Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Јас сум речиси целосно сигурна дека тоа го пишуваше на кутивчето од серумот, сега баш прогуглав да најдам дали некоја блогерка ја има сликано декларацијата да поткрепам и со факт, ама не најдов таква слика.
    Масна е ноќната од невен, кога ставав од неа веднаш ми сјаеше лицето, ама не ми беше важно бидејќи до утредента го немаше тој сјај.
    Значи сепак си и дала шанса, јас мислев воопшто не сакаш да ја пробаш- тоа ми беше чудно и затоа прашав за серумот.
    Мене така ми го впива лицето серумот, дури интересно ми е, додека ставам на челото, веќе е впиено на образите, си велам зарем до толку ми е жедна кожата?

    Епа ако ти одговараат универзалните, тогаш користи ги нив, ама прашање е дали нема да ги затвараат порите...
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.429
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ја чувам кутијата, ќе проверам, иако мислам дека тоа важеше за кремата сепак.
    Како и да е, ситуацијата уште ми е под знак прашалник, а ноќната на Афродита едноставно морав да ја пробам кога веќе ја имам дома :lol: , ама ете, и` се посреќи на мајка ми, сепак.
    Nivea засега ми е навистина во ред, иако подголтнувам секогаш кога нанесувам баш заради тоа - одвај се опоравив од митесерите предизвикани од кокосовото масло, па внимавам како и колку нанесувам.
    Најчесто ми се појавува ваква прекумерна дехидратација навечер, а не користам некои агресивни средства за нега или отстранувачи на шминка.

    Ова е баш примамлива понуда, ќе размислам дали ќе го земам сетот од Лореал, иако убедена сум дека нема да издржам да ја пропуштам приликата, мицеларната вода е прекрасна, кремите ми одговараат. Зошто да не. :lol:
     
  3. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
  4. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    3.623
    @sesilija Јас го зедов тој сетот од Garnier, во право си навистина е добра зделка :lol:. Јас одамна сакав да ја пробам мицералната, ама не можев да ја најдам овде па вака супер ми дојде и многу поефтино.
    Иначе кремот од овој сетот од Garnier е за сува кожа, имаше и друг сет исто од Garnier две креми ноќна и дневна мислам во зелено кутивче беа.
     
    На sesilija и kala21 им се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    I am devastated.
    Почнав да ја користам Triple Active na L'oreal за нормална и комбинирана, и сега светам дупло.
    Не знам дали да плачам или да се смеам...Не ставам премногу, а сабајле кога ќе станам бетер од лампион сум, значи се рефлектира светлина од мене. (facepalm) Моментално убаво се впива, и имам пријатно чувство, ама после некое време настапува хоророт.
    Ќе ставам уште некој ден, ако не ќе ја подарам или евентуално ќе ја чувам за во зима да видам како делува...
     
  6. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    зелениот за тие што имаат мрсна кожа,а жолтиот е за посува кожа одлично хидрира,од авон се цената им е 139денари
     

    Прикачени фајлови:

    • 102_0401.JPG
      102_0401.JPG
      Големина на фајлот:
      173,5 KB
      Прегледи:
      30
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Најубава крема до сега LEA против старење на кожата.Прекрано мириса, има фина структура .Пристапна цена.Едно големо благодарам од мојата кожа на лицето до ФИТОФАРМ:clap:
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Од каде ја купуваш кремата, ај стави некоја сликичка да ја видам. Јас имам нормална кожа и лице ама сакам да почнам да користам нешто.
     
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ja купувам од аптека.[​IMG]навистина сум презадоволна.Побарај дневна хидратна крема, која одговара за сите возрасти.Јас ја користам против старење на кожата зошто сум 40+:).Цената е од 300до 350 денари ама доста е густа и понекогаш ми трае и по 3 месеци.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    55.096
    Пол:
    Женски
    @Mishela сакам да те прашам за ноќната и дневната крема од Афродита од невен што е и камилица, да ми кажеш некоја пофалба или критика..мислам дека наназад имаше пишувано несум сигурна,денес си земав..би ти била благодарна..поздрав:$
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.429
    Пол:
    Женски
    За ноќната не би можела да дадам некоја реална критика, затоа што ја нанесов само два пати, а потоа ја оставив кај мајка ми. Не знам, на прво користење ми се виде баш богата и хидратантна, иако јас би сакала нешто подлабинско и малку полесно, а сепак хидратантно. Исто така малку е мрсна за мој вкус, ама претпоставувам дека такви се сите ноќни креми.
    Нејсе, јас ја оставив. И кога во иднина ќе барам ноќна крема, ќе се потрудам да најдам некоја со безмасна формула, ако воопшто постои таква.

