@Mishela Во глобала скоро сите ноќни креми се направени за +25 но постојат гелови за хидратација мислам дека тие би ти биле совршени за твојата кожа. Е сега да си кажам за себе јас кога бев 22год користев само сапуни на LUSH или на L'occitane. Мене во тоа време ми беа тие доволни + се и поефтини. Немав проблем со хидратацијата. Муабетот ми е затоа што си млада да не, не ти одговара тоникот или млекото за лице што го користиш. Да не ти ја суши премногу кожата. Јас да сум на твое место прво би го сменила него. Пред да купам што било. Или не пиеш доволно вода? Ти предлагам три фирми кои ги имам користено и од кои сум била задоволна. Но како што кажав немам проблем со хидратацијата па баш овие ги немам користено. Е сега знам дека се поскапи, се надевам нама да ми се налутиш. Ова првото ми се допаѓа многу според составот, мое е да ти кажам да го разгледаш,... не гарантирам ништо. Спојлер: за него Light and ultra-fresh, the Hydra Vital Gel is a true burst of hydration to help revitalize the skin. Its cooling gel texture soothes the skin for a more radiant complexion. This gel provides 24 hours of hydration*, leaving the skin immediately hydra-quenched (85%), refreshed (85%) and soothed (93%).** The skin looks and feels recharged with energy (81%) and is more resilient to fatigue (81%).** >Angelica is an astonishing plant. It can grow to a height of up to two meters in just a few days, thanks to its exceptional capacity of self-hydration. L’OCCITANE has selected organic angelica from the Drôme region of France and has patented its preservation of hydration and revitalizing efficacy for the skin. Спојлер: за него At night, your skin uses up to four times more water than during the day. Biotherm brings you a high-performance solution in a signature texture that hydrates, reinforces and retains moisture overnight. Leveraging the breakthrough innovation of new star ingredient P. Antarctica, AQUASOURCE Nuit augments your skin’s water reserves, keeping the upper layers deeply hydrated all night long. When you wake up, your face looks pleasantly fresh and luminous. Best of all, AQUASOURCE Nuit’s benefits are not short-lived. By applying it nightly, your skin’s texture is visibly improved, helping you feel increasingly elastic and beautifully radiant. Less Details Од истава има и крем го имаше во Еликсир 2800ден три продукти заедно. Баш ги гледав. го има во Зегин Спојлер: за него Innovative technology traps and carries water deep into the layers of the epidermis • High concentration of Avène Thermal Spring Water for optimal hydration • Increases hydration level of the skin • Enhances effectiveness of any moisturizer or treatment product used afterwards • Pleasant fragrance tolerated by sensitive skin • Clinically proven to increase skin hydration by 42% after 22 days of use • Provides 24 hours of continuous hydration • PARABEN-FREE, OIL-FREE, HYPOALLERGENIC, NON-COMEDOGENIC All skin types • Tired, dull, lackluster skin • Sensitive, irritated skin (redness, tightness, sunburn А во однос на некои поефтини варјанти би ти ја предложила на Алверде од дива роза или silk sensitive ноќната крема , затоа што сепак сметам дека се полесни од кремовите на афродита. Кои јас пак воопшто не ги сакам. А најефтина варјанта: Купи си бадеми една рака 150гр. остави ги една вечер во вода- не ја фрлај водата. Излупи ги, изблендирај ги додади малку од водата во која беа. Ова го правам утрото за да отстои а вечер го користам. Исчисти го лицето и стави го како маска, остави го да постои 10 мин. Извади го и легни си да спиеш .Ова два пати неделно го правам . Лицето наутро ми е како бебешко. Мене ми дејствува.
Не знам Дејдрим, можеби си во право. Јас таа ја предложив бидејќи рече дека светнувала после 1 час, а оваа е со таков антишајн ефект. Сега која ја имаш од тие за нормална и комбинирана, бидејќи има два вида (ги постирав погоре). Инаку и јас лично за мене не можам да се одлучам дали да земам за мрсна или за комбинирана, во дилема сум (после твојот пост уште повеќе) и мислам дека на крај прво ќе ја земам ноќната барем од неа нема повеќе видови. А си пробала ли да ставаш од серумот од Балеа пред оваа за мрсна, да видиш дали така ќе ти одговара?
