Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Мишела, ги имаш земено овие две креми во предвид?

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  2. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Мојата кожа е комбинирана а ја чустувам на мом енти сува и си користам DOVE .:angel:
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Баш пред малку ја потфатив оваа на Балеа во ДМ, ама сепак не ја купив. Не знам, ќе го дотрошам серумот, па ќе комбинирам со некои што ги имам по дома. Не беше скапа, можеби понатака ќе ја земам за проба, во комбинација со серумот можеби ефектот би бил подобар. Плус, се работи за гел крема, па според структурата, ништо чудно да ми одговара и кога ќе биде потопло.

    А таа од Афродита не е за мене, мислам дека има и некои додатоци против почетни брчки, што не ми е во прилог никако.

    Многу ве загрижив, ми дадовте куп совети кои и те како ќе ги прифатам и применам и многу ви благодарам. :)
    Во меѓувреме, се консултирав и со дерматологот и таа ми препорача ако во скоро време не ми прија ништо од тоа што користам, да се вратам на зелената колекција од Еуцерин. Неа ја користев подолго време и барем ми е нешто од кое сум била задоволна.
    Малку ми е скапа инвестиција целата колекција, ама можеби ќе ја земам само кремата, иако се сомневам дека ќе останам само на неа - пуста опседнатост со тоа сите производи да бидат од иста фирма. :worried::D
     
    На kala21 и kolovoz им се допаѓа ова.
  4. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Дали имате искуства со кремите на НеоСтрата и како сте задоволни? Имам комбинирана кожа и пената за лице ептен ми се погоди, а на makeupalley прочитав позитивни рецензии и за кремите па сакам да ги пробам.
     
  5. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Си купив крема за лице од Cosmo, убаво мириса и многу ми е меко лицето, баш одговара на мојата кожа. Иста е кутијава, само на мојата пишува hydrating cream 24h. Чини 371 денари.
    41Z5eNZ1cvL._SY300_.jpg
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Колку пари е оваа крема од Балеа, и дали ја има во два вида (дневна и ноќна) или не?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    200 и нешто е, дали беше 230 или 280 не се сеќавам, само на декларацијата обратив поголемо внимание.
    Има само дневна, не успеав да пронајдам ноќна верзија од истата.
    Во оваа линија спаѓаат плус серумот и кремата за околу очи.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Препорака за крем за многу сува дури на места дехидрирана кожа? Имам 30 и после бременоста почувствував промени...
     
  9. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    Девојки, никогаш не сум имала проблематична кожа, но приметив големи промени од кога почнав да пијам многу вода, дури и тенот ми се изедначи(значително, не целосно). Затоа препорачувам на сите барем 1,5л, јас пијам околу 3л, но се е навика. Си ставам и бекутан кремче, насабајле и навечер. И обавезно миење на шминката. Но, пред се, кожата треба да биде хидратизирана, а тоа се постигнува со многу вода. Мое мислење.
     
    На fificaaa и rainbowec им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски
    Жени, препoрaчaјте кремa нoќнa зa мрснo лице? Вчерa гo земaв серумoт нa Есте пa викaм дaј дa пoчнaм дa кoристaм и некoјa нoќнa кремa, имaт ли нa Есте тaкви креми зa мoјa вoзрaст 25 гoд? Или дa земaм некoјa нa Виши?
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мислам дека дискутиравме за ноќните креми неколку страни поназад, можеш да свртиш да прочиташ имаше преубави мислења од Коловоз за тоа каква треба да биде ноќната крема па според тоа можеби ќе ти текне на некоја. Мене искрено не ми текнува во моментов, а и онака немам искуство со кремите за мрсна кожа па ќе оставам на некој друг. После мислењата на Коловоз размислувам за некоја од др. Хаушка (немам пробано ништо од нив), се што знам е дека треба да биде на база на вода, а никако да не содржи масла. Прочитај подетално убаво е објаснето. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Коритсаки, ако не се лажам ти ја користиш дневната од Клиник Superdefense за мрсна кожа, така? Ако да, тогаш моја препорака ти е да си ја земеш и ноќната од истата линија, предобра е (и ноќните Superdefense се поделени според типот на кожата) :nod: Не е масна, но сепак помасна од дневната, нели нормално, сепак е ноќна крема. Најдобри резултати се добиваат со користење дневна и ноќна крема од иста линија. Кога ги користев Клиник, кожата ми изгледаше најдобро досега, тенот ми беше скроз изедначен, имав тотална самодоверба да излезам без пудра и око да не ми трепне :D Ноќната е исто преполна со антиоксиданси, нема силни антиејџ дејства, туку исто како дневната помага да се редуцира стареењето на кожата и стресот предизвикани од надворешните влијанија, го изедначува тенот и и' дава влажност на кожата. Предобра, пак ќе кажам, за мене најдобрата ноќна крема за девојка во подоцните 20-ти.
    Мирисот е ист како на дневната Клиник, сигурно свесна си дека не мириса баш најубаво, но Клиник се познати по тоа што не додаваат вештачки мириси во нивната козметика и содржат доста природни состојки. Сигурно во Грција можеш да ја најдеш на попуст, јас таа среќа во МК ја имав само еднаш |(
     