    Дневната е во ред, ми се допаѓа и ми одговара, само ме нервира тоа што ми се впива премногу брзо. Не ми прави масни наслаги, лесна е и пријатна. Единствен проблем ми е повторно тоа што не ми е доволно хидратантна.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
  13. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Бекутаан
     
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Модо

    Модо Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    По 170 ден се, и нема потреба да се даваат повеќе пари од тоа. Предходно ја имав oil control која ја земав за 500 заедно со серумот, кој уште не сфаќам за што е, го користам кога сум при крај со крема како резерва. Супер се и двете, ноќната е хранлива и густа, кога ќе станам сабајле лицето ми е меко, дневната е лесна и убава, не знам како да опишувам сеа креми, али за тие пари се најдобро нешто што може да се купи. Значи тоникот ми е поскап од двеве креми заедно.
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Јас моментално ја користам дневната крема од роза од Dr. Hauschka, се нанесува мала количина од кремата на навлажнета кожа од тоникот. Многу ми се допаѓа.

    крема.JPG



    Линијата на Хаушка нема креми за ноќна нега затоа што според нивната филозофија кожата навечер треба да биде слободна да дише и сама да се обновува. Имаат само ампули кои се користат во циклус од 28 дена. Тие се на водена база и има ва вида S и N.
    Како за вечерна нега Хаушка препорачува убаво чистење на лице и само тоник за лице.
    За дневна нега има многу креми и ги имам пробано сите и можам да ти кажам дека се супер, навистина барем за мене фантастично одговараат. Сега зависи се од видот на твојата кожа. Доколку имаш сува ти ја препорачувам оваа од рози која јас моментално ја користам (јас имам комбинирана кожа, ама сум голем љубител на помасни креми и сфатив дека подобро одговараат за мене, што немора да значи и за другите), доколку имаш потреба за полесна крема имаш убав избор помеѓу роза лајт, или од дуња, а за масна кожа има масло (филозофијата на Хаушка е дека со масло се победува масло) го имам пробано со оглед на тоа што како што реков обожавам помасни работи и можам со сигурност да ти кажам дека маслото ја нормализира масната кожа, а лечи дури и лузни од акните.
    Се надевам ти помогнав
    Поздрав
     
    Последна измена: 10 март 2015
  16. principesa

    principesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    101
    Дали некој користел нешто од органската козметика Fleurance? Француски бренд е, баш вчера во Зегин имаше промоција и многу ги пофалија кремите а и достапни беа цените. Земав да пробам хидратанта крема од алое вера 400 ден. Сакав на лореал да земам ама ми рекоа дека овие креми биле многу добри и плус органски производи.
     
  17. lealealea

    lealealea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2013
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    моментално ги користам на орифламе Оптималс охиген бост -day и night не сум баш задоволна искрено мислев дека подобри се ...но ок др месец се вракам пак на лореал
     
  18. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Последно ги користев L'oreal triple active anti-shine и Neutrogena oil free moisturiser. Лореалот ми беше нешто пофина меѓутоа од двете светнувам за брзо, а за поскапа не сакам да ризикувам. Се изнамачив и со кремиве и со пудрите. Конкретно за некој што ги има користено кремиве, нешто подобро до кај 400?
    1.jpg 2.jpg
     
  19. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    10.421
    Пол:
    Женски
    group-sattwa-so-ovosna-kiselina.jpg
    Одговара ли оваа крема на млада кожа?Имам скоро дваесет години,а за оваа ми кажаа дека одговарала и на помлади ама сакав да си прашам.Ми треба крема што ќе ја користам како ноќна крема, а оваа ми изгледа погодна за мојата проблематична кожа.
    Засега ја користам Лореал Трипл актив од зелената линија преку ден и како подлога за пудра.Ја имам и Еуцерин дермо пјурифаер ама не сум задоволна.
    Ми треба искрено мислење дали вреди да ја купам.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.429
    Пол:
    Женски
    Не знам дали одговара, најверојатно пишува на сајтот на Алкалоид и можеш да најдеш некои податоци во врска со тоа, ама штом има овошни киселини, избегнувај да ја нанесуваш во текот на денот.
    Овошните киселини лошо реагираат на кожата под дејство на сончевата светлина и топлина.