Фала ти @kolovoz на опширниов одговор. Мене најмногу ми фаќа око серумот на Аvene, најверојатно зашто веќе имам позитивно искуство со нивни креми и други производи. Ќе размислам во секој случај и ќе го применам ова со бадемите, ми се допаѓа многу. Дневната крема од Афродита ми е одлична, не би ја менувала барем во тие есенско-зимски периоди. За во лето знам дека нема да ми одговара и ќе се вратам на Лореал за комбинирана кожа или во краен случај, ќе побарам некоја нова. Водам некој режим последниве неколку месеци и пијам многу вода, сигурно до 10 чаши на ден, па мислам дека тоа ми е доволно и е во ред, а тоникот ми е многу нежен - плавиот од Балеа кој најмногу ми одговара и не ми ја малтретира кожата како зелениот. Тој преубаво ми го чистеше лицето, ама многу ми го матираше и затегнуваше. По препорака на дерматолог ја сменив целата препаративна козметика, ама кремата очигледно ми е најголемиот проблем. Никако да најдам една која ќе ми биде како all in 1, не знам ниту дали постои некоја ваква за мојата комплицирана кожа.
И јас светнував на мрсните делови за еден час и по таа логика и ја земав анти шајн ама тоа делува само на мрсните делови, а нормалните делови од лицето ги пресушува, па од буквално две ставања јас бев цела лушпи. Не мислев дека до толку брзо и агресивно ќе ми делува. Затоа сега се мислам да ставам по малку само на мрсните делови од лицето ама и вака ми е супер, така што може и да не експериментирам. Серум не сум пробала, почнав пред некое време да размислувам, ама пак ќе речам, сега за сега ми е ок па тоа ќе остане за понатака. Инаку, оваа крема ја користам моментално.
Јас не ти препорачувам да ставаш вакви детски креми на лице а и многу не им верувам на овие бекутан,кодемек за деца поприродно да биде тие во пола од производите парабени изнаставале , сега штом бараш нешто поприродно еве има на Алверде крема за лице јас ја купив оваа за мрсна кожа ама не сум ја пробала уште , треба да ја завршам кремава на Клиник прво. Би требало да има и за суво лице,незнам каков тип кожа имаш
@mims-89 пробав, но ми направи многу црнки во Т-зоната. Маслото го купив од Био Култ, најверојатно не е до тоа колку било природно или не, туку едноставно не ми прија. Потоа прочитав низ интернет дека требало да се внимава со неговата употреба затоа што е комедогено. Ќе се вратам на Аква серумот од Балеа. Хидратацијата ми е сосема доволна за преку ден, за ноќе ми треба уште малце повеќе, па ќе комбинирам некако со оние кои ги имам по дома. А мајка ми ми ја купила и оваа ноќнава од Афродита, ама ќе ја подарам на братучетка ми. Некако, шубе ми е.
Кај мене нема таков ефект, а баш скоро цел месец го користам како замена за ноќна крема. Баш ми ја прави убава мека кожата, наутро немам чувство на затегнатост, го оставам и околу очи во комбинација со крема. Доколку не забележам црнки или други несакани мозолки и слично веќе не купувам ноќни креми .
Кое масло го купи, тоа од Зегин? Баш ми е жал, од овие трикови кои ги кажувате, ретко кој можам да применам на себе без последици. Не е фер.
Ова го имам, купено ми е од Виола аптека: Сум го користела и тоа од Био Култ и мислам дека меѓу нив нема разлика освен што се од различна фирма. Сепак тоа не го употребував на лице, летно време беше па пак за се и свашта го користев како и ова, готвење, тело, коса...
Мајка ми го има ова истото, ама после црнкиве кои се изнамачив да ги тргнам, не ми се ризикува пак. Ќе терам вака, па ќе видам што и како ќе биде. Би купила Клиник, ама моментално не ми се фрлаат толку пари само за крема за која не сум сигурна дали ќе ми биде добра. Подобро би купила некоја од Авене, еве го проучувам серумот кој ми го препорача Коловоз, ништо чудно него да го земам на крај.