    На koritsaki и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.565
    Допаѓања:
    106.297
    Пол:
    Женски

    Сексибејби,баш и за таа се мислев , оваа ли е таа ?

    [​IMG]

    да , ја користам инаку оваа на клиник и сум многу задоволна, тогаш ќе чекам пак попуст па ќе ја земам и ноќната,инаку таа дневната тогаш ја начекав 18 евра 30мл , што е супер попуст , инаку фала за препораката :)
    [​IMG]
     
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @koritsaki еве ја, Super Rescue се вика, заборавив да ти пишам прееска
    [​IMG]
    Superdefense е дневната, таа што ја користиш ти, а оваа Super Rescue е ноќната од истата линија :)
    Youth Surge ја немам пробано, знам дека таа е наменета против стареење, значи содржи антиејџ состојки. Мислам дека за твоја возраст Super Rescue ти е доволна, плус како што ти кажав, најдобро е (според мене) да се користат дневна и ноќна крема од истата линија, сметам дека така ефектот е најдобар :) Оваа дава навлажнета, свежа и изедначена кожа. Одлично хидрира и негува :)

    Едит: На претходната слика пишуваше Continuous Rescue, не знам зошто така, кремата што јас ја имам користено е оваа на сликата :)
     
    Последна измена: 21 февруари 2015
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    Becutan.I nikogas nema da go menam.
     
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ајде друштво, кој е за крема плус мицерална?
    [​IMG]
    Јас ја земав дневната од Лореал за нормална и комбинирана кожа, сетот ми дојде како порачан- ми требаше дневната крема, плус одамна сакав да ја пробам мицералната на Лореал.
    Инаку не се само овие од сликата , ги има и за други видови кожа.
     
    На Kom.pot, girl1985, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Ау, @sesilija, ќе ме оставиш без џепарлак. :rofl:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    моментално ја користам хидратантната дневна крема од др. хаушка
    ништо посебно не е, чудна ми е некако не ја впива кожата брзо, а колку ја купив не се сеќавам точно, 1000 или 1200 мислам

    [​IMG]
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мишела, мене ли ми збориш, стално се правдам демек тоа се неопходни работи и добри зделки:tmi::D.

    Туку кога веќе си правиме муабет уште не ми е јасно зошто не сакаше воопшто да ја пробаш ноќната од невен, а го користиш серумот од Балеа, а баш таму на декларацијата колку што се сеќавам пишува дека спречува почетно стареење и содржи хијалуронска киселина?
    Фрлено ми е кутивчето за да препишам, а на серумот пишува само на германски (а не го разбирам тој јазик) па немам 100% факти, ама така ми останало во сеќавање дека пишуваше на декларацијата.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Не, не, на серумот не го пишува тоа, туку на кремата, заради тоа не ја купив кремата од истата линија. :)
    Ја имам ноќната од невен, мајка ми ми ја купила кога правев муабет со неа (мислела дека ми треба :lol: )
    и освен што ми го мрсеше лицето дополнително, не видов некое фајде. Ставав недела дена и баталив, нека ја користи таа, нејзе и` одговара подобро.
    Не сум задоволна ниту од серумот, одличен ми е само како подлога за пудра, самостојно не ми чини повеќе. Претходно го користев во лето, кожата ми беше баш мрсна, а хидратацијата навистина задоволителна, можеби баш заради тоа што кожата ми била поинаква во тој период.

    Уште сум на ништо, дерматологот ме советува да ја разгледам зелената колекција на Еуцерин и сериозно размислувам за тоа, иако не ми беше во план да дадам толку пари.
    Навистина не знам кој му е филмот на моето лице.

    П.С. Единствено ми одговара Nivea Soft, верувале или не. Лицето ми е буквално како жедно - за минута ми ја упива кремата и не остава траги од мрсен сјај. Истото се случува и со универзалните креми на Балеа, иако избегнувам да ги користам (не знам зошто), ама гледам дека ми годат.