ја земав triple active day за комбинирана кожа и лицето си е супер.
    Грешка направив, не знам ни зошто. Убаво си се поделени кремите, за мрсна, комбинирана и нормална, и сува и чувствителна кожа. Не знам зошто јас со сила ја правам мојата кожа нешто што не е. Кога знаеме каков тип на кожа имаме, треба и таква крема да си земеме. :)
    Сепак ти размисли си, ова од мое искуство.
     
    На MacaLove и sesilija им се допаѓа ова.
  19. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    А на Лореал некоја за нормална кожа? И која цена се?
     
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Три мислења над твоето ги има кремите на Лореал според типот на кожа.