Па да, не вреди сега да инвестираш во толку скапа крема или серум кога еве иде пролет што се вика па ќе ти се врати кожата во нормала. Мое мислење е сепак да не зимаш серум затоа што си го користиш тој на Балеа, мислиш дека со другиве ќе имаш повеќе хидратација? И да е така ти после серумот пак треба да нанесеш крема. Пробај дневната на Афродита што ја користиш како дневна крема да ја користиш и навечер одкако ќе нанесеш серум (ако веќе не ја користиш така) или види некоја дура 24 часовна крема што нема старосна граница да можеш да си ја користиш и навечер. На Лореал 24 часовните се доста добри и хидратантни. Би ти препорачала и некои маски за одржување на хидратацијата, знам дека несакаш со хијалурон и Q10 ама предобри се овие две маски кои сум ги користела јас, нема да ти наштетат тие состојки доколку ги користиш да речеме еднаш во две недели затоа што одлична хидратација нудат. Сами се апсорбираат, ако најдеш некаде прочитај подетално за нив. Ако си сепак скептична за ова побарај од Лавера органски маски имаат за една употреба, но само сум ги видела, не сум ги прочитала детално за што се, сигурно има некоја за хидратација. Исто и овие ти се природни, имам пробано многу видови од нив, неможам да се сетам која беше за хидратација: Еднаш неделно природниве или Хидра Термал/Евелин еднаш во две недели може да ти завршат доста работа . Ете така, сите по некој совет, а ти склопи си го најдоброто за себе и пиши ни за што ќе се одлучиш како и ефектот за да не те мислиме .
Фала ти многу Мимс, ете на маските и не ми текна. Ќе одам утре во ДМ и ќе одберам некоја, баш ги разгледував пред некој ден, ама не купив. Ќе пишам секако, се надевам дека ќе биде позитивен ефект само.
@mims-89 пишав и претходно дека не е добро да се користат девните креми-односно кремите кои содржат масло за ноќни еве и зошто... не ме бива во објаснување. Воедно би им препорачала на сите кои не си го знаат типот на кожата да си го направат тестот на страната на dr.hauschka. Не мора да ги купувате баш тие производи, само ќе ви даде добра насока што производи ви се потребни. Тестот е супер Спојлер Dr. Hauschka Night Care Moisturizers are what your skin needs during the day. There's no doubt about that. During the day, our skin benefits from the care of waxes and oils, which protect skin from the elements as we're out and about living our lives. Plus, our moisturizers support your skin's natural processes to balance, firm, renew and refine your skin. All of which makes for a radiant, healthy complexion. At night, the opposite is true—moisturizers are not needed. Once the sun sets, your skin is biologically programmed to perform its natural night-time functions of self-cleansing, balancing oil production and cellular renewal. However, if you apply oil-based moisturizing products like night creams, they can interfere with these essential tasks. Oil-based night creams & lotions signal your skin to "take the night off." These products then take over the work your skin would naturally do. If this occurs night after night, your skin becomes "lazy" and learns to depend upon these products to perform its nighttime functions and feel balanced. Our carefully formulated, water-based preparations bolster your skin's natural night-time processes. Featuring combinations of balancing and rejuvenating botanicals that are easily and completely absorbed, Dr. Hauschka night care products like Facial Toner and Clarifying Toner, Regenerating Serum and Renewing Night Conditioner support the skin's night-time processes without interference. They simply and naturally work with the skin so it can better take care of itself. The result is skin that greets each morning with a rosy, radiant glow. The good news is that if you've been using oil-based night care for a while, when you stop, your skin can quickly relearn to perform its natural nighttime functions. Да овде си ги фалат своите производи ама ако прогуглате низ поприродните козметички куќи ќе видите дека сите го предлагаат истото. Па затоа на @Mishela и се прават црнки од кокосовото.
@kolovoz да те прочитав уште тогаш кога пиша, но ете сега го изумив тоа. Значи ни кокосовото масло не е добро да се користи за ноќна нега. Јас моментално го користам и серумот на Есте Лаудер Advanced night repair (пишав во темата за серум за лице) па може затоа и кокосовово масло ми се гледа како одлично за навечер. Ништо, несакам кожата да ми стане мрзлива, и јас се впуштам во потрага по ноќна крема на база на вода. Ја имам оваа, ставена ми е во мирување бидејќи не ми е доволно хранлива за зимскиов период, знам дека е на база на вода ама и дека е 24 часовна. Коловоз што ќе кажеш за тие креми што гласат како 24 часовни? Еве состав, нема масла (барем колку што се разбирам, освен ова глицеринов): Спојлер: Состав Water, Isononyl Isononanoate, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, Pentylene Glycol, Phenyl Trimethicone, Butylene Glycol, Steareth-2, Betaine, Alcohol, Steareth-21, Phenoxyethanol, Polymethyl Methacrylate, Cetyl Alcohol, Stearyl Alcohol, Decyloxazolidinone, Rosa Hybrid Flower Extract, Ammonium Acryloyldimethyltaurate/VP Copolymer, Dimethicone, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Tetrasodium Edta, Tocopheryl Acetate, Polyacrylamide, C13-14 Isoparaffin, Centella Asiatica Leaf Extract, Dimethicone/Phenyl Vinyl Dimethicone Crosspolymer, Parfum (Fragance), Sodium Hydroxide, Malva Sylvestris (Mallow) Extract, Laureth-7, Hydrolyzed Opuntia Ficus-Indica Flower Extract, Hyaluronic Acid, Sodium Hyaluronate, Ethylhexylglycerin, Ajuga Turkestanica Extract, BHT. What it is: An intensely hydrating cream for normal to combination skin types. What it is formulated to do: This formula's fresh, luxurious texture melts into the skin to deliver smoothing, plumping, and softening effects. The result is a youthfully radiant look and feel. What it is formulated WITHOUT: - Parabens - Sulfates - Phthalates Ако не ја бива ни оваа, се пуштам во потрага уште утре.
