Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Женски
    24-часовна нега на кожата со нова формула. Фината комбинација од селектирани овошни киселини, масло од авокадо и глицерин во Sattwa кремот, освен што вршат благ пилинг, овозможуваат и длабински промени во квалитетот на кожата, што резултира со видливи манифестации во подобрувањето на тонусот (кожата се затега), хидратацијата (кожата станува мека, нежна и еластична), а тенот осветлува (кожата постепено ги губи дамките). Се стимулира продукцијата на млади клетки, со што се забавува процесот на создавање брчки.

    Еве како е објаснето.Не пишува за која возрст е.Ама ја класифицираат за масна и проблематична кожа.Дефинитивно ќе се распитам за оваа крема инаку да, планирав да ја користам само за навечер.
    Нема да брзам да ја купам, ќе почекам.Имам креми засега.
    Си стои постот може ќе ме означи некој што ја има користено.
     
  2. IthoughtIwasAnAllien

    IthoughtIwasAnAllien Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2014
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    237
  3. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    5.153
    Пол:
    Женски
    Долго време ја меркав кремава и денес конечно си ја купив.
    Баш сакам да ја пробам да видам дали ќе ми одговара на кожата пошто претходнава крема од Балеа зелената со овошна киселина воопшто не ми одговараше, така да ме пече лицето од крема до сега не ми се случило.

    ImageGen.jpg
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    @Salome, по ова што го читам, воопшто не ми изгледа како погодна за млада кожа.
    На 19 години, ниту имаш потреба од затегање на тонусот, ниту пак поттикнување на продукцијата на клетки. Посебно не навечер.
    Мене и дерматологот ме советуваше доколку сакам да користам крема навечер, истата да биде на база на вода. Истото го прочитав и тука во темава, па мој општ заклучок е дека додека кожата е млада, повеќе од јасно е дека мора да води голема грижа за нејзиното здравје, но притоа да не се претерува и да не и` се наметнува на кожата нешто за кое нема никаква потреба. Мислам дека немаш никаква потреба од ваква крема и на твое место, би ја купила Нивеа во бело пакување и плаво капаче - мислам дека беше наменета за нормална до комбинирана кожа и би ја користела неа.
    Како сакаш, на крај изборот секако ќе биде твој.
     
  5. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    8.013
    Пол:
    Женски
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Имам сува кожа и еден асален крем не можам да си најдам :(
    или се премногу мрсни, или пак не хидратираат и уште толку ја сушат кожата.
    Сакам да ги пробам овие на Авон на Натуралс
    ама незнам кој е подобар, ако има некоја искуство
    нека кажува.
    [​IMG] [​IMG]
     
  7. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Женски
    Да, фала ти.
    Убаво кажано. Не, нема да ја земам, сакав да се распрашам тука да не ја користи некоја околу моите години па да сподели искуство.Ама убаво си пишува дека го подобрува тонусот на кожата и хидрира.Да не излезе дека се правам при очи слепа.
    А мојата кожа и те како е затегната.Јас имав неколку флеки од поодамна и затоа сакав да пробам нешто со овошни кислини.Ама користам маска од глина и како што можам да забележам пополека избледуваат.
    Па и да не ја малтретирам кожата со толку форсирање.
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ја имам таа првата со мирис на праска. Мирисот и не е баш нешто најубав, но не е ни толку лош но мене навистина многу ми помага. Откако ќе го измијам лицето ми е многу суво, порано ја користев од Авон една со мирис на како но не помагаше толку. Оваа од праска е решението за моето лице. Е сега секој има различна кожа, незначи дека и тебе ќе ти помогне. Ако не се лажам 130 денари е земи ја па ќе видиш, ништо не губиш.
     
    На Fatalnata и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  9. ivarin-rose

    ivarin-rose Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Козметичарката ми препорача да користам крема со цинк, ми ја посочи бебешката крема од Бекутан со цинк, добра како за мојата комбинирана кожа склона кон акни.
    Секоја крема нели различно делува на различни типови кожа мене конктретно ме интересира дали некоја феминка со комбинирана кожа што ја има користено има позитивно искуство со кремата?

    Здраве со цинк ја имам користено ама строго на црвенилата и акните, бекутанот може како замена на секојдневна крема или? :?:
     
  10. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Го делам истото мислење со девојката која ти го препорачала кремот од праска.
     
    На eloves и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  11. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
  12. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Можеш да ја пробаш и кремата на Babylove во зелена кутија, содржи цинк :)
     
  13. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    8.013
    Пол:
    Женски
    Да, за нормална до комбинирана кожа е. Мојата е комбинирана, мрсна Т зона и образи нормални кон суви и супер ми одговара. Убаво се впива, не светнувам на носот или челото како што ми се случувало со други креми.
     
  14. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Фала:)ја меркав во Космо и баш тоа ме интресираше за Т зоната,и моево лице е исто како твоето:)само што моментално околу устата пресушено ми е.Ја користиш и ноќната и добра ли е како подлога за пудра?
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.994
    Во моментов ја користам Garnier BodyRepair Repairing Cream with Maple Sap, океј е за сува кожа, мислам дека повеќе ќе ми годи на лето зошто имам чувство како да лади кога ќе ја нанесам на лицето.

    Garnier Body Repair Euro Packaging.JPG

    50 мл. за 95 ден. погодна за во торба.
     
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    8.013
    Пол:
    Женски
    Многу ретко користам пудра, а кога веќе морам, ставам од ББ кремата на Нивеа овој период, така да кремата ми е сосем добра како подлога, мислам дека и за пудра би била. Ноќната ја немам користено, обично користам бадемово масло наместо ноќни креми.
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Јас ја зедов уште пред 2-3мес. таа што е за нормална кожа. Ми беше потребна длабока хидратација на кожата. Кремата е преубава, хидрира, веднаш се впива, кожата е мека и еластична. Мислам дека за потопол период нема да ми е ок бидејќи имам масна Т зона али радо би ја зела таа што е за комб. кожа и матира. Малку необично ми беше што е органска и со таква ниска цена но и на официјалниот сајт не се скапи цените (обично нели органска козметика е поскапа, во последен период манијачам орг. козм.) Фантастична е за хидратација а посебно во зимски период.
    Како и да е си направила добар избор.
     
    На principesa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас моментално ја користам кремата на Афродита со невен, ама веќе си треба некоја полесна.

    Ми треба препорака за крема за сува и многу сува кожа со СП фактор и за спречување на почетните брчки. Имам 25 г. и мислам дека е време да почнам со крема против брчки, можеби требаше и порано бидејќи имам сува кожа ама тоа е.. боље икад него никад :)
    Нигде не најдов ваква крема што ги опфаќа сите мои проблематики, па секој предлог е добредојден.
     
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Мојата препорака ти е оваа крема од Нивеа. Имаш и ноќна. Јас имам 34 и ги баталив сите креми за 30+, порано во твоите години користев нивеа, сега и дадов шанса пак на оваа и ноќна за сува кожа, можам да ти кажам дека сум презадоволна навистина.
    Лицето ми е беспрекорно, некако ко затегнато, сјае и навистина хидрира. Лесно се впива. Ноќна е погуста ама исто лесно ја впива кожата и убаво регенерира.

    [​IMG]
     
    На bumbi и MissChievous им се допаѓа ова.
  20. principesa

    principesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    101
    Па еве веќе 2 недели ја користам, сега за сега задоволна сум.....кожата е мека мазна, а најбитно хидрирана...е сега не знам дали имаат нешто за акни и црвенила, ќе разгледам на нивната страна...во секој случај ме заинтересираа и другите нивни производи.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.