Јас си го знам типот на кожа, бев во Зегин и ме проверија на едно апаратче пред околу година дена. Истото ми го потврди и дерматологот, а до некаде и јас бев убедена во истото, само се сомневав и затоа закажав преглед на кој ми ги потврдија сомнежите. Таква ми е кожата и морам да внимавам на овие работи. Единствено не се потресувам толку многу околу парабените и конзервансите. И онака сум ограничена во продуктите кои ми одговараат, само уште тоа ми фали! Макава ќе ја терам до крајот на април, од мај пак ќе си биде по стара песна, кожата ќе почне да ми лачи повеќе себум. За тогаш точно знам кои продукти ќе продолжам да си ги користам, проблемот е што ќе правам до тогаш. Значи чаре да барам во крема на база на вода. Предлози за таква од покомерцијалните брендови? Да имам на ум и резерва, покрај Аvene. П.С. На крај толку ќе ми дојде преку глава oд бирање креми, што осеќам дека ќе ја купам Нивеа за нормална кожа и ќе баталам се`.
@mims-89 и кремата и серумот ти се супер нема потреба ништо да менуваш. Ова е како јас си ги разграничувам работите, значи немора да значи дека е точно. Јас серумите како твојот и овој што и го кажав на Мишела кои не се anti age ги предлагам за девојки под 25 год па и повеќе ако ти е во ред кожата , без знаци за појава на брчки. Затоа што јас немам најдено ноќна крема во која нема наведено (против првите знаци на стареење). Па така јас сметам дека баш овие природни серуми се наменети за вас ...јас веќе не сум во оваа група. Но сепак, секогаш препорачувам да не ставате ништо навечер доколку навистина немате потреба од тоа. Да не и правите зависност на кожата за џабе. Во однос на 24h креми како оваа твојата (која има супер состав) јас сметам дека се одлични за временски период од ноември до јануар. Но не и за останатите месеци. Овие креми се многу лесни, не содржат дополнителни масла за да ја оптоваруваат кожата и не содржат УВ заштита. Што значи се одлични за младата кожа без проблеми. Но за останатите месеци не се. Ние во Македонија останатите месеци имаме висок и променлив UV а овие креми не содржат никаква заштита од него. Што е проблем. Дополнително на оние на кои кожата им е сува во пределот на т-зоната во зимскиов период и тоа ако проблемот го имате во последниве 3год, ако до тогаш не сте го имале да знаете дека ви е од водата. Особено оние кои живеат во Скопје. Водата има премногу хлор кој ја суши кожата (поради дождовите, нели на тој начин ја чистат). Купете си купечка вода и со неа чистете го лицето. Пробајте не губите ништо. Истово го мислам и кога се туширате, што подалеку водата од чешма од лицето. Знам дека звучам патетично ама навистина има разлика.
@Mishela само да ти кажам дека баш вчера погледнав на кутивчето од ноќната крема дали пишува нешто за првите знаци на стареење и немаше ништо за тоа. Пишуваше само за ефектите од невенот, сончогледовото масло и екстрактот од пченица врз кожата. Верувам сега секако нема да сакаш да ја користиш после коментарите дека навечер треба да се нанесуваат креми на друга база, само сакав да ти кажам што точно пишуваше на амбалажата. Јас уште сум без нова крема, колку повеќе читам и разгледувам толку потешко се одлучувам што да купам. Таман се решив да ја земам ноќната од Лореал, ја немаше во тој маркет и оставив за друг